Ивица Коневски

политичар

Ивица Коневски (14 декември 1978 во Скопје) — македонски политичар и поранешен градоначалник на Општина Аеродром.

Ивица Коневски
Градоначалник на Општина Аеродром
На должноста
2009–2017
Претходник Кирил Тодоровски
Наследник Златко Марин
Лични податоци
Роден(а) 14 декември 1978(1978-12-14)(45 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Професија Дипломиран правник, политичар
Вероисповед Православен христијанин

Животопис

уреди

Коневски е роден на 14 декември 1978 година во Скопје. По професија е дипломиран правник, а со високо образование се стекнал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Негово прво искуство во политиката било советничкото место во Советот на Град Скопје, во периодот 2005-2006. Потоа бил назначен за генерален директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (ЈПССДП). Освен тоа, бил и претседател на Одборот на директори на Градскиот Трговски Центар - Скопје. Додека бил директор на ЈПССДП покренал иницијатива за обнова на стадионот Филип II и изградба на северната трибина, а бил одговорен и за проектот изградба на нови станови за млади брачни парови.

На локалните избори 2009 Коневски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја освоил градоначалничката функција уште во првиот изборен круг, победувајќи го опозицискиот кандидат Тихомир Илиевски.[1] На следните локални избори во 2013 тој славел победа над Диме Велковски од СДСМ со освоени 63% од вкупните гласачки ливчиња.[2][3]

Според една спроведена анкета во 2012 од страна на порталот „Скопје Инфо“, Ивица Коневски бил прогласен за „најуспешен скопски градоначалник“.[4] Како негови поважни проекти се споменуваат изградбата на паркови во населбите Ново Лисиче и Аеродром, реновирање на основните и средни училишта во општината, како и ставањето на КК МЗТ Скопје под општинска капа.[5]

Наводи

уреди
  1. „Коневски и Беџети ја презедоа функцијата“. Утрински Весник. 8 април 2009. Посетено на 21 мај 2013.[мртва врска]
  2. „Ивица Коневски води во Аеродром“. Прес 24. 25 март 2013. Посетено на 21 мај 2013.[мртва врска]
  3. „Анкетите покажаа: Ивица Коневски со убедлива победа во Аеродром“. Скопје Инфо. 16 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-19. Посетено на 21 мај 2013.
  4. „Ивица Коневски најуспешен градоначалник во Скопје за 2012“. Сител. 18 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-01-21. Посетено на 21 мај 2013.
  5. „Ивица Коневски ја промовира својата програма за претстојните локални избори“. 24 Вести. 9 февруари 2013. Посетено на 21 мај 2013.

Надворешни врски

уреди