Отвори го главното мени

Карун

река во Иран

Карун (персиски: کارون‎) — најполноводна и единствена пловна река во Иран. Долга 720 км и извира во плаинната Зардкух во венецот Загрос. По течението ѝ се приклучуваат повеќе притоки како Дез и Кухранг, пред да помине низ Ахваз, главен град на покраината Хузестан.

Карун
کارون‎
Река
Карун во Ахваз
Земја Иран
Покраини Чахар Махал и Бахтијари, Хузестан
Градови Шуштар, Ахваз, Хоремшехр
Извор Зардкух
 - место Загрос, Хузестан
Утока Шат ел-Араб (Арвандруд)
 - местоположба Хоремшехр
 - височина м
Должина 950 км
Слив 65.230 км²
Истек во Ахваз
 - просечен 575 м3
 - максимален 2.995 м3 [1]
 - минимален 26 м3 [1]

По Ахваз, течението продолжува кон Персискиот Залив, подвојувајќи се во две растоки во делтата: Бахманшир и Хафар што му се приклучува на Шат ел-Араб (пер. Арвандруд) и се влева во Персискиот Залив. Меѓу двата ракава е сместе важниот остров Абадан. Хафар го дели пристанишниот град Хоремшехр од островот.

Реката е спомената во Библијата под името „Фисон“[2] — една од четирите реки на Еденската градина (Рајот). Другите три се Тигар, Еуфрат и Керхе („Улај“[3] или „Гихон“). Во времето на Македонската империја, реката се нарекувала Паситигар, што е веројатно етмолошки врзана со библиското име Фисон. Средновековното (и денешно) име Карун доаѓа од „Кухранг“, која денес се однесува на една од поважните притоки на реката.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Karun River at Ahvaz“. River Discharge Database. Center for Sustainability and the Global Environment. 1965-1984. конс. 2010-03-15. 
  2. Битие 2:11 — Македонска Библија
  3. Даниел 8:2 — Македонска Библија

Надворешни врскиУреди