Локални избори во Македонија во 2009 година — избори кои се оддржале на 22 март 2009 со цел избирање на советници и градоначалници во 84 општини во Република Македонија. Во исто време биле одржани и претседателските избори. Вкупно биле поднесени 364 листи за градоначалници и 702 листи за советници. На нив имало 13.709 кандидати за 1.391 советничко место.[1]
„По вторпат за само 14 дена Македонија победи, демонстрирајќи капацитет, волја и способност за организирање мирни, фер и демократски избори. Поддршката што ја доби ВМРО-ДПМНЕ треба да се искористи за да се унапреди меѓуетничкиот соживот во Македонија. 2009 година ќе биде тешка година, но владата ќе се бори со сите сили да се надмине економската криза.“
„На моите колеги, новоизбрани градоначалници им посакувам успешна работа. Посебно им честитам на новоизбраните градоначалници од Карпош, Охрид, Ново Село, Македонски Брод и Чучер-Сандево кои и покрај силните притисоци и закани од власта успеаја да се изборат за победа. Апсолутно целата власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ па оттаму и одговорноста лежи кај нив, СДСМ оди понатаму!“
„ДУИ е победник на овие избори. Договорот со ВМРО-ДПМНЕ се случи за институциите да не влезат во криза. Анализите сѐ уште не се завршени, но сепак доколку победевме и во Тетово и во Гостивар ќе ме обвиневте за тоталитарен режим.“
„Изборите поминаа во тивка и мирна атмосфера. Во двата круга, немаше известување за насилство и сериозни инциденти; напнатоста беше забележлива само на неколку места. Во првиот круг, оценката беше понегативна за избирачките места кои се наоѓаат во општини со претежно етнички албанско население отколку во останатите делови од државата. Беа забележани одредени спорни прашања во однос на транспарентноста во текот на утврдувањето на резултатите во двата круга кои главно се однесуваа на можноста набљудувачите да го следат внесувањето на податоците за резултатите.“