Јасна (Зороастризам)

Јасна е авестиски израз за „обожување“ и „жртвување“ во зороастризмот, и исто така назив на основната збирка на текстови Авеста, кои се кажуваат во текот на церемонијата јасна.

Функцијата на церемонијата јасна е да го зајакне духовното и материјалното создавање на Ахура Мазда наспроти надоаѓањето на деструктивните сили на Ангр Маинју. Церемонијата Јасна се состои во рецитирање на текстовите Јасна, како „дар на водите“. Церемонијата исто така може да се одржи со рецитирање на текстовите Висперад и Вендидад. Вообичаената церемонија јасна без додатоци, трае околу два часа, и ја одржуваат искусни свештеници.

Тесктовите Јасна се состојат од 72 поглавја, кои се создадени во различни временски периоди, и од различни автори. Некои од погавјата се едни од најстарите текстови во зороастризмот. Овие древни текстови, напишани на стариот авестиски јазик, содржат четири од најсветите молитви во зороастризмот, и исто така 17 поглавја кои вклучуваат пет Гати, химни за кои се смета дека ги составил лично Заратустра. Неколку делови од Јасна вклучуваат егзегетски коментари.

За церемонијата

уреди

Теолошката функција на церемонијата јасна, и нејзиното изведување, има за цел да се зголеми аша, односно да се зајакне она што е правилно или вистина (едно од значењата на аша) во постоењето (друго значење на аша) на божествениот ред (уште едно значење на аша). Енциклопедија Ираника целта на церемонијата јасна ја одредува како „чување на космичкиот интегритет на доброто што го создал Ахура Мазда“.[1] Во зороастризмот, целта на човештвото е да се зајакне доброто што го создал Ахура Мазда, наспроти пробивањето на деструктивните сили на Ангра Маинју. Во тој судир, кажано теолошки, главното оружје на луѓето е церемонијата јасна, за која се смета дека има непосреден ефект: „кога вистински ќе се изведе јасна, го штити космосот да не се претвори во хаос.“[1] Кулминација на церемонијата јасна е Абзор, „силата на водите“, со „дарување на водите“.

Добро извежбан свештеник може да ја изрецитира целата Јасна за околу два часа.[2] Вообичаено, церемонијата Јасна се изведува наутро.

Надворешни врски

уреди

Јасна, на англиски, германски и авестиски јазик

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Malandra 2006.
  2. Stausberg 2004, стр. 337,n131.