Портал:Книжевност
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија уреди
КНИЖЕВНОСТКнижевност или литерату́ра — во широка смисла општо означува збир зборовни текстови. Зборот „литература“ како заеднички поим се однесува на било која пишана форма, од есеи до поезија, исто така се однесува и на целото книжевно дело во постоење, како во светски рамки така и во рамките на една издвоена култура. уреди
Избрана статијаПерсиската литература (на персиски: ادبیات پارسی) опфаќа два и пол милениуми, иако многу од предисламскиот материјал е изгубен. Нејзините извори често доаѓаат од далечни региони кои се надвор од границите на денешен Иран, бидејќи персискиот јазик процветал и преживеал и во региони на Средна Азија. На пример, Руми, еден од најсаканите персиски и исламски поети пишувал на персиски, но живеел во Конија, денес во Турција, а тогаш главен град на Селџуците. Прочитајте повеќе уреди
Избрано делоСердарот (грчки: Ο Αρμάτωλος) е најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема на грчки јазик (што секоја година се одржувал во Атина), и ја добива наградата „Ловоров венец“, како и парична награда. Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер“. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд. Прочитајте повеќе уреди
Дали сте знаеле...
уреди
Награди за книжевно творештвоуреди
Клучни статииуреди
Избрана биографијаАлександар Сергеевич Пушкин (рус. ⓘ, 6 јуни [ст. ст. 26 мај] 1799 — 10 февруари [ст. ст. 29 јануари] 1837) е руски романтичарски автор кој многу луѓе го сметаат за најголемиот руски поет и основачот на модерната руска литература. Пушкин бил првиот кој го употребувал разговорниот јазик во неговите поеми и претстави, создавајќи притоа стил на раскажување помешано со драма , романтика и сатира. Тоа раскажување отсекогаш било асоцирано со руската литература и имало големо влијание на руските автори. Прочитајте повеќе уреди
Избрани цитати
уреди
КатегорииНе е пронајдена категорија Литература
уреди
Поврзани портали |