Денко Малески (Скопје, 14 ноември 1946) — македонски политички аналитичар, прв министер за надворешни работи на Македонија и редовен професор на Правниот факултет во Скопје.

Денко Малески
Министер за надворешни работи на Македонија
На должноста
20 март 1991 – 9 февруари 1993
Претседател Киро Глигоров
Премиер Никола Кљусев
Бранко Црвенковски
Претходник нема
Наследник Стево Црвенковски
Лични податоци
Роден(а) 14 ноември 1946(1946-11-14)(78 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Партија СДСМ
Вероисповед православен христијанин

Животопис

уреди

Предава меѓународна политика и право, како и современи политички системи. Во периодот 1990-1991 година. држел настава на редовните и на постдипломските студии на Универзитетот Боулинг Грин, Охајо, САД. Во 1985 година е избран за декан на Интердисциплинарните студии по новинарство. Од 1997 година, е раководител на постдипломските студии по меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет во Скопје. Од 1991 до 1993 година, бил министер за надовршени работи на Македонија, а од 1993 до 1997 година постојан претставник на Македонија во Обединетите нации.[1] Малески е женет и има три деца.

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр. 35
  2. „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021 ГОДИНА“. Град Скопје. 1 ноември 2021. Посетено на 2 ноември 2021.

Надворешни врски

уреди