Специја Калчо е италијански фудбалски клуб со седиште во градот на Ла Специја, Лигурија. Во моментов се натпреварува во Серија А, највисоката лига на италијанскиот фудбалски систем, откако во сезоната 2019-2020 за првпат во својата историја избориле промоција во највисокиот ранг победувајќи го Фрозиноне во финалето на плејофот во Серија Б.

Специја
Целосно имеСпеција Калчо
ДржаваИталија Италија
Основан10 октомври 1906; пред 118 години (1906-10-10)
1954 (реоснован)
1995 (реоснован)
2008 (реоснован)
ЛокацијаЛа Специја, Италија
Бои          бела и црна
СтадионАлбето Пико
Капацитет10,336
СопственикИталија Габриеле Волпи
ПретседателИталија Стефано Кизоли
ТренерИталија Винченцо Италијано
ЛигаСерија Б Серија Б
2023-202415-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1906 година, а своите натпревари ги игра на стадионот Алберто Пико речиси низ целата своја историја. Корпоративните бои на клубот се белата и црната, па така и нивниот прв дрес е во бела боја, додека шорцевите и чорапите традиционално се во црна боја.

Тековниот клуб бил повторно формиран на 17 јули 2008, благодарение на градоначалникот на градот Масимо Федеричи и специјален комитет на градскиот совет составен од четири директори на главните политички групи на мнозинството и опозицијата (Паоло Асти од Форца Италија, Џакомо Гати на Националната алијанса, Џулио Гуери од Демократската партија и Масимо Ломбарди од Комунистичката партија ), со цел да се обезбеди континуитет на традицијата на фудбалот во градот и идеално преземање на диригентската палка на Специја Калчо. Втора цел на ‘’спасителите’’ на клубот била да создат стабилен тим кој ќе бележи добри резултати откако клубот влегол во многу неуспешна серија па на крајот на сезоната 2007-08 на Специја, беше пласирана на 21-вото место во Серија Б, а потоа и испаѓање во Серија Ц1, но овој спортски резултат, сепак, бил фрустриран од неуспехот да се регистрираат за новата Лега Про Прима Дивизионе. Во август на 2008, новиот клуб бил купен од страна на Габриеле Волпи, поранешниот сопственик на Про Реко, и бил примен во Серија Д, лига 1.

Во Куќата на Славните на Фудбалскиот клуб Специја може да се види националната титула освоена во 1944. Овој успех беше официјално призната од страна на FIGC како почесна титула само во 2002, иако клубот е од лигурскиот регион тие всушност никогаш не играле со гореспомената конкуренцијата.

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Никола Леали
2   ОД Никола Мадона
3   ОД Франческо Миљиоре
4   ОД Андреа Лисуѕо
5   ОД Лука Чекарели
6   ОД Нил Норти Ашонг
7   СР Паоло Самарко
8   СР Андреа Бово
9   НП Марко Сансовини (Кап.)
10   СР Федерик Морети
11   ОД Хордур Магнусон
12   ГМ Матеј Возар
13   НП Патрик Циуриа
14   ОД Бала Фаје
15   СР Антонини Чулина
16   ОД Пјетро Чекарони
Бр. Позиција Играч
17   СР Фелипе Сејмур
18   НП Езекиел Хенти
19   СР Алесандро Кароца
20   НП Никола Ферари
21   НП Осаримен Ебагва
22   ГМ Алекс Валентини
23   СР Николас Албарацин
24   НП Андреа Кателани
25   ОД Ивано Балданѕеду
26   СР Миховил Клапан
27   СР Емануел Ривас
28   ОД Мартино Боргезе
29   СР Габриел Апелт
31   СР Мислав Оршиќ
32   НП Габриеле Пасамонти
33   ГМ Валерио Вимеркати

Македонци во Специја

уреди

Во 2002 година, Специја станува партнер на гигантот Интер, како негов фидер клуб. Во летото таа година Интер ги испраќа на заем во Специја подоцнежните македонските репрезентативци Горан Пандев и Ацо Стојков заедно со младиот голаман Алекс Кордаз. На 22 првенствени натпревари во сезоната 2002-03 Пандев постигнал 4 гола, додека Стојков одиграл 14 натпревари без постигнат гол.

Титули

уреди

Надворшни врски

уреди