Хиндукуш
35°N 71°E / 35° СГШ; 71° ИГД
Хиндукуш | |
---|---|
Поглед на Хиндукуш | |
Највисока точка | |
Врв | Тиричмир |
Надм. височина | 7.690 м |
Координати | 36°14′45″N 71°50′38″E / 36.24583° СГШ; 71.84389° ИГД |
Географија | |
Карта на Хиндукуш. Најголема земја на картата е Авганистан, а на исток е Пакистан. Трите земји во горниот дел се Туркменистан, Узбекистан и Таџикистан. На десниот раб се гледаат мали делчиња од Индија и Кина.
| |
Земји | Авганистан и Пакистан |
Регион | јужна-средна Азија |
Матичен венец | Хималаи |
Хиндукуш (паштунски/персиски/урду: ھندوکُش; санскрит: पारियात्र पर्वत, „Паријатра Парвата“ или „Паропамисади“) е планински венец долг 800 км што се протега од среден Авганистан до северот на Пакистан. Највисока точка е врвот Тиричмир (7.708 м), кој се наоѓа во округот Читрал (покраина Хајбер Пахтунхва), Пакистан.
Име
уредиПотеклото на името не е сосем извесно, но постојат повеќе теории. Поимите „Хинду Кух“ (ھندوکوه) и „Кух-е Хинд“ (کوهِ ھند) важат за целиот венец што ги двои подрачјата на реките Кабул и Хелменд од она на Аму Дарја („Окс“ во антиката) или пак може да се однесува на делот северозападно од градот Кабул. Санскритските документи ја нарекуваат планината पारियात्र पर्वत („Паријатра Парвата“).
Во Европа, планината се нарекувала „Паропамисади“ кон крајот на I милениум п.н.е.[1] Во времето на Александар Македонски, овие планини се нарекувале и „Индиски Кавказ“.
Во буквален превод, името значи „убиец на Индуси“, што веројатно произлегува од времињата кога индиските робови се превезувале во средна Азија преку планините и умирале поради суровата клима.[2]
Историја
уредиПланините имаат големо историско значење за индискиот потконтинент и соседните региони. Военото присуство на Хиндукуш започнува уште со персискиот крал Дариј I Велики. Во XIX век, планините имале значајна улога во Големата игра помеѓу Британија и Русија, кои имале воени единици и разни разузнавачки служби во овие краишта и неформално се сметале за меѓа помеѓу руската и британската сфера на влијание во Авганистан.
За време на Студената војна, планините повторно стануваат воено жариште, особено во борбите на советските сили и локалните сојузници против муџахедините во 1980-тите години. По повлекувањето на СССР, авганистанските вооружени групи продолжиле да војуваат меѓусебно. Подоцна планините станале војувалиште за Талибанците и Северната Алијанса.
На почетокот на XXI век, подрачјето уште еднаш претрпува голема милитаризирација во походот на САД и ИСАФ против Ал Каеда и нивните талибански сојузници.[3][4]
Александар Македонски ги истражил авганистанските краишта помеѓу Бактрија и Инд откако освоил на Персиското царство во 330 п.н.е. It became part of the Селевкидското царство, а потоа во идиското Маурјанското царство (~305 п.н.е.)
Александар им ги одзеде на Персијците и основаше свои градови, но Селевк Победникот му ги предаде на Сандрокот (Чандрагупта) при склучувањето на брак со неговата династија, добивајќи 500 слонови.[5]
— Страбон, 64 п.н.е–24 н.е.
Кон средината на I век п.н.е., Индоскитите успеале истераат индомакедонските владетели, но по 100 години, со територијата завладеало Кушанското царство.[6]
Предисламското население на Хиндукуш се состоело од следниве народи: Шинци, Јешкуни,[7] Чилиси, Нимчаци [8] Коли,[9] Палу,[9] Гаваре,[10] Јешкуни,[11] Крамини,[11] индоскити, балкански Бактријци и Кушани.
Планини
уредиПланините на венецот стануваат сè пониски како што се протегаат на запад: кон средината (кај Кабул) висината им се движи од 4.500 до 6.000 м; следните планини на запад имаат висина од 3.500 до 4.000 м. Просечната надморска височина на Хиндукуш изнесува 4.500 м. Од еден до друг крај, системот е долг 966 км, со просечна ширина (север-југ) од 240 км. Само 600 км од системот се нарекува Хиндукуш. Остатокот се состои од голем број на помали масиви како што се Баба, Саланг, Пагман, Сафедкох (источен), Сулејмановите Планини, Сија, Хваџа Мухамед и други. Во западната литература, другот дел на Сафидкох, Малманд, Чалапдалан, Сијабанд и Дошка традиционално се нарекуваат „Паромапис“, но ова име денес се смета за застарено.
Низ системот течат реките Хелменд, Хари и Кабул, кои се вододелници на Систанскиот слив.
Планините ги пресекуваат бројни премини („котали“), кои образуваат стратешки важна мрежа во сообраќајот на каравани. Најважен премин е Саланшкиот (3.878 м) кој го поврзува Кабул и појужните места со северен Авганистан. Во 1964, со средства и техника од Советскиот Сојуз, кај преминот е изграден тунел, благодарение на кој од Кабул до северот се стигнува за неколку часа. Дотогаш до северните краишта се доаѓало преку Шибар (3.260 м) и патувањето траело цели три дена.
Пред изградбата на Саланшкиот пат, најпознати премини на светско ниво биле они што воделе кон Индија. Такви се Хајберскиот Премин (1.027 м) во Пакистан и Латабандскиот Премин (2.499 м) источно од Кабул, заменет со автопат во 1960 кој го намалил времето на патување од Кабул до пакистанската граница од два дена на неколку часа.
Во Авганистан има и други поважни премини. Вахџирскиот Премин (4.923 м) почнува од Ваханскиот Коридор во Сјинџанг, Кина и води во покраината Гилгит-Балтистан во Пакистан. До Пакистан водат премините Барогил (3.798 м) и Качин (5.639 м), кој почнува од ваханското подрачје. Во позападните краишта, важни премини се: Шотогардан (3.720 м) кој ги поврзува покраините Логар и Пактија; Базарак (2.713 м), што води до градот Мазари Шариф; Хавак (4.370 м) во Панџширската Долина и Анџуман (3.858 м) на почетокот на долината кој претставува порта кон северот. Премините Хаџигак (2.713 м) и Унај (3.350 м) водат до источниот дел на областа Хазараџат и долината Бамјан. Премините на Паропамис во западниот дел се ниски, со просечнаа висина од 600 м. Најпознат од нив е Сабзак, помеѓу покраините Херат и Бадгис, поврзувајќи ги западниот и северозападниот дел на Авганистан.
Овие планински подрачја се пусти со многу ретки дрва и закржлавени грмушки. Во долината на Каукчех се среќаваат многу стари рудници на лапис лазули, а северно од Кабул, во долината на реката Панџшир и околината има доста наоди на смарагди.
Источен Хиндукуш
уредиИсточниот венец на Хиндукуш (познат и како Висок Хиндукуш) претежно се протега во северен Пакистан и покраините Нуристан и Бадахшан во Аvганистан. Во округот Читрал во Пакистан се наоѓаат врвите Тиричмир, Ношак и Истор-о-Нал, кои се највисоки планини на Хиндукуш. Венецот навлегува и во Гизар, Јасинската Долина и Ишкоман во северните подрачја на Пакистан.
Читрал се смета за највисок дел на Хиндукуш и ги опфаќа највисоките врвови, голем број на премини и огромни ледници. ледниците Чијантар, Курамбар и Терич се меѓу најголемите на Хиндукуш, а водата што се топи од нив ја образува реката Кунар, која потоа влегува во Авганистан и им се придружува на Башгал, Панџшер и потоа, многу помалата река Кабул.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Vogelsang, Willem (2002). The Afghans. Wiley-Blackwell. стр. 1. ISBN 0-631-19841-5. Посетено на 22 август 2010. Укажано повеќе од еден
|pages=
и|page=
(help) - ↑ Encyclopedia Americana. 14. 1993. стр. 206.
- ↑ Краток марш до Хиндукуш Архивирано на 3 февруари 2020 г. - Alpinist 18 (англиски)
- ↑ „Александар на Хиндукуш“. Тит Ливиј. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 19 септември 2007.
- ↑ Ненси Хеч Дупре / Ахмад Али Кузад (1972). „Историски водич низ Кабул - Името“. Американско меѓународно училиште во Кабул. Архивирано од изворникот на 2010-08-30. Посетено на 18 септември 2010. (англиски)
- ↑ Houtsma, Martijn Theodoor (1987). E.J. Brill's first encyclopaedia of Islam, 1913-1936. 2. BRILL. стр. 159. ISBN 90-04-08265-4. Посетено на 23 август 2010.
- ↑ Biddulph, стр. 38
- ↑ Biddulph, стр. 7
- ↑ 9,0 9,1 Biddulph, стр. 9
- ↑ Biddulph, стр. 11
- ↑ 11,0 11,1 Biddulph, стр. 12
Библиографија
- Biddulph, John. Tribes of the Hindoo Koosh (Sang-e-Meel, 2001)
Надворешни врски
уреди„Хиндукуш“ на Ризницата ? |
- Хајберски Премин (англиски)
- Раните истражувачи на Хиндукуш Архивирано на 3 јули 2012 г. (англиски)