Марчело Мастројани
Марчело Винченцо Доменико Мастројани (28 септември 1924 - 19 декември 1996) — италијански глумец. Заедно со Алберто Сорди, Уго Тоњаци, Виторио Гасман и Нино Манфреди ја сочинуваат италијанската комедија. Со двете ремек-дела на Федерико Фелини, „Сладок живот“ (1960), „8 и 1/2“ (1963) го потврдил успехот на својата кариера.
Марчело Мастројани OMRI | |
---|---|
Марчело Мастројани во 1991 година | |
Роден(а) | Marcello Vincenzo Domenico Mastroianni 28 септември 1924 Фонтана Лири, Лацио, Италија |
Починал(а) | 19 декември 1996 Париз, Франција | (возр. 72)
Занимање | глумец |
Активен период | 1938–1996 |
Сопружник | Флора Карабела (в. 1950) |
Деца | 2, вклучувајќи ја Кјара Мастројани |
Роднини | Руџеро Мастројани (брат) |
Животопис
уредиМастројани е роден во 1924 во Фонатана Лири на Апенините, во округот Фрозиноне, Лацио, а пораснал во Торино и Рим. Бил син на Ида и Отон Мастројани, кои држеле продавница за столарија.[1] Бил внук на вајарот Умберто Мастројани. Во текот на Втората светска војна, по поделбата на Италија, тој бил одведен во германски логор, од каде избегал и се скрил во Венеција.
Неговиот брат Руџеро Мастројани бил филмски уредник, кој работел на многу од филмовите на братот, и глумел заедно со Марчело во Scipione detto anche l'Africano.
Кариера
уредиМастројани дебитирал на филмот Марионета во 1939 година, кога имал четиринаесет години, а прва вистинска улога имал во филмот Atto d'accusa (Обвинување) во 1951 година. Во наредните десет години станал меѓународно познат. Глумел во Големиот договор на улицата Мадона (1958); и во филмот на Федерико Фелини Сладок живот заедно со Анита Екберг во 1960 година, каде игра улога на разочаран и самоуништувачки таблоиден колумнист, кој ги минува деновите и ноќите истражувајќи го високото друштво во Рим. Мастројани потоа глумел и во филмот 8 1/2 исто така на Фелини, во 1963 година.
Меѓу другите филмови во кои имал значајна улога се: Денови на љубов (1954) со Марина Влади; La Notte (1961) со Жана Моро; Штета што е лоша (1954), Среќа е да се биде жена (1956), Вчера, денес и утре (1963), Брак на италијански начин (1964), Сончоглед (1970), Жената на проповедникот (1971), Посебен ден (1977) и во филмот на Роберт Алтман Висока мода (1994) – заедно со Софија Лорен.
Соработувал со следните режисери и глумци: со Лучино Висконти во Бели ноќи (1957); со Пјетро Герми во Развод на италијански начин (1961); Семеен дневник (1962) со Жак Перин; Приватна афера (1962) со Брижит Бардо; со Марио Моничели во Казанова 70 (1965); Дијаманти за појадок (1968) со Рита Ташингем; Пица триангл (1970) со Моника Вити; Масакр во Рим (1973) со Ричард Бартон; Неделна жена (1975) со Жаклин Бисет; Остани каква што си (1978) со Настасија Кински; со Фелини во Град на жени (1980) и Џинџер и Фред (1986); со Марко Белоко во Хенри IV (1984); Макарони (1985) со Џек Лемон; со Никита Михалков во филмот Црни очи (1987); со Џузепе Торнаторе во Сите се добро (1990); во Искористени луѓе (1992) со Ширли Меклејн; и со Агнес Варда во филмот Илјада и една ноќ (1995).
Трипати бил номиниран за Оскар за најдобар глумец: за филмовите Развод на италијански начин, Посебен ден и Црни очи. Мастројани, Дин Стоквел и Џек Лемон се единствените глумци кои двапати ја добиле наградата за најдобар глумец што се доделува на Канскиот филмски фестивал. Мастројани ја добил за улога во филмовите: Пица триангл и Црни очи.
Марчело Мастројани глумел заедно со својата ќерка Кјара Мастројани во филмот Три животи и една смрт од 1996 година. За оваа улога добил сребрена награда на меѓународниот филмски фестивал „Ft. Lauderdale“. неговиот последен филм бил прикажан посмртно, Патување до почетокот на светот, во 1997 година.
Приватен живот
уредиМастројани се оженил со Флора Карабела (1926–1999) на 12 август 1950 година.[2] Имале една ќерка, Барбара (родена на 2 декември 1951 година), но се развеле поради неговите афери со помлади жени.[2] По разводот, првата сериозна врска на Мастројани била со Феј Данавеј, со која играл во филмот Место за љубовници (1968). Данавеј сакала брак и деца, но Мастројани бидејќи бил католик, не сакал да се разведе од Карабела.[2] Во 1971 година, по три години чекање Мастројани да го смени мислењето, Данавеј го оставила.[2] Decades later, Dunaway said: "I wish to this day it had worked out."[3]
Марчело Мастројани имал и втора ќерка, глумицата Кјара Мастројани (родена на 28 мај 1972), со француската глумица Кетрин Денев, која била помлада од него речиси 20 години и која живеела со него четири години во 1970-те години. Во текот на тие четири години, тие како пар снимиле заедно четири филма: Тоа се случува само на другите (1971), Лиза (1972), Малку бремен човек (1973) и Не допирај бела жена! (1974). Откако Мастројани и Денев раскинале, Карабела понудила да ја посвои нивната ќерка Кјара, бидејќи нејзините родители поради работа често не се дома. Денев не се согласила.[4]
Според списанието Пипл, меѓу другите љубовници на Мастројани се глумиците: Анук Еме, Урсула Андрес, Клаудија Кардинале и Лорен Хатон.[2] Во 1976 година, тој живеел со Ана Марија Тато, со која останал до својата смрт.[2]
Мастројани умрел од рак на панкреасот на 19 декември 1996 година, на возраст од 72 години.[5][6] Неговите две ќерки, Катрин Денев и Тато биле крај неговата постела.[2] Фонтаната Треви во Рим била симболично изгасната и покриена во црно во негова чест, бидејќи била поврзана со него поради улогата во филмот на Фелини Сладок живот.[6][7]
На Венецијанскиот филмски фестивал во 1997 година, Кјара, Карабела и Денев се обиделе да го забранат прикажувањето на филмот на Тато, четиричасовен документарец Марчело Мастројани: Се сеќавам.[8] Но, не успеале и филмот бил прикажан.[8] Трите жени се обиделе да го сторат истото и на Канскиот филмски фестивал.[8] Тато изјавила дека Мастројани ѝ ги дал правата за тој филм.[8]
Филмографија
уредиГодина | Наслов | Улога | Награда |
---|---|---|---|
1939 | Марионете | екстра | |
1942 | Една љубовна приказна | екстра | |
1944 | Децата нè гледаат | екстра | |
1948 | I Miserabili | Револуционер | |
1949 | Vertigine d'amore | ||
Vent'anni | |||
1950 | Недела во август | Ерколе Нарди | |
Против законот | Марчело Курти | ||
Срциња на море | Масимо Фалчети | ||
Кучешки живот | Карло Данеси | ||
1951 | Обвинување | Ренато ла Торе | |
Приказна на пет градови | Алдо Мазети | ||
Париз е секогаш Париз | Марчело Вентури | ||
1952 | Три девојки од Рим | Марчело Сартори | |
Вечен синџир | Валтер Рончи | ||
Трагично враќање | Марко | ||
Босоног дивјак | Карло Сантори | ||
Црни пердуви | Пјетро Цосути | ||
Неделни херои | Карло Вагнети | ||
Немиот од Портичи | екстра | ||
1953 | Лулу | Солети | |
Il viale della speranza | Марио | ||
Желни да живеат | Даниел | ||
Никогаш не е доцна | Рикардо | ||
La valigia dei sogni | |||
1954 | Хроника на лоши љубовници | Уго | |
Парче живот | сопруг на Марија | ||
Роб на гревот | Џулијо Франчи | ||
Денови на љубов | Паскал Дропио | Сребрена лента за најдобар глумец | |
Casa Ricordi | Гаетано Доницети | ||
Островска принцеза | Дон Диего | ||
1955 | Штета што е лоша | Паоло | Златна Грола за најдобар глумец |
Там там од Мајумба | Алесандрини | ||
Убавата жена на Милер | Лука | ||
1956 | Среќа е да се биде жена | Корадо Бети | Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец |
Бигамист | марио де Сантис | ||
1957 | Татковци и синови | Чезаре | |
Песок, љубов и сол | Пјеро | ||
Најдобриот момент | Пјетро Валери | ||
Бели ноќи | Марио | Сребрена лента за најдобар глумец | |
Доктор и исцелител | доктор Франческо Марчети | ||
1958 | Парче небо | Северино Балестра | |
Голема зделка на улицата Мадона | Тиберио | ||
Девојки за летото | марчело Мацони | Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец | |
Љубов и маки | Франко | ||
1959 | Законот | Енрико Тосо | |
Непријателот на мојата сопруга | Марко Торнабуни | ||
Сите се заљубени | Џовани | ||
Фернандо I, крал на Неапол | Генарио | ||
1960 | Сладок живот | Марчело Рубини | Сребрена лента за најдобар глумец |
Il bell'Antonio | Антонио Мањано | Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец | |
Адуа и пријателите | Пјер Салвани | ||
1961 | La notte | Џовани Понтано | |
Убиец | Алфредо Мартели | ||
Духовите на Рим | Реџиналдо | ||
Развод на италијански начин | Фернандо (Фефе) Кефалу | Златен глобус за најдобар глумец БАФТА за најдобар глумец во главна улога Сребрена лента за најдобар глумец Номиниран – Оскар за најдобар глумец | |
1962 | Приватна афера | Фабио Риналди | |
Семеен дневник | Енрико | Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец | |
1963 | 8 1/2 | Гвидо Анселми | Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец |
Организер | професор Синигаглија | ||
Вчера, денес и утре | Кармине Сбарати | БАФТА за најдобар глумец во главна улога Давид ди Донатело, награда за најдобар глумец | |
1964 | Брак на италијански начин | Доменико Сориано | Давид ди Донатело, награда за најдобар глумец Златен глобус Номиниран – Златен глобус за најдобар глумец Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец |
1965 | Казанова 70 | Маџоре Коломбети | Филмски фестивал во Сан Себастијан, најдобар глумец |
Десеттата жртва | Марчело Полети | Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец | |
Маж, жена и пари | Марио / Микеле | ||
Разделба | Марио | ||
1966 | Јас, јас, јас ... и другите | Пепино Мараси | Номиниран – Златен глобус награда Хенриета , омилен глумец |
И афионот е цвеќе | инспектор Моска | ||
Викни посилно, не те разбирам | Алберто Сапорито | ||
1967 | Странец | Артур Мерсо | |
Духови на италијански начин | дух | ||
1968 | Дијаманти за појадок | Големиот војвода Николај Владимирович Годунов | |
Место за љубовници | Валерио | ||
1970 | Пица триангл | Орест Нарди | Кански филмски фестивал за најдобар глумец Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец |
Сончоглед | Антонио | ||
Последниот Лео | Лео | ||
Воајер | Сандро | ||
Жената на свештеникот | Дон Марио | ||
1971 | Сципио Африканецот | Сципио | |
Тоа се случува само на други | Марчело | ||
Јас се викам Роко Папалео | Роко Папалео | ||
1972 | 1870 | Августо Паренти | |
Лиза | Џорџо | ||
Што? | Алекс | ||
1973 | Валкан викенд | Џулио Борси | |
Големо бифе | Марчело | ||
Малку бремен маж | Марко Мазети | ||
Масакр во Рим | отец Пјетро Антонели | ||
Поздрав до глумецот | Николас Монтеи | ||
1974 | Не допирај бела жена | Џорџ Кастер | |
Allonsanfàn | Фулвио Имбријани | ||
1975 | Секси сад | Чарли Колето | |
По древните скали надолу | професор Бонакорси | ||
Божествената нимфа | Микеле Бара | ||
Неделна жена | Салваторе Сантамарија | Италијански Златен глобус, награда за најдобар глумец | |
1976 | Todo modo | Дон Гаетано | |
Добра ноќ, дами и господа | Паоло Т. Фиуме | ||
Лудаци и љубовници | маркиз Лука Марија | ||
1977 | Посебен ден | Габриеле | Италијански Златен глобус, награда за најдобар глумец награда златна грола за најдобар глумец номиниран – Оскар за најдобар глумец Номиниран – Златен глобус за најдобар глумец |
Жена љубовница | Лујџи де Ангелис | ||
Двојно убиство | Бруно Балдазаре | ||
1978 | Довидување мајмуне | Лујџи Нокело | |
Остани како што си | Џулио Маренго | ||
Крвна караница | Росарио Марија Спалоне | ||
1979 | Сообраќаен метеж | Марко Монтефочи | |
Неаполска мистерија | Рафаел Капесе | ||
1980 | Тераса | Лујџи | |
Град на жени | Снапораз | ||
1981 | Дух на љубовта | Нино Монти | |
Кожа | Курцио Малапарте | ||
1982 | Ноќ во Варенес | Казанова | Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец |
Зад вратата | Енрико Соми | ||
Последниот хорор филм | себеси | ||
1983 | Приказната на Пиера | Лоренцо | Награда „Свети Ѓорѓи“ за најдобра изведба во странски филм |
Габриела, каранфил и цимет | Насиб | ||
Генералот на мртвата војска | генерла Ариосто | ||
1984 | Хенри IV | Хенри IV | Италијански Златен глобус за најдобар глумец |
1985 | Двата живота на Матија Паскал | Матија Паскал | |
Макарони | Антонио Џазиело | Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец | |
Голема зделка по 20 години | |||
1986 | Џинџер и Фред | Пипо Ботичела (Фред) | Награда за најдобар глумец Давид ди Донатело Италијански Златен глобус за најдобар глумец Сребрена лента за најдобар глумец Награда „Свети Ѓорѓи“ за најдобра изведба во странски филм |
Пчеларот | Спирос | ||
1987 | Црни очи | Романо | Кански филмски фестивал награда за најдобар глумец Награда за најдобар глумец Давид ди Донатело Сребрена лента за најдобар глумец Номиниран – Оскар за најдобар глумец |
Интервју | себеси | ||
1988 | Мис Аризона | Рожнај Шандор | |
1989 | Сјај | Јордан | |
Колку е часот? | Марчело | Венецијански филмски фестивал – најдобар глумец Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец | |
1990 | Сите се добро | Матео Скуро | |
Кон вечер | професор Бруши | Италијански Златен глобус за најдобар глумец Сребрена лента за најдобар глумец | |
1991 | Суспендираниот чекор на штркот | политичар | |
Деца крадци | Бигуа | ||
Убава романса | Цезаре Грималди | ||
1992 | Искористени луѓе | Џо Меледандри | Номиниран – Златен глобус за најдобар глумец во комедија |
1993 | Не сакам да зборувам за тоа | Лудовик Д'Андреа | |
1, 2, 3, сонце | Константин Ласпада | Венецијански филмски фестивал – најдобар глумец во споредна улога | |
1994 | Висока мода | Сергеј | Национален совет на филмски критичари на САД, награда за најдобра глума како група |
Вистинскиот живот на Антонио Х. | себеси | ||
1995 | Илјада и една ноќ | пријател Италијанец | |
Состиене Переира | Переира | Награда за најдобар глумец Давид ди Донатело Номиниран – Сребрена лента за најдобар глумец | |
Зад облаците | Сите гласови | ||
1996 | Три животи и една смрт | Матео Страно / Георгес Викерс / батлер / Лук Аламанд | Сребрен бран, награда на Форт Лодердејл |
1997 | Патување до почетокот на светот | Маноел | (последен филм), објавен посмртно |
Надворешни врски
уреди- Марчело Мастројани на Ризницата
- Marcello Mastroianni на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Марчело Мастројани на TCM Movie Database
- Marcello Mastroianni — AllMovie (англиски)
- Encyclopædia Britannica, Marcello Mastroianni
- Chris Fujiwara, "Dream lover: Marcello Mastroianni at the MFA"
- Geographical coordinates and pictures of his grave Архивирано на 29 ноември 2011 г.
- Marcello Mastroianni at Filmreference.com
Наводи
уреди- ↑ Rothe, Anne; Maxine Block; Charles Moritz; Marjorie Dent Candee (1958). Current Biography Yearbook. Hw Wilson Co. стр. 261.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Castro, Peter (13 January 1997). „Lover and Legend“. People (magazine) magazine. Архивирано од изворникот на 2015-02-02. Посетено на 1 January 2010. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Will Faye Dunaway EVER get her final close up?“. Daily Mail. 2011-01-28.
- ↑ Mary Hemingway Keeps In Touch. St. Petersburg Independent.
- ↑ „Marcello Mastroianni, known as 'Latin Lover,' dies“. CNN. 19 December 1996. Посетено на 1 January 2010.
- ↑ 6,0 6,1 „Actor dies at age 72“. The News (Boca Raton, Florida). Associated Press. 20 December 1996. стр. 4A. Посетено на 1 January 2010.[мртва врска]
- ↑ Wiegand, Christopher. Federico Fellini: ringmaster of dreams, 1920–1993. стр. 83. ISBN 978-3-8228-1590-8.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 „Family Feud“. The Southeast Missourian. 30 August 1997. Посетено на 1 January 2010. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help)