Суза
32°11′21″N 48°15′28″E / 32.18922° СГШ; 48.257785° ИГД
Месопотамија |
---|
Еуфрат · Тигар |
Градови / Царства |
Сумер: Урук · Ур · Ериду |
Киш · Лагаш · Нипур |
Акадско Царство: Акад |
Вавилон · Изин · Суза |
Асирија: Ашур · Нинива |
Дур-Шарукин · Нимруд |
Вавилонија · Халдејско Царство |
Елам · Аморити |
Хурити · Митани |
Касити · Урарту |
Хронологија |
Кралеви на Сумерија |
Кралеви на Асирија |
Кралеви на Вавилонија |
Јазик |
Арамејски |
Сумерски · Акадски |
Еламски · Хуритски |
Митологија |
Енума Елиш |
Гилгамеш · Мардук |
Енлил · Енки |
Нинурта · Нинлил |
Суза („Шуш“; ерменски (Shushan); грчки: Σοῦσα [sousa]); сириски: ܫܘܫ (Shush); староперсиски Çūšā) — поранешен град во еламското, персиското и партиското царство, расположен во подножјето на планината Загрос на околу 250 км источно од реката Тигар, помеѓу реките Карке и Дез. Модерниот ирански град Шуш се наоѓа точно на местото на поранешниот град Суза. Шуш е административен центар на општината Шуш во иранската покраина Хузестан, со популација од 64.960 жители во 2005 година.[1]
Историја
уредиВо историската литература, градот Суза се појавува уште во најраните Сумерски записи, т.е. опишан е во Енмеркар и господарот на Арата. Градот Суза исто така е спомнат и во Кетувимот на Хебрејската библија.
Праеламци
уредиВо урбаната историја, Суза е еден од најстарите познати населени места во регионот и во светот воопшто, најверојатно основан околу 4200 гпне (Види Список на најстари постојано населени градови); иако првите траги на неолитски населби датираат од околу 7000 гпне. Траги на сликани садови датираат од пред околу 5000 п.н.е. Името на градот на еламски се пишувало на различни начини: Ŝuŝan, Ŝuŝun, итн.
Еламити
уредиСуза бил главен град на државата наречена Шушан, која зафаќала приближна површина како денешната покраина Хузестан. Контролата над Шушан честопати била менувана помеѓу Еламците, Сумерците и Акадците. Шушан понекогаш по грешка се поистоветува со Елам, но тој бил различен и посебен културен и политички ентитет.[2] Шушан од страна на Саргон Велики бил приклучен кон Акадијската империја некаде околу 2330 гпне. Суза бил главен град на Акадијската провинција донекаде 2240 гпне, кога неговиот управител, Кутик-Иншушинак, се побунил, дигнал востание и го ослободил. Меѓутоа, градот бил повторно освоен од нео-Сумерската Ур-III династија, и задржан сè додека Ур не потпаднал во рацете на Еламците под водство на Киндату околу 2004 гпне. Во ова време Суза станува главен град на Еламското царство под водство на династијата Епартиди[2].
Асирци
уредиПартијански, Сасанијански и Арапски периоди
уредиПриближно еден век откако Партијанската империја стекнала независност од Селевкидската империја, Суза бил еден од главните градови на новата држава. После Селевкија, Суза бил најголем град во Месопотамија во тоа време.[3]
Суза била разрушувана најмалку трипати. Првиот па во 647 гпне, од Асурбанипал. Вториот пат во 638 гпне, кога муслиманските војски за првпат ја завладеале Персија. Конечно, во 1218, градот бил целосно уништен при навалата на Монголците.
Археологија
уредиГрадот бил проучуван во 1826 година од страна на Хенри Ролинсон а подоцна и од Остен Хенри Лејард. 185 година, направени се сериозни истражувања и ископувања од страна на Вилијам Лофтус, со кои се идентификувала Суза.[4]
Слики
уреди-
Писмо на Партијанскиот крал Артабан III до жителите на Суза во првиот век (градот ги задржал македонските институции од времето на Селевкидската империја). Музеј Лувр.
-
Исламска уметност: Чаша со цветови од роза, 8–9 век
-
Антропоиден саркофаг
-
Лав на декоративен панел од палатат на Дариј I Велики
-
Исламска уметност: Вазна со палмини дрва, 8–9 век
-
Крилата сфинга од палатата на Дариј Велиики во Суза.
-
Нинурсаг со духот на шумата до седумте космички дрва на животот. Релјеф од Суза.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ World city populations: Susa
- ↑ 2,0 2,1 Vallat, 2010
- ↑ Hill (2009), стр. 219.
- ↑ [1] William K. Loftus, Travels and Researches in Chaldaea and Susiana, Travels and Researches in Chaldaea and Susiana: With an Account of Excavations at Warka, the "Erech" of Nimrod, and Shush, "Shushan the Palace" of Esther, in 1849-52, Robert Carter & Brothers, 1857
Наводи
уреди- Jean Perrot, Le Palais de Darius à Suse. Une résidence royale sur la route de Persépolis à Babylone, Paris, PUPS Архивирано на 21 јули 2011 г., 2010 (англиски)
- Hill, John E. (2009). Through the Jade Gate to Rome: A Study of the Silk Routes during the Later Han Dynasty, First to Second Centuries CE. BookSurge. ISBN 978-1-4392-2134-1.
- Lendering, Jona. „Суза, главен град на Елам“. The Iranian Chamber. Посетено на 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) (англиски) - Vallat, François. „Историјата на Елам“. The Circle of Ancient Iranian Studies (CAIS). Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help); Отсутно или празно|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) (англиски) - Potts, Daniel T. (1999). Археологијата на Елам: формирање и трансформација на античките Ирански држави. Cambridge University Press, 1999. стр. 490. ISBN 0521564964. World Archaeology Series. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Susa“ на Ризницата ? |
- Палатата на Дариј во Суза Архивирано на 27 септември 2009 г. (англиски)
- Суза Архивирано на 25 јули 2011 г. (англиски)
- Livius.org слики од Суза Архивирано на 25 декември 2018 г. (англиски)
- Поглед од воздух на Суза Архивирано на 3 мај 2006 г. (англиски)
- Digital Images of Cuneiform Tablets from Susa - CDLI Архивирано на 17 јуни 2011 г. (англиски)
- Hamid-Reza Hosseini, Shush at the foot of Louvre (Shush dar dāman-e Louvre), in Persian, Jadid Online, 10 март 2009, [2].
Audio slideshow: [3] (6 min 31 sec). (англиски)