Разгледи
Разгледи — македонско списание за литература и култура оформено во 1953-1954 година.
Историја
уредиПрвиот самостоен број на списанието „Разгледи“ бил објавен на 21 август 1955 година во уредништво на Јован Бошковски. Претходно списанието било објавувано како подлисток на „Нова Македонија“. Од 1959 година форматот и нумерацијата доживеале промени, а списанието почнало да излегува месечно. Во 1964 добива поднаслов - списание за литература, уметност и култура, а во 2005 поднасловот бил променет во - списание за литература, уметност, култура и духовност.
Списанието излегувало до 2011 година.
Уредници
уредиГлавни и одговорни уредници на „Разгледи“ биле авторите:
1955 — Јован Бошковски
1957 — Владо Малески
1957 — Коле Чашуле
1964 — Димитар Солев
1971 — Петар Т. Бошковски
1977 — Благоја Иванов
1982 — Данило Коцевски
1987 — Александар Поповски
1990 — Данило Коцевски
2004 — Петар Волнаровски
Во уредувањето на „Разгледи“ учествувале авторите: Милан Ѓурчинов[1], Матеја Матевски[2], Атанас Вангелов, Александар Спасов, Влада Урошевиќ, Бранко Пендовски, Цане Андреевски и други[3]. Во периодот на книжевните полемики, „Разгледи“ се востановило како бастион на модернистите, како противтежа на списанието за литература „Современост“.
Наводи
уреди- ↑ „Почина академик Милан Ѓурчинов“. Посетено на 19 декември 2018.
- ↑ „Матеја Матевски (1929-2018)“. Архивирано од изворникот на 2019-01-11.
- ↑ Котевска, Милка (2010). ПОВОЕНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛИ низ страниците на периодиката во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола. Битола: Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола. ISBN 978-608-453-30-1 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help).