Сокол Митровски

политичар

Сокол Митровски — градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2005 до 2017 година. Тој е исто така пензионирано воено лице.

Сокол Митровски
Градоначалник на Општина Ѓорче Петров
На должноста
2005–2017
Претходник Васил Толевски[1]
Наследник Александар Наумоски
Лични податоци
Роден(а) 16 март 1948
Кучково
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник Тодорка Митровска
Установа Воена академија во Белград
Професија Воено лице
Вероисповед Православен христијанин

Животопис

уреди

Сокол Митровски е роден во скопското село Кучково на 16 март 1948 година. Потекнува од рударско семејство. По завршување на гимназијата „Кочо Рацин“ во Скопје, школувањето го продолжил на Воената академија во Белград, а потоа заминал на воен колеџ во Париз. Имал успешна воена, дипломатска и политичка кариера. Денес е генерал во пензија. Тој е еден од основачите на Факултетот за одбрана во Скопје, како и долгогодишен професор на Воената академија. Бил член на Кабинетот и аѓутант на поранешниот претседател Киро Глигоров и на починатиот претседател Борис Трајковски. Во својата богата кариера бил воен аташе во Париз и во Софија.[2]

Тој трипати има победено во трката за градоначалник на Општина Ѓорче Петров. Во 2005 победил како независен кандидат, додека на локалните избори 2009 бил кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.[3] На Локалните избори 2013 победил со тесна разлика пред противкандидатот Александар Наумовски, по прегласувањето во две избирачки мести.[4] Неговата победа беше оспорувана од опозициската СДСМ, а против него беше поднесена и тужба до Управниот суд за изборни нерегуларности.[5][6]

На 1 ноември 2017 година бил приведен за наводна злоупотреба на службената положба и овластувањата[7]

Тој е оженет и татко на две полнолетни деца, а дедо на четири внуци. Негово хоби е ловот.

Наводи

уреди
  1. „Решение за избор Вршител на должноста Градоначалник на Општина Ѓорче Петров“. Град Скопје. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 21 мај 2013.
  2. „Сокол Митровски“. Утрински Весник. 16 октомври 2006. Архивирано од изворникот на 2015-11-22. Посетено на 21 мај 2013.
  3. „Сокол Митровски бара втор мандат да ги доврши проектите“. Утрински Весник. 14 јануари 2009. Архивирано од изворникот на 2009-01-16. Посетено на 21 мај 2013.
  4. „Сокол Митровски доби нов мандат во Ѓорче Петров“. Дневник. 21 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-23. Посетено на 21 мај 2013.
  5. „Александар Наумовски ќе ги тужи Груевски, Ставрески и Сокол Митровски“. МКД.мк. 19 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-05-27. Посетено на 21 мај 2013.
  6. „СДСМ ќе го бојкотира третиот круг во Ѓорче Петров“. Прес 24. 19 април 2013. Посетено на 21 мај 2013.[мртва врска]
  7. „Уште неколку лица се приведени заедно со поранешниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски“. Архивирано од изворникот на 2017-11-04. Посетено на 2017-11-01.

Надворешни врски

уреди