Касписко Езеро или Касписко Море — најголемата затворена водена површина на земјата. Има карактеристики на езеро заради географските прилики и затвореноста. Зафаќа површина од 371.000 км2 и зафатнина од 78.299 км3. Тоа е непроточна површина и лежи на површина помеѓу Русија и Северен Иран. Најголемата длабочина му е 1.025 метри. Наречено е море бидејќи кога првпат е откриено од Римјаните, кога ја пробале водата била солена, и оттука заклучиле дека станува збор за море. Има соленост на водата од 1,2 %.
- ↑ van der Leeden, Troise, and Todd, eds., The Water Encyclopedia. Second Edition. Chelsea, MI: Lewis Publishers, 1990, стр. 196.