Изет Меџити

политичар

Изет Меџитимакедонски политичар и градоначалник на Општина Чаир во периодот од 2005 до 2017 година. Роден е во Скопје, 1977 година. Средно образование стекнал во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ од Чаир. Дипломирал на Економскиот Факултет - Скопје, а бил на последипломски студии од областа на јавниот менаџмент. Во периодот 2001-2003 бил професор по економија во средното училиште „Арсени Јовков“. Откако го напуштил професорското место, работел како економски советник во Македонски Пошти до 2005 година.[1]

Изет Меџити
Министер за животна средина и просторно планирање
На должноста
Стапил
23 јуни 2024
Претседател Гордана Силјановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Каја Шукова
Градоначалник на Општина Чаир
На должноста
2005–2017
Претходник Аце Миленковски
Наследник Висар Ганиу
Лични податоци
Роден(а) 8 февруари 1977(1977-02-08)(47 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонски Албанец
Партија Демократско Движење
Сопружник Ава Меџити
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Професија Дипломиран економист
Вероисповед Муслиман

Политичка кариера

уреди

Меџити е член на политичката партија ДУИ. Тој е еден од четворицата потпретседатели на партијата, заедно со Теута Арифи, Невзат Бејта и Гзим Острени. Освен тоа, тој е член на Централното претседателство на партијата.

Првиот мандат го добил на изборите за локална самоуправа во 2005.[2] Тој на локалните избори 2013 остварил една од најубедливите победи во вториот изборен круг со освоени 70% од гласачките ливчиња.[3]

Еден од неговите позначајни потези е поставувањето споменик на „Скендер-бег“ на општинскиот плоштад.[4]

За време на неговиот втор мандат донел одлука за преименување на четири основни училишта од општината, која е противзаконска.[5] Поради незаконитоста на одлуката на сведителствата кои се издаваат во овие училишта стојат стари имиња на училиштата.[6]

Тој бил вмешан во инцидентот од 2011 година кога беше урната црквата на Скопско кале, со што се заострија меѓуверските односи.[7]

На 13 август 2023 година, ја официјализира својата партија "Демократско Движење", со која на парламентарните избори во 2024 година, настапија во коалиција "Вреди" предводена од "Беса", на кој освоија 107.081 гласови, односно 10.93% од гласовите и освоија 13 пратенички мандати.

Приватен живот

уреди

Меџити се оженил 10 јули 2006 година со сопругата Ава, која работи како педагог во градинка од Чаир. Тој живее со неговите родители, а поради работните обврски сѐ уште нема деца. Инаку тој е единствен син во неговото семејство, а има и една сестра. Не е голем љубител на спортот, но активно се занимава со планинарење. Како што тој самиот истакнува, Старата скопска чаршија е неговиот омилен дел од градот.[8]

Наводи

уреди
  1. „Немаме магично стапче, но ќе ја решаваме „Дижонска". Утрински Весник. 16 октомври 2006. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 21 мај 2013.
  2. „Меџити ќе бара втор мандат за да ја доразубави сликата за Чаир“. Утрински Весник. 27 јануари 2009. Посетено на 21 мај 2013.
  3. „Убедлива победа на Изет Меџити во Чаир“. Плус Инфо. 8 април 2013. Посетено на 21 мај 2013.[мртва врска]
  4. „Личност на денот - Изет Меџити“. Утрински Весник. 29 ноември 2006. Посетено на 21 мај 2013.
  5. „Стар експлозив за нови тензии: Изет Меџити билда рејтинг со беззаконие!“. МКД.мк. 31 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 21 мај 2013.
  6. „Старите имиња на училиштата ќе стојат на свидетелствата на основците од Чаир“. МКД.мк. 1 август 2013. Посетено на 1 август 2013. Text " Република Online" ignored (help)
  7. „Инцидент на скопско Кале околу изградбата на сакралниот објект“. Исламски центар. 11 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 21 мај 2013.
  8. „Скопските градоначалници приватно“. Вест. 18 ноември 2006. Посетено на 21 мај 2013.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди