Теба (Грција)

град во Стара Грција

Теба — град во Стара Грција, некогашна престолнина на Беотија.

Топографска карта на античка Теба.

Теба во митологијата

уреди

Митскиот основач на Теба бил Кадмо,[1] а таа била светиот град на божеството Бакх. Кога се градела Теба, Анфион со звуците на својата лира ги привлекувал камењата наменети за ѕидовите од ридот Китерон.[2] Подоцна, божицата Јунона започнала да ги гони тебанците поради љубовта на Јупитер кон Семела, ќерката на тебанскиот крал Кадмо.[3]

По смртта на браќата Полиник и Етеокле, Теба паднала под ропството на кралот Креонт.[4] Притоа, кога Етеокле и Полиник се убиле меѓу себе, нив ги запалиле на иста клада, но пламенот се разделил на два дела, симболизирајќи ја кавгата меѓу браќата.[5]

Во Теба живеел врачот Амфиарај, кој предвидел дека ќе погине во борбата за Теба, па кога требало да се тргне во борба, тој се скрил, но го предала неговата жена Ерифила. Подоцна, додека траела борбата, под неговите нозе се отворила пропаст и тој навистина погинал, а тебанците потсмешливо го довикувале.[6] Исто така, познат бил тебанскиот врач Тирезиј, кој ги урдил со камшик двете сплетени змии што се пареле, па се претворил во жена. Дури по седум години, кога ги пронашол истите тие змии, тој повторно ги удрил со камшикот и се претворил во маж. По смртта на Тирезиј, неговата ќерка Манто, бегајќи од тиранијата на Креонт, ја напуштила татковината и се населила во северна Италија, под Алпите, каде и умрела.[7]

Наводи

уреди
  1. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 158.
  2. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 205.
  3. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 192.
  4. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 123.
  5. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 165.
  6. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 122.
  7. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 122.