Марко Верати
Марко Верати (роден на 5 ноември 1992 во Пескара) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Париз Сен Жермен и на италијанската репрезентација.
Марко Верати | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 5 ноември 1992 | ||
Роден во | Пескара, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,65||
Позиција | Среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Париз Сен Жермен | ||
Број | 24 | ||
Младинска кариера | |||
Пескара | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008–2012 | Пескара | 74 | (2) |
2012- | Париз Сен Жермен | 159 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
2012 | Италија 21 | 21 | (1) |
2012– | Италија | 23 | (1) |
** Ажурирано на: 5 September 2017 |
Клупска кариера
уредиВерати е технички надарен плејмејкер со фантастични пасови. Тој се развива во младинскиот тим на Пескара, a неговото деби за првиот тим го има во сезоната 2008-2009 на возраст од 16 години. Во сезоната 2009-10 тој започнува да се појавува редовно во првиот тим на Пескара, и од тогаш тој станува клучен играч во првиот тим.
Тој постигна значајна медиумската експонираност во текот на сезоната 2011-12, кога новиот тренер Зденек Земан решил да го врати поназад и да му даде улога на дефанзивен плејмејкер. Верати веднаш стана клучна фигура на неговиот тим и е еден од најзаслужните (заедно со напаѓачите кој реализираа многу погодоци) што Пескара по пауза од дваесет години се врати во Серија А. Поради својата успешна сезона на новата позиција, Верати е често споредуван со Андреја Пирло, еден од најдобрите дефанзивно поставени плејмејкер и омилениот играч на Марко Верати.
Репрезентативна кариера
уредиТој го направи своето деби во Италијанската репрезентација до 21-на година на 28 февруари 2012 година, кога бил стартер во пријателски натпревар против Франција. Она 15 август 2012 година, Верати го имал своето деби за сениорската репрезентација на Италија во пријателскиот натпревар против Англија одигран во Берн. Тој подоцна го направил својот прв натпреварувачки настап во квалификациите за Светското првенство во фудбал 2014 (УЕФА), што се појавил како замена за Емануеле Џакерини во резултат од 2:2 против Бугарија на 7 септември.
На 6 февруари 2013 година, Верати го постигнал својат прв меѓународен погодок во пријателскиот натпревар против Холандија, во 91-минута со што го изедначил резултатот на 1-1. .[1]
Наводи
уреди- ↑ „Netherlands vs Italy: Report“. 6 February 2013. Посетено на 18 June 2013.