Полис (град-држава)

Полис (старогрчки: πόλις, множинска форма полеис, πόλεις) — град-држава во Стара Грција. Стара Грција била претежно ридеста земја поделена на многу речни долини и плодни рамнини. Ваквиот релјеф ја условувал нејзината политичка разделеност. Хелените никогаш не направиле своја единствена земја, па наместо тоа живееле во полиси, независни градови-држави.

Атински акропол, една од најпознатите полиси во Стара Грција
Карта на Александрија од околу 30 г. п.н.е., полис на хеленскиот Египет.

Полис во старогрчката филозофија

уреди

Платон во своето дело Држава го анализирал зборот полис. Најдобрата форма на владеење на еден полис, според Платон, е онаа која води кон општо добро. Крал филозоф е најдобар владетел, затоа што како филозоф запознаен со формата на доброто. Платон го споредувал водењето на град-држава со управување на кораб, и сметал дека крал кој е филозоф би управувал со еден полис како да е брод, и би го водел во најдобар правец.

Во книгите II–IV од Држава, Платон се занимава со изгледот на идеалниот полис.

Класичен полис

уреди

Основните елементи на еден полис се:

  • Самоуправување, автономија и независност како град-држава
  • Агора: пазарот и социјалните активности се одвивале на централна локација, голем отворен простор
  • Акропол: цитадела во која има храм
  • Урбано планирање
  • Секој полис имал бог заштитник, како и свои посебни фестивали и обичаи. Свеѓтениците не биле посебна класа, туку дел од обичните граѓани, кои во одредени прилики биле повикувани да извршат одредени функции.
  • Гимназиум
  • Театри
  • Ѕидини, употребени како заштита од напаѓачи
  • Монети биле издавани во градот на кои се содржел симболот на градот
  • Се основале колонии
  • Политички живот: собранието на градот-држава било составено од сите возрасни мажи кои имале право да гласаат. Во полисите се практикувала непосредна демократија.
  • Се издавале закони, декрети, а криминалните и граѓанските судења се спроведувале јавно.
  • Околните села се припојувале, како и нивните племиња. Голем дел до граѓаните на полисите живееле во предградијата или селата. Полисите контролирале територии и колонии кои биле надвор од градот, и со тоа еден полис не е едноставно географски ограничен со реон.
  • Социјални класи: жителите биле поделени на четири класи, а статусот се добивал со раѓање:
    • Граѓани со целосно политичко право, слободни мажи родени во легитимен брак. Тие имале право да бираат и да бидат бирани, како и обврска да слуѓат за време на војна.
    • Граѓани со формално политичко право: жените и малите деца, чии политички права ги остварувале нивните возрасни машки роднини.
    • Граѓани кои живееле на друго место: иако биле родени како слободни граѓани и имале целосно политичко право во местото на раѓање или во местото од каде потекнуваат, сепак во местото каде живееле немале политички права, не можеле да бираат ниту да бидат бирани.[1] They otherwise had full personal and property rights, albeit subject to taxation.
    • Робови, кои биле лична своина на нивните сопственици, и кои немале никакви привилегии освен оние кои им ги даваат сопствениците.

Хеленистички и римски периоди

уреди

За време на хеленистичкиот период, кога се забележува пад на класичните полиси, Спарта останала независна до 195 година п.н.е., односно до лаконската војна. Ахајскиот сојуз бил последен пример на федерација на градовите-држави, но се распаднал по Битка за Коринт (146 г. п.н.е.). Некои од градовите-држави на Крит останале независни до римското освојување на Крит во 69 година п.н.е.[2] Во тој период, само градот-држава Родос имал напредок поради трговската морнарица,[3] но во 43 година п.н.е. и тој полис паднал под власта на Рим.

За време на римскиот период, на некои градови им бил доделен статусот полис, или слободен град, кој има самоуправување во рамките на Римското Царство.[4]

Имиња на познати град-држави

уреди

Наводи

уреди
  1. MacDowell, Douglas Maurice (1986). The Law in Classical Athens. Cornell University Press. стр. 82. ISBN 9780801493652.
  2. Dmitriev, Sviatoslav (2005), City government in Hellenistic and Roman Asia minor, стр. 68, ISBN 0-19-517042-3.
  3. Wilson, Nigel Guy (2006), Encyclopedia of Ancient Greece, стр. 627, ISBN 978-0-415-97334-2, Архивирано од изворникот на 2015-03-17.
  4. Howgego, Christopher; Heuchert, Volhker; Burnett, Andrew (2007), Coinage and Identity in the Roman Provinces, стр. 158, ISBN 0-19-923784-0[мртва врска].