Хју Карти

британски велосипедист

Хју Џон Карти (англиски: Hugh John Carthy; р. 9 јули 1994) — англиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1] Прекарот на Карти „Хјуџ“ (на македонски: „огромен“) се појавил кога неговото име било погрешно изговорено од спикерот на Џиро д’Италија, но останал поради неговата способност да направи огромни напори.[2]

Хју Карти
Карти на Трката околу Британија 2018
Лични податоци
Цело имеХју Џон Карти
ПрекарХјуџ
Роден9 јули 1994(1994-07-09)(30 г.)
Престон, Англија,  Обединето Кралство
Висина1,93 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн-ИзиПост
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2013-2014
2015-2016
2017-
Рафа Кондор-ЈЛТ
Каха Рурал-Сегурос РГА
Канондејл-Драпак
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2020)
Последна промена
14 декември 2022

Кариера

уреди

Во 2014 година ја освоил етапната Трка околу Кореја, а во 2015 година се приклучил на шпанската екипа Каха Рурал-Сегурос РГА.[3][4][5] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016[6] и за Џиро д’Италија 2017.[7] Карти паднал на шестата етапа на Вуелта а Еспања 2019, со што бил еден од четворицата возачи кои ја напуштиле трката поради падот.[8] Во август 2020 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2020.[9]

На 1 ноември 2020 година, Карти ја забележал неговата прва етапна победа на некоја голема трка на дванаесеттата етапа на Вуелта а Еспања 2020, која завршила на искачувањето Алто де л’Англиру.[10] Неговото време на искачување на Англиру било меѓу десетте најдобри на сите времиња и никој не го извозел искачувањето побрзо откако Крис Хорнер ја освоил Вуелта во 2013. На крајот завршил трет, негов прв подиум на некоја голема трка.[11]

Достигнувања

уреди
2012
1.   Краен пласман Трка околу Велс за јуниори
1.   Планински пласман
1. Етапа 2
2014
1.   Краен пласман Трка околу Кореја
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 7
6. Краен пласман Трка околу Јапонија
1.   Планински пласман
1.   Пласман за млад возач
6. Краен пласман Мзанси Тур
1. Пролог (ТТТ)
2015
9. Краен пласман Тур ди Жеводан Лангдок-Русијон
1.   Пласман за млад возач
9. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
2016
1.   Краен пласман Вуелта а Астурија
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 1
6. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
8. Џиро дел’Апенино
8. ГП Мигел Индураин
9. Краен пласман Волта а Каталуња
1.   Пласман за млад возач
9. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
2018
3. Краен пласман Класик Колорадо
1.   Планински пласман
5. Краен пласман Трка околу Јута
2019
Тур де Свис
1.   Планински пласман
1. Етапа 9
3. Краен пласман Тур ди О Вар
2020
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 12
4. Краен пласман Тур де ла Прованс
2021
1. Етапа 5 Вуелта а Бургос
3. Класик Сид-Ардеш
5. Краен пласман Трка на Алпите
8. Краен пласман Џиро д’Италија
8. Краен пласман Волта а Каталуња
2022
2. Краен пласман Тур де Лангкави
9. Краен пласман Џиро д’Италија
9. Краен пласман Трка на Алпите

Распоред на резултатите на етапните трки

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро 92 77 11 8 9
  Тур 37
  Вуелта 125 СО 3 СО 25
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Париз-Ница не настапил во текот на неговата кариера
  Тирено-Адријатико
  Волта а Каталуња 9 20 13 СО НСО 8 27
  Трка околу Баскија 85 СО 12 12
  Тур де Романди 47 28
  Критериум ди Дофине не настапил во текот на неговата кариера
  Тур де Свис 56 18 27 НСО СО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

уреди
  1. „EF Education - Nippo“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  2. „Hugh Carthy“. EF Pro Cycling (англиски). Посетено на 1 November 2020.
  3. Грегор Браун. „Hugh Carthy to ride for Caja Rural-RGA“. Cycling Weekly. Посетено на 25 август 2014.
  4. Un inglés, primer fichaje del Caja Rural-RGA en 2015
  5. „Riders to Watch in 2015 – Hugh Carthy (interview)“. Ciclismo Internacional.
  6. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
  7. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
  8. „Vuelta a Espana: Jesus Herrada wins stage six“. 29 август 2019. Посетено на 30 август 2019.
  9. „107th Tour de France: Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 27 August 2020.
  10. Weislo, Laura; Tyson, Jackie (1 November 2020). „Vuelta a España: Hugh Carthy tames fearsome Angliru for stage 12 victory“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 1 November 2020.
  11. Warwick, Matt (8 November 2020). „Hugh Carthy seals Vuelta a Espana podium as Primoz Roglic wins red jersey“. BBC Sport. Посетено на 9 November 2020.

Надворешни врски

уреди