Марк Кристијан

британски велосипедист

Марк Питер Кристијан (англиски: Mark Peter Christian; р. 20 ноември 1990) — мански професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Еоло-Комета.[1][2]

Марк Кристијан
Кристијан на ГП Пино Черами 2015
Лични податоци
Цело имеМарк Питер Кристијан
Роден20 ноември 1990(1990-11-20)(34 г.)
Даглас, Ман,  Обединето Кралство
Податоци за клубот
Мом. клубЕоло-Комета
Дисциплинавелодромски и друмски велосипедизам
Улогавозач
Професионални клубови
2012
2013–2014
2015–2016
2017-2018
2019
2020
2021-
Ан Пост-Шон Кели
Тим Рали
ВИГИНС
Аква Блу Спорт
Тим Вигинс Ле Кол
Кањон дхб п/б Сорин
Еоло-Комета
Последна промена
1 декември 2022

Бил дел од олимписката развојна програма на Велика Британија. Во 2010 година го освоил брозениот медал во дисциплината 40 километри скреч на Комонвелтските игри 2010.[3] Тој е брат на велосипедистката Ана Кристијан.[4]

Кариера

уреди

Во 2007 година, Кристијан потпишал со олимписката развојна програма на Велика Британија.[3] Во 2008 година ја освоил јуниорската Трка околу Германија[5] и освоил бројни медали на Европското велодромско првенство.[6]

Во февруари 2009 година, Кристијан бил избран во составот на Велика Британија за Светскиот куп во Копенхаген. Подоцна во месецот го освоил државното првенствот во медисон во Манчестер, заедно со сонародникот Питер Кеноџ.[7] Во јули го освоил среброто во дисциплината екипна потера под 23 години и бронзата во дисциплината бодовна трка под 23 години на Европското велодромско првенство во Белорусија.[8]

Во 2010 година, Кристијан бил потврден како дел од составот на Островот Ман за Комонвелтските игри 2010.[9] На 6 октомври завршил трет во финалето на бодовната трка од 40 километри во Делхи и го освоил бронзениот медал.[10] Исто така стигнал до финалето во скреч на Игрите, каде завршил како шести.

Кристијан ја започнал 2011 година на Светскиот велодромски куп во Пекинг. Го освоил бронзениот медал како дел од екипата во екипна потера.[11]

Во ноември 2011 година, Кристијан потпишал за професионалната екипа Ан Пост-Шон Кели.[12]

Кристијан го освоил државното првенство во медисон по третпат во јануари 2012 година, овој пат со Сајмон Јејтс.[13]

Се приклучил на Тим Рали за сезоната 2013.[14] Во 2015 година, Кристијан се префрлил во новата екипа ВИГИНС составена од Бредли Вигинс со цел да ги подготви британските возачи за екипната потера на Летните олимписки игри 2016.[15] Кристијан се приклучил на екипата Аква Блу Спорт во својата прва сезона во 2017 година.[16]

Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017.[17]

Достигнувања

уреди
2008
Национални јуниорски велодромски првенства
1.   Поединечна потера
1.   Бодовна трка
Трка околу Велс за јуниори
1.   Бодовен пласман
1.   Планински пласман
2009
Национални велодромски првенства
1.   Медисон (со Питер Кенох)
3.   Скреч
2010
Национални велодромски првенства
1.   Медисон (со Лук Роу)
3.   Бодовна трка
7. Краен пласман ЗЛМ Тур
8. Краен пласман Тур де Берлин
2011
3.   Национално велодромско првенство - бодовна трка
2012
1.   Национално велодромско првенство - медисон (со Сајмон Јејтс)
2014
1.   Светски велодромски куп - медисон со Овен Дул)
2.   Национално велодромско првенство - бодовна трка
2. Трофеј Бомон
2016
5. Краен пласман Тур Алзас
6. Краен пласман Околу Словачка
2017
7. Краен пласман Тур де Јоркшир
2018
1.   Планински пласман Тур де Свис
2019
3. Краен пласман Тур Резервоар

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2017 2018 2019 2020 2021
  Џиро 76
  Тур
  Вуелта 138

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Eolo-Kometa Cycling Team“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 5 January 2021. Посетено на 5 January 2021.
  2. Ballinger, Alex (20 November 2020). „John Archibald and Mark Christian join Alberto Contador's ProTeam“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 20 November 2020.
  3. 3,0 3,1 „Manx Road Club“. Архивирано од изворникот на 11 мај 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  4. „World-class field to contest inaugural Prudential RideLondon Grand Prix“. Prudential RideLondon. 2 август 2013. Архивирано од изворникот на 11 октомври 2014. Посетено на 7 октомври 2014.
  5. Manx Radio (28 јули 2008). „Christian wins in Germany“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  6. Manx Radio (8 септември 2008). „Manx golds at Euros“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  7. Manx Radio (22 февруари 2009). „Manx duo take Madison title“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  8. Manx Radio (21 јули 2009). „Manx trio medal at Euro Tack Champs“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  9. Manx Radio (3 јули 2010). „Cav will ride for Manx in Delhi“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  10. Manx Radio (6 октомври 2010). „Christian 'over the moon' with Commonwealth cycling bronze“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  11. Manx Radio (22 јануари 2011). „Christian helps team GB to pursuit bronze“. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. Посетено на 22 февруари 2011.
  12. Manx Radio. „Christian signs for pro cycling team“. Архивирано од изворникот на 25 април 2012. Посетено на 22 февруари 2011.
  13. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 30 јануари 2012. Посетено на 14 август 2012.
  14. „Team Raleigh announce 2013 team line-up“. Тим Рали. 8 ноември 2012. Посетено на 21 мај 2013.
  15. Фотерингем, Вилијам (8 јануари 2014). „Bradley Wiggins unveils new team to be sponsored by Sky“. theguardian.com. Посетено на 8 јануари 2015.
  16. Маршал-Бел, Крис (24 октомври 2016). „National champion Adam Blythe signs for Aqua Blue Sport alongside Andy Fenn“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 27 ноември 2016.
  17. „2017 > 72nd Vuelta a España > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 17 август 2017.

Надворешни врски

уреди