Јордан Мијалков (Штип, 1932Врање, Србија, 19 декември 1991) — македонски политичар.

Јордан Мијалков
Министер за внатрешни работи
На должноста
20 март 1991 – 19 декември 1991
Претседател Никола Кљусев
Претходник нема
Наследник Љубомир Фрчкоски
Лични податоци
Починал(а) 19 декември 1991
Врање, денешна Србија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Вероисповед Православен христијанин

Животопис уреди

Во периодот од 20 март 1991 до 19 декември 1991 година, Јордан Мијалков бил министер за внатрешни работи на Македонија во првата експертска влада, водена од Никола Кљусев. Мијалков погинал во сообраќајна незгода, во Србија, на 19 декември 1991 година.[1] Негови синови се Владимир и Сашо Мијалкови, додека внук му е Никола Груевски.

За активностите на Мијалков постојат и определени контроверзи, претежно поврзани со неговата улога како поранешен соработник на југословенската тајна полиција, позната како „КОС“. Така, Стојан Андов, во неговата книга „Драматичната 1991 година“ наведува дека во периодот на осамостојувањето на Македонија, во времето кога нацрт-уставот требало да биде ставен на јавна расправа, една вечер во неговиот кабинет дошле Никола Кљусев и Јордан Мијалков. Притоа, додека траел разговорот, Мијалков вперил пушка кон Андов, со закана дека ќе го уапси. Исто така, Андов наведува дека Мијалков со апсење им се заканувал и на пратениците во македонското Собрание, Туше Гошев и Јован Андонов, а со пратеникот Абдурахман Алити разговарал со револвер на масата. Најпосле, Андов наведува дека Мијалков бил вклучен во проектот за попречување на политичкото и военото осамостојување на Македонија при што во една прилика, во неговата семејна куќа во Штип, тој имал тајна средба со тогашниот министер на СФРЈ за внатрешни работи, генералот Петар Грачанин.[2] Исто така, и поранешниот шеф на македонската контраразузнавачка служба, Слободан Богоески, во едно интервју за телевизијатаТелма“ го посочил Мијалков како соработник со југословенската тајна служба.[3]

Наводи уреди

  1. Кожинкова, Виолета (12 декември 2009). „77 години од раѓањето на првиот министер за внатрешни, Јордан Мијалков“. А1. Посетено на 18 јуни 2011.
  2. Влатко Стојановски, „Политичките противници станаа кодоши, а соработниците на тајните служби - патриоти!“, Фокус, број 1098, 21 октомври 2016, стр. 19-13.
  3. Влатко Стојановски, „Жртвата на „кодошењето“ бил соработник на тајната полиција!“, Фокус, број 1100, 4 ноември 2016, стр. 24-26.

Надворешни врски уреди

Политички функции
Претходник
нема
Министер за внатрешни работи на Македонија
1991
Наследник
Љубомир Фрчкоски