Тилман Валентин „Тил“ Швајгер (германски изговор: [ˈtɪlman ˈvaləntiːn ˈʃvaɪɡɐ]; роден на 19 декември 1963 година)е германски глумец, режисер и продуцент. Тој е најуспешниот германски продуцент и најголемата филмска ѕвезда. Од 1968, кога FFA почна да ги брои, ниеден друг германски глумец не привлече толку луѓе во кино-салите. Раководи со сопствена продукциска компанија „Барфут филмс„(Barefoot Films) во Берлин.

Швајгер во 2022

Детство и семејство

уреди


Швајгер е роден во Фраjбург, Западна Германија. Се ожени со американскиот модел Дана Карлсон на 19 Јуни 1995 година. Парот имаше четири деца заедно: Валентин Флориан (роден во 1995год.), Луна Мери (родена во1997год.), Лили Камил (родена во 1998год.), и Ема Таигер (родена во октомври 2002год.). Се разделија во 2005 година, но не се разведоа.

Кариера

уреди


Првото појавување на Швајгер како продуцент и режисер беше во 1997 со „Тропајќи на вратата на рајот„ (Knockin' on Heaven's Door). Филмот остана култен фаворит за публиката ширум светот. Тој исто така е продуцент и режисер на филмот „Белата мечка„( Der Eisbär]]) во 1998 година. Швајгер ја доби наградата Бамби за филмот „Босонога„( Barfuß)во 2005 година, кој тој го напиша, режираше и глумеше во него. Исто така доби Бамби за главна улога во филмот „Зајак без уши„( Traumschiff Surprise – Periode 1. Keinohrhasen / Rabbit Without Ears), кој е напишан, продуциран и режиран од Швајгер и кој стана најуспешниот филм во германските кино –сали во 2008 година со финансиски успех од 62,000,000 долари (USD). Филмот ја доби престижната Бамби награда, „Баварска филмска награда„ ( Bavarian Film Award), германска награда за комедии, две „Дива награди „ ( DIVA), јупитер награда и наградата „Ернст Љубич“.

Продолжението „Зајак без уши 2“ ( германски наслов: Zweiohrküken / Rabbit Without Ears 2) беше објавен следната година и исто така имаше огромен успех со повеќе од 4.2 милиони гледачи и финансиска добивка од 45,000,000 долари(USD). Швајгер продолжи да режира, продуцира и глуми во „1½ Витез„ (1½ Ritter / англиски наслов: 1½ Knights), кој исто така стана голем филмски хит откако беше пуштен во 2008 година. Неговата моментална работа како соавтор, режисер и глумец наскоро ќе биде прикажана во кино-салите во февруари 2011 со филмот „ Kokowääh“.

На телевизиските екрани Швајгер првпат се појави како глумец во 1989 во „Линденштрасе„ ( Lindenstraße). Неговата прва филмска улога ја доби во 1991 во филмот „Manta, Manta“. Следеа дополнителни ТВ и филмски улоги, вклучувајќи ги „Најпосакуваниот човек“ ( Der bewegte Mann/ англиски: Maybe, Maybe Not, интернационален наслов: The Most Desired Man) , „Девојчето Розмари„(Das Mädchen Rosemarie/ The Girl Rosemarie), „Што да се прави во случај на пожар„ (Was tun, wenn's brennt / What to Do in Case of Fire), „Кој е Фред„ (Wo ist Fred?), „Машки срца„ (Männerherzen) и други.

Швајгер се појавува и во многу американски филмови вклучувајќи ги „Веќе мртов„ (Already Dead), „Кралот Артур„ (King Arthur), „Во рацете на непријателот„ (In Enemy Hands), „Магионичари„ (Magicians), „Томб Рајдер: Колевка на животот„ (Tomb Raider: The Cradle of Life), Driven, SLC Punk!, Investigating Sex, „Џоу и Макс„ (Jow and Max), и The Replacement Killers. Неговото последно појавување на големиот екран беше со ликот на Хуго Штиглиц во филмот „Неранимајковци„ (Inglourious Basterds) на Квентин Тарантино. Моментално Швајгер снима за американската продукција „Курир„ со Микеи Рурке и Раис Вајтерспун во филмот „Ова знаци војна„ ( This Means War).