Владо Малески (5 септември 191923 септември 1984) — истакнат македонски писател, општествено-политички работник, издавач и револуционер. Автор е на текстот на македонската химна „Денес над Македонија“.

Владо Малески
Споменик на Малески во неговиот роден град Струга
Роден/а5 септември 1919
Струга, Кралство СХС
Починат/а23 септември 1984(1984-09-23) (возр. 65)
Струга, СР Македонија, СФРЈ
ПсевдонимТале
Занимањеписател, сценарист, дипломат
Значајни делаДенес над Македонија, Фросина
ДецаДенко Малески

Икона за портал Портал: „Книжевност

Животопис уреди

Владо Малески е роден во Струга, на 5 септември 1919 година. Основно образование завршил во Скадар, Албанија, а гимназија во Битола. Студирал на Правниот факултет во Белград, но поради избувнувањето на Втората светска војна ги прекинал студиите. Бил учесник во НОБ на Македонија како еден од организаторите на партизанското движење во струшкиот крај. По завршувањето на војната бил директор на Радио Скопје и уредник на списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“. Исто така, работел во дипломатската служба, како амбасадор во Либан, Етиопија и Полска, а бил и член на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија. Станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1946 година.[1]

Книжевно творештво уреди

Малески е автор на следниве дела:[2]

  • Ѓурѓина алова (раскази, 1950)
  • Бранувања (раскази, 1953)
  • Она што беше небо (роман, 1958)
  • Војната, луѓе, војната (роман, 1967)
  • Разбој (роман, 1969)
  • Разгледи (статии, коментари, полемики, 1976)
  • Кажувања (раскази, 1976)
  • Записи на Езерко Дримски (роман, 1980)
  • Јазли (роман, 1990)

Избраните дела му се објавени двапати: во 1976 и во 1980 година.[2]

Исто така, тој е автор на сценариото за првиот македонски игран филм „Фросина“. Добитник е на наградите „11 Октомври“, „4 јули“, „АВНОЈ“, за книжевен опус на издавачкото претпријатие „Мисла“ и „Рациново признание“.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 146.
  2. 2,0 2,1 Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 26.

Надворешни врски уреди