Џо Домбровски

американски велосипедист

Џозеф Лојд „Џо“ Домбровски (англиски: Joseph Lloyd "Joe" Dombrowski; 12 мај 1991) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим.[1]

Џо Домбровски
Домбровски во 2011 година
Лични податоци
Цело имеЏозеф Лојд Домбровски
ПрекарЛетачкиот Вирџиниец
Роден12 мај 1991(1991-05-12)(33 г.)
Кристијана, Делавер,  САД
Висина1,88 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАстана Казахстан Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2007-2008
2008-2010
2010
НКВК/Инова Хелт Систем
Хејмаркет Бајсиклс п/б Фанкшн Дринкс
Хагенс Берман Аксеон (стажант)
Професионални клубови
2011-2012
2013–2014
2015-2019
2020-2021
2022-
Хагенс Берман Аксеон
Тим Скај
Канондејл-Гармин
ОАЕ Тим Емирати
Астана Казахстан Тим
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2021)

Етапни трки

Трка околу Јута (2015)
Последна промена
3 ноември 2022

Домбровски станал професионалец во 2011 година[2] и настапувал за екипите Хагенс Берман Аксеон, Тим Скај, ЕФ Едукејшн Фирст и ОАЕ Тим Емирати.

Личен живот

уреди

Домбровски е роден во 1991 година во Кристијана, Делавер, САД, додека својата младост ја поминал во Маршал, Вирџинија, САД.[3][4] Престојува во Маршал, Вирџинија[5][6] и во Ница, Франција.[7][8] Помеѓу 2009 и 2010, Домбровски го посетувал универзитетот „Џорџ Мејсон“ во Ферфекс, Вирџинија.[9][10]

Кариера

уреди

Рани години

уреди

Домбровски најпрвин започнал со планински велосипедизам во 2006 година, со велокрос во 2007 година и со друмски велосипедизам во 2009 година, возејќи за локалната екипа Хејмаркет Бајсиклс. Настапувал за Хагенс Берман Аксеон, континентална екипа, за 2011 година[11][12] и за 2012 година.[13][14] Во текот на сезоната 2012, Домбровски собрал значајни резултати.[15][16] Го освоил Џиробио, завршил четврти на Трката околу Јута и завршил десетти на САД Про Сајклинг Челинџ.[17][18]

Тим Скај (2013-2014)

уреди

Во 2013 година, Домбровски потпишал со екипата Тим Скај за сезоните 2013 и 2014.[19] [20][21] Во текот на сезоната 2013, Домбровски му помагал на колегата Крис Фрум да успее во некои повеќеетапни трки.[22][23] Во текот на сезоната 2014, врз Домбровски успешно била изведена операција на артерија.[24][25]

Канондејл-Гармин (2015-2019)

уреди

Домбровски потпишал со Канондејл-Гармин за сезоните 2015 и 2016.[26][27] Додека се подготвувал за Вуелта а Еспања, ја освоил Трката околу Јута 2015, победувајќи ја шестата етапа за обезбедување на победата. Подоцна, бил вклучен во почетниот состав на екипата за Вуелта а Еспања 2015 и имал одличен резултат на единаесеттата етапа, кралската етапа, но потфрлил да направи поголем резултат на трката, завршувајќи на 46. место.[28] Повторно потпишал со Канондејл-Драпак за сезоните 2017 и 2018.[29][30] Останал со екипата во 2019 година.[31] Во 2019 година освоил уште една етапа на Трката околу Јута и го имал својот најдобар резултат на некоја голема трка, завршувајќи на 12. место на Џиро д’Италија.

ОАЕ Тим Емирати (2020–21)

уреди

Во септември 2019 година било објавено дека Домбровски потпишал двегодишен договор со ОАЕ Тим Емирати.[32] Во текот на пандемијата на КОВИД-19, најдобриот резултат во генералниот пласман му бил 26. место на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали,[33] а на Џиро д’Италија завршил на 43. место.[34]

На Џиро д’Италија 2021, Домбровски бил дел од 25-члено бегство на четвртата етапа на која имало дожд; се одвоил од групата на последното искачување и сам дошол до победа со разлика од 13 секунди пред Алесандро Де Марки.[35] Со неговата прва победа во Европа по освојувањето на Џиробио 2012,[36] Домбровски се искачил на второто место во генералниот пласман – пред Де Марки за 22 секунди – и ја презел сината маичка како предводник на планинскиот пласман.[35][36] Следниот ден, Домбровски удрил во контролор на трката кој го организирал сообраќајот во последните четири километри на етапа до Католика. Продолжил и ја завршил етапата со осум минути доцнење, но ја напуштил трката следното утро со потрес на мозок.[37][38] На Вуелта а Еспања подоцна во сезоната, Домбровски повторно бил во бегство во првата седмица, овојпат на третата етапа на завршницата до врвот Пикон Бланко.[39] Домбровски ја нападнал групата на 5 километри до целта и само Кени Елисонд и Реин Тарамае можеле да го следат; Тарамае – кој исто така бил дел од бегството на Џиро – се одвоил и ја освоил етапата со 21 секунда пред Домбровски.[40][41]

Астана Казахстан Тим (2022-денес)

уреди

Во октомври 2021 година, Домбровски потпишал двегодишен договор со Астана-Премиер Тек, подоцна преименуван како Астана Казахстан Тим, од сезоната 2022.[42]

Достигнувања

уреди
2011
2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 5
3. Краен пласман Ронд де л’Изар
6. Краен пласман Трка Џила
8. Краен пласман Флеш ду Суд
2012
1.   Краен пласман Џиробио
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 4
1. Етапа 8
3. Краен пласман Трка Џила
1.   Пласман за млад возач
4. Краен пласман Трка околу Јута
1.   Пласман за млад возач
10. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1.   Пласман за млад возач
10. Краен пласман Класик Каскад
10. Трофео Алсиде Дегаспери
2013
1. Етапа 1 (ТТТ), Џиро дел Трентино
6. Јапонски куп
2015
1.   Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 6
2. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
7. Краен пласман Тур де Сан Луис
2016
8. Краен пласман Трка околу Јута
2018
5. Краен пласман Класик Колорадо
6. Краен пласман Трка околу Јута
2019
3. Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 6
7. Краен пласман Рут д’Окситани
2021
1. Етапа 4 Џиро д’Италија

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро 34 69 63 12 43 СО 22
  Тур 43
  Вуелта 46 88 101 39

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „ASTANA QAZAQSTAN TEAM“. UCI. Посетено на January 3, 2022.
  2. „Џо Домбровски“. Канондејл-Гармин. Колорадо: Slipstream Sports LLC. Архивирано од изворникот на 2015-01-19. Посетено на 19 јануари 2015.
  3. Rick Maese (October 1, 2012). „Can Joe Dombrowski ride out of Lance Armstrong's shadow?“. The Washington Post. Вашингтон. Посетено на January 9, 2014.
  4. Jeff Malmgren (January 21, 2013). „Team Sky's the limit for cycling Fauquier grad Joe Dombrowski“. Fauquier Times. Virginia News Group. Посетено на January 20, 2015.
  5. Gregor Brown (April 15, 2013). 'Neo-pro Joe' Dombrowski to miss 2013 Giro d'Italia“. VeloNews. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc. Посетено на January 11, 2014.
  6. Mike Marino (May 14, 2013). „For Dombrowski, being on the shelf has been a pain“. VeloNews. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-06-02. Посетено на January 11, 2014.
  7. Matthew Beaudin (March 15, 2013). „The learning curve“. ESPN.com. ESPN Inc. Посетено на January 11, 2014.
  8. „Neo-pro Joe Dombrowski running with the pack“. VeloNews. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc. December 12, 2012. Архивирано од изворникот на 2014-01-10. Посетено на January 9, 2014.
  9. Jeff Malmgren (June 26, 2012). „Marshall's Joe Dombrowski could be cycling's next big name“. Fauquier Times. Virginia News Group. Посетено на January 11, 2015.
  10. Bruce Buckley (May 26, 2011). „Trek-Livestrong's Joe Dombrowski: Still surprising himself“. VeloNews. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc. Посетено на January 11, 2014.
  11. Kirsten Frattini (November 16, 2010). „Trek-Livestrong rebuilds with new talent in 2011“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на December 19, 2014.
  12. „USA Cycling announces ten Continental teams and their rosters“. VeloNews. Competitor Group, Inc. December 24, 2010. Архивирано од изворникот на 2014-12-20. Посетено на December 19, 2014.
  13. Kirsten Frattini (May 9, 2012). „Bontrager-Livestrong confident ahead of Amgen Tour of California“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на December 19, 2014.
  14. „USA Cycling announces 12 UCI Continental teams for 2012“. VeloNation. VeloNation LLC. December 13, 2011. Посетено на December 19, 2014.
  15. Daniel McMahon (August 20, 2012). „2012 USA Pro Challenge: Riders to Watch“. Bicycling. Rodale, Inc. Посетено на January 19, 2014.
  16. Gregor Brown (February 14, 2013). „Velo International Under-23 Rider of the Year: Joe Dombrowski; International Best Team Director: Allan Peiper“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2013-06-05. Посетено на January 9, 2014.
  17. Chris Case (June 20, 2012). „Dombrowski Q&A: Respect and satisfaction at the Baby Giro“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2014-10-21. Посетено на October 14, 2014.
  18. Peter Hymas (January 14, 2013). „Class of 2013: 10 Questions with Joe Dombrowski“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на January 19, 2015.
  19. „Тим Скај потпиша со американскиот двоец“. Тим Скај. Манчестер, Англија: Tour Racing Limited. 1 октомври 2012. Архивирано од изворникот на 2014-01-10. Посетено на 28 декември 2013.
  20. „Тим Скај потпиша со Домбровски и Босвел“. Cyclingnews.com. Future plc. 1 октомври 2012. Посетено на 9 јануари 2014.
  21. Даниел Мекмахон (26 октомври 2012). „Девет прашања со Ијан Босвел и Џо Домбровски“. Bicycling. Емаус, Пенсилванија: Rodale, Inc. Посетено на 19 јануари 2014.
  22. Грегор Браун (18 февруари 2013). „Успешно деби на Џо Домбровски од Скај во Оман“. Cycling Weekly. Лондон, Англија: IPC Media. Посетено на 18 јануари 2014.
  23. Џеф Малмгрен (22 јули 2013). „Marshall's Dombrowski helped Team Sky prepare for Tour de France win“. Fauquier Times. Times Community Media. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 18 јануари 2014.
  24. Метју Боден (8 август 2014). „Dombrowski has surgery on leg artery, looks to future“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2014-08-11. Посетено на 12 август 2014.
  25. Стивен Фаранд (16 септември 2014). „Трансфери: Домбровски од Тим Скај во Кенондејл“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 16 септември 2014.
  26. Пат Малак (14 октомври 2014). „Домбровски се надева за свеж почеток во 2015“. Cyclingnews.com. Бат, Англија: Future plc. Посетено на 14 октомври 2014.
  27. Метју Боден (8 октомври 2014). „П&О Домбровски: Преселба во Канондејл, времето со Скај и операцијата“. VeloNews. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2014-10-13. Посетено на 14 октомври 2014.
  28. „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
  29. „Cannondale–Drapac renew with Dombrowski“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company Limited. 18 јули 2016. Посетено на 18 јули 2016.
  30. Мајкл Бетер (19 јули 2016). „A mid-season chat: Joe Dombrowski talks beer, cars, and renewed contract with Cannondale-Drapac“. CyclingTips. BikeExchange Pty. Ltd. Архивирано од изворникот на 2016-07-21. Посетено на 19 јули 2016.
  31. „Dombrowski extends with EF Education First-Drapac“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 16 октомври 2018. Посетено на 2 јануари 2019.
  32. „Dombrowski headed to UAE-Team Emirates“. VeloNews. Pocket Outdoor Media Inc. September 9, 2019. Посетено на November 23, 2020.
  33. „Jhonatan Narvaez wins Coppi e Bartali“. Cyclingnews.com. Future plc. September 4, 2020. Посетено на January 4, 2022.
  34. Hood, Andrew (October 26, 2020). „How the U.S. riders fared at the Giro d'Italia“. VeloNews. Outside. Посетено на January 4, 2022.
  35. 35,0 35,1 Farrand, Stephen (May 11, 2021). „Giro d'Italia: Joe Dombrowski wins stage 4 in Sestola“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на January 4, 2022.
  36. 36,0 36,1 Lowe, Felix (May 11, 2021). „Giro d'Italia 2021 cycling – Joe Dombrowski wins Stage 4 as Alessandro De Marchi moves into pink“. Eurosport. Discovery, Inc. Посетено на January 4, 2022.
  37. Netherton, Alexander (May 12, 2021). „Joe Dombrowski sent to hospital for suspected concussion, Giro participation doubted“. Eurosport. Discovery, Inc. Посетено на January 4, 2022.
  38. Hood, Andrew (May 25, 2021). „Q&A Joe Dombrowski: From highest high to lowest low within 24 hours“. VeloNews. Outside. Посетено на January 4, 2022.
  39. Farrand, Stephen (August 16, 2021). „Vuelta a España: Rein Taaramäe wins summit finish on stage 3“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на January 4, 2022.
  40. Lowe, Felix (August 16, 2021). „Vuelta a Espana 2021 - veteran Rein Taaramae wins Stage 3 on Picon Blanco to take red jersey“. Eurosport. Discovery, Inc. Посетено на January 4, 2022.
  41. Hood, Andrew (August 16, 2021). „Vuelta a España: Close call for Joe Dombrowski“. VeloNews. Outside. Посетено на January 4, 2022.
  42. „Joe Dombrowski signs two-year deal with Astana“. cyclingnews.com (англиски). October 7, 2021. Посетено на January 3, 2022.

Надворешни врски

уреди