Загрос
Загрос (персиски: رشته كوه زاگرس, курдски: زنجیرهچیاکانی زاگرۆس, лурски: کو یه لی زاگروس, арапски: جبال زغروس, асирски новоарамејски: ܛܘܪ ܙܪܓܣ) — најголемиот планински венец во Иран и Ирак, со вкупна должина од 1.500 км. Се протега накосо од северозападен Иран, по целата должина на западниот и југозападниот дел на Иранската Висорамнина, па завршува во Ормускиот Проток. Највисоки планини во венецот се Зардкух и Дена. Системот има и источен крак во облик на масивот Хазаран во покраината Керман, при што Џебал Барез доаѓа дури до Систан.
Екологија
уредиПланините на Загрос опфаќаат неколку екосистеми. Од нив преовладуваат шумските и шумостепските предели со полусува клима. Во средните и повисоките планински предели преовладува шумостепскиот екорегион[1]. Годишното количество на врнежи се движи од 400 до 800 мм и се јавува претежно во зима и на пролет. Зимите се остри и со мошне ниски температури (често −25 °C). Екорегионот е пример за континентална варијанта на средоземната климатска шема која е слична на онаа во Македонија — студени снежни зими и блага врнежлива пролет, проследена од суво лето и сува есен.[2]
Иако денес е пореметено поради преиспаша и обесшумување, подрајчето на Загрос има богат и разновиден растителен живот. Сè уште се среќаваат остатоци од некогашните дабови шумски предели, како и проретчените кории од ф’стак и бадем. На планините виреат и дивите предци на најзастапените прехранбени култури како пченицата, јачменот, леќата, бадемот, оревот, ф’стакот, кајсијата, сливата, калинката и грозјето.[3] Планините имаат и поголем број на загрозени видови, како што се загрошкиот глувчовиден крчок, ирачкиот трскар и пругавата хиена. Порано се мислело дека персискиот елен лопатар е исчезнат, но во најново време се пронајдени единки во јужниот дел на планиинте.
Историја
уредиВо подножјето на Загрос се пронајдени знаци на земјоделски активности од барем 9000 години п.н.е.[4] во местата што подоцна станале градови како Аншан и Суза. Во тоа подрачје се наоѓа и пештерата Шанидар, каде се ископани останки од неандерталци.
Во местата Хаџи Фируз Тепе и Годин Тепе се најдени најстарите винарски визби (3500 и 5400 г. п.н.е.).[5]
Во пораните периоди на стариот век на планините живееле разни древни народи како Каситите, Гутејците, Асирците, Еламците и Митаните, кои повремено поаѓале во походи и ги заземале сумерските и акадските градови во Месопотамија. Некои места како Тел Базмусијан кај Шемшара биле од VI милениум п.н.е. до IX век н.е..[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Шумостепи на Загрос“ (PA0446) — Wildfinder (Светски фонд за природа) (англиски)
- ↑ Frey, W.; W. Probst (1986). Kurschner, Harald (уред.). „A synopsis of the vegetation in Iran“. Contributions to the vegetation of Southwest Asia. Wiesbaden, Germany: L. Reichert: 9–43. ISBN 3-88226-297-4.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Cowan, edited by C. Wesley; Nancy L. Benco; Patty Jo Watson (2006). The origins of agriculture : an international perspective (Ново. изд.). Tuscaloosa, Ala.: University of Alabama Press. ISBN 0-8173-5349-6. Посетено на 5 мај 2012.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ La Mediterranée, Braudel, Fernand, 1985, Flammarion, Paris
- ↑ Phillips, Rod. A Short History of Wine. New York: Harper Collins. 2000.
- ↑ Al-Soof, Behnam Abu (1970). „Mounds in the Rania Plain and excavations at Tell Bazmusian (1956)“. Sumer. 26: 65–104. ISSN 0081-9271.
Надворешни врски
уреди„Загрос“ на Ризницата ? |
- Најголеми врвови на венецот Загрос — Peakbagger (англиски)
- Загрос: Фотографии од Иран Архивирано на 21 ноември 2007 г. — Livius
- Иран: Времеплов низ историјата на уметноста — музеј „Метрополитен“ (англиски)
- Месопотамија од 9000 до 500 г. п.н.е Архивирано на 24 февруари 2007 г. (англиски)