Марјан Ристески
Марјан Ристески (роден на 20 февруари 1972 година во Прилеп) — градоначалник на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2005 до 2017 година. Средно образование завршил во гимназијата “Мирче Ацев” во Прилеп. Завршил Економски факултет во Прилеп и се стекнал со статус дипломиран економист. Пред да биде избран за градоначалник 7 години работел како комунален инспектор во Локалната самоуправа на општина Прилеп. Оженет е со сопругата Фанка, и татко на Михаела.
Марјан Ристески | |
---|---|
Заменик министер за Економија и труд | |
На должноста | |
Стапил 23 јуни 2024 | |
Претседател | Гордана Сиљановска-Давкова |
Премиер | Христијан Мицкоски |
Министер | Бесар Дурмиши |
Градоначалник на Прилеп | |
На должноста 2005 – 2017 | |
Претходник | Сашо Пирганоски |
Наследник | Илија Јованоски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 20 февруари 1972 Прилеп |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Сопружник | Фанка |
Професија | Дипломиран Економист |
Вероисповед | Православен |
Претходно, седум години беше вработен во Локалната самоуправа, како комунален инспоктор. Учесник е во воениот конфликт, со кој беше зафатена Република Македонија во 2001-та, и е еден преживеаните по трагичниот настан кај месноста „Карпалак”. Член е на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 г. Од 2002 г. беше координатор на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, а потоа и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2005 година па до денес е член на Управниот одбор на ЗЕЛС.
Исто така бил член на Управниот одбор на Регионалната Развојна Агенција – ПРЕДА и член на Заедничкиот Консултативен Комитет ЕУ – Македонија.
Надворешни врски
уреди- Мрежното место на ВМРО ДПМНЕ Архивирано на 5 март 2009 г.
- Неговата фејсбук страница