Аминта I бил крал на Античка Македонија (ц. 540 - 498 п.н.е.), даночен вазал на перскискиот крал Дариј I. Син на Алкет I, татко на Александар I, кој го наследил на престолот.

Пари од времето на Аминта I

Може да се каже дека со Аминта I почнува историјата на Античка Македонија. Тој бил прв македонски владетел кој одржувал врски со другите држави. Се сојузил со атинскиот тиран Писистрат, а кога неговиот син Хипија бил протеран од Атина, Аминта му ја понудил територијата на Антем на Термајскиот Залив (Солунски Залив) за да може да ги стави грчките феудалци во тој регион под македонска контрола. Оваа понуда е отфрлена од страна на Хипија.

Во почетокот владее со Пиерија и Ботиаја, ги освојува областа покрај делтата на Аксиос и Западна Мигдонија (областа Анатемунт) до северната граница на државата, планината Дисорос. Има добри политички и трговски врски со Пизистратите од Атина. По походот на Дариј против Скитија, Македонија е принудена да ја признае персиската власт; персискиот војсководец Мегабаз испраќа седум персиски пратеници да побараат „земја и вода“ за Дариј (сп. Херодот); на гозбата синот на Аминта, Александар, ги убива Персијците затоа што побарале и жени, што било спротивно на македонските обичаи.[1][2]

Според попатните забелешки во изворите, кралството на Аминта Први веројатно ги опфаќало областите Пиерија, Ботиаја, Еордаја и Антемунт како и помал дел на подоцнежната Амфакстида. Се чини дека во ова време, притисокот на „вечните“ непријтели на Аргеадите сè уште се чувствувал, илирските племиња на запад и тракиските на исток ниту биле обединети ниту пак толку моќни за да можат посерионо да го загрозат кралството на Аргеадите.

Најголемиот и најсериозниот притисок врз државата на Аминта можел да дојде само од бројните хеленски колонии на крајбрежјето на Халхидик, јужната меѓа на географска и етничка Македонија. Преку овие колонии Хелените веќе вооспоставиле живи трговски врски со Долна Македонија. Но, Аминта кој бил атински проксен одржувал врски со семејството на атинскиот тиранин Пејсисрат.

Вистински неприлики имало единствено долж долниот тек на реката Аксиј, таму се чувствувал отпорот на соседните автономни владетелски куќи, кои жестоко се опирале на централната власт на Аргеадите. Последните години од владеењето на Аминта Први несомнено биле одбележани од политички и воени судири со соседните, автономни македонски племиња. 

Антички извори

уреди

Наводи

уреди
  1. Herodotus: I–IV, 4 Vols., Loeb Classical Library, Hardward University Press, 1961
  2. Херодот, Историја. Прев. Д. Чадикова, Скопје, 1998.
Претходник
Алкет I
Крал на Македонија
ц. 540 - 498 п.н.е.
Наследник
Александар I