Планински пласман на Џиро д’Италија
Планински пласман на Џиро д’Италија — второстепен пласман на трката. Во овој пласман, бодовите им се доделуваат на водечките возачи преку одредени искачувања. Повеќето искачувања се подредени во едно од трите нивоа на тежина и нивната позиција на етапата. Бонуси се добиваат на планинските завршници на етапите и на првите возачи преку Чима Копи, традиционално сметано за највисока точка на целиот Џиро. Чима Копи бил воспоставен во 1965 во чест на италијанскиот велосипедски првак Фаусто Копи.
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Џиро д’Италија |
Доделена за | Најдобар искачувач на планинските етапи |
Локално име | Maglia azzurra |
Историја | |
Прва награда | 1933 |
Изданија | 85 (до 2022) |
Прв победник | Алфредо Бинда (ИТА) |
Најмногу победи | Џино Бартали (ИТА) (7 пати) |
Најнов победник | Кун Бауман (ХОЛ) |
Пласманот бил првпат сметан во 1933; од 1974 до 2011, водачот на планинскиот пласман а Џиро д’Италија ја носи maglia verde (од италијански: „зелена маичка“). Во 2012, како дел од договорот за спонзорство, бојата на маичката била променета во сина (maglia azzurra).
Историја
уредиПланинскиот пласман бил додаден на Џиро д’Италија во 1933 година.[1] Во воведната година на пласманот, организаторите избрале одбрани искачувања и доделиле бодови на првите тројца возачи кои поминале преку нив.[1] Алфредо Бинда бил прв преку секое искачување и го освоил планинскиот пласман.[1] Во 1974 година, организаторите ја додале зелената маичка за да го означат предводникот на пласманот.[2] Зелената маичка била користена до 2012 година, кога спонзорот на пласманот, Банка Медиоланум, го обновила своето спонзорство за уште четири години и побарала маичката да биде сина наместо зелена.[3]
Победници
уреди- задебелено - означува возачи, кој го освоил и генералниот пласман.
- косо - означува возач, кој го освоил и бодовниот пласман.
- косо и задебелено - означува возач, кој ги освоил генералниот, бодовниот и планинскиот пласман.
Повеќекратни победници
уредиДо 2022 година, 15 велосипедисти повеќепати го освоиле планинскиот пласман.[5]
Велосипедист | Вкупно | Години |
---|---|---|
Џино Бартали (ИТА) | 7 | 1935, 1936, 1937, 1939, 1940, 1946, 1947 |
Хосе Мануел Фуенте (ШПА) | 4 | 1971, 1972, 1973, 1974 |
Фаусто Копи (ИТА) | 3 | 1948, 1949, 1954 |
Франко Битоси (ИТА) | 3 | 1964, 1965, 1966 |
Клаудио Бортолото (ИТА) | 3 | 1979, 1980, 1981 |
Клаудио Кјапучи (ИТА) | 3 | 1990, 1992, 1993 |
Рафаел Џеминијани (ФРА) | 2 | 1952, 1957 |
Шарли Гол (ЛУК) | 2 | 1956, 1959 |
Вито Таконе (ИТА) | 2 | 1961, 1963 |
Андрес Олива (ШПА) | 2 | 1975, 1976 |
Лисјен ван Импе (БЕЛ) | 2 | 1982, 1983 |
Маријано Пиколи (ИТА) | 2 | 1995, 1996 |
Хепе Гонсалес (КОЛ) | 2 | 1997, 1999 |
Фреди Гонсалес (КОЛ) | 2 | 2001, 2003 |
Стефано Гарцели (ИТА) | 2 | 2009, 2011 |
По националност
уредиВозачи од четиринаесет различни држави го имаат освоено планинскиот пласман на Џиро д’Италија.[5]
Држава | Бр. на велосипедисти | Бр. на победи |
---|---|---|
Италија | 21 | 39 |
Шпанија | 12 | 16 |
Белгија | 5 | 6 |
Колумбија | 4 | 6 |
Франција | 4 | 5 |
Швајцарија | 3 | 3 |
Обединето Кралство | 2 | 2 |
Луксембург | 1 | 2 |
Австралија | 1 | 1 |
Венецуела | 1 | 1 |
Германија | 1 | 1 |
Мексико | 1 | 1 |
Португалија | 1 | 1 |
САД | 1 | 1 |
Холандија | 1 | 1 |
Поделба на бодовите
уредиБодовите, кои ги добиваат првите возачи, кои доаѓаат на врвот на искачувањето се делат според следниот редослед:
GPM4 | GPM3 | GPM2 | GPM1 | |
---|---|---|---|---|
1. возач | 3 | 5 | 9 | 15 |
2. возач | 2 | 3 | 5 | 9 |
3. возач | 1 | 2 | 3 | 5 |
4. возач | 1 | 2 | 3 | |
5. возач | 1 | 2 | ||
6. возач | 1 |
Организаторите на трката одредуваат, кои искачувања и врвови ќе бидат вклучени за планинскиот пласман и во која категорија ќе бидат.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Бил и Карол Мекган. „Џиро д'Италија 1933“. Bike Race Info. Dog Ear Publishing. Архивирано од изворникот на 2015-09-30. Посетено на 10 јули 2012.
- ↑ Бил и Карол Мекган. „Џиро д'Италија 1974“. Bike Race Info. Dog Ear Publishing. Архивирано од изворникот на 2015-09-08. Посетено на 10 јули 2012.
- ↑ Cycling News (17 декември 2011). „Сина маичка за планините за Џиро д'Италија 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 20 јуни 2013.
- ↑ „91. издание на Џиро д'Италија“. Autobus.cyclingnews.com. 1 јуни 2008. Посетено на 19 јули 2012.
- ↑ 5,0 5,1 „Џиро д'Италија 2009“ (PDF). Infostrada sports. 2009. стр. 187. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-12-17. Посетено на 29 јуни 2011.