Чима Копи (италијански: Cima Coppi) — награда која се доделува во најважниот дел на натпреварувањето Џиро д’Италија, една од трите големи трки во велосипедизмот.[1] Искачувањето кое го носи ова име се вредува повеќе за планинскиот пласман отколку другите категоризирани искачувања на трката.[2]

Фаусто Копи, 1952 година

Историја

уреди

Категоризацијата била првин воведена на Џиро д’Италија 1965 во чест на Фаусто Копи, кој освоил пет изданија на Џиро и три титули во планинскиот пласман во текот на кариерата.[3] Било најавено на 22 април 1965 од тогашниот директор на трката Виченцо Торијано дека највисокиот врв ќе носи двојни повеќе бодови за планинскиот пласман.[4] Торијано помислувал на можни временски бонуси на врвот; меѓутоа, по многу различни мислења, се одлучил за повеќе бодови во планинскиот пласман.[4]

Чима Копи се менува секоја година, што зависи од рутата на Џиро д’Италија, но Чима Копи од највисок дострел е Стелвио, кој со 2.758 метри е највисоката точка на која некогаш се качило Џиро. Стелвио бил користен во 1972, 1975, 1980, 1994, 2005, 2012, 2014 и 2017 година. Било закажно во 1965, 1988 и 2013 година, но рутата била сменета поради временските услови, со соодветни промени кај наградата „Чима Копи“.

Список на Чима Копи

уреди
Список на сите награди „Чима Копи“
Година Планински превој Надм. височина Прв на врвот
1965 Превој Стелвио 2.758 м
1.958 м[заб. 1]
  Грацијано Батистини (ИТА)
1966 Превој Пордои 2.239 м   Франко Битоси (ИТА)
1967 Тре Чиме ди Лаваредо 2.320 м   Феличе Џимонди (ИТА)
1968 Тре Чиме ди Лаваредо 2.320 м   Еди Меркс (БЕЛ)
1969 Превој Села 2.214 м   Клаудио Микелото (ИТА)
1970 Превој Пордои 2.239 м   Лучано Армани (ИТА)
1971 Гросглокнер 2.506 м   Пјерфранко Вијанели (ИТА)
1972 Превој Стелвио 2.758 м   Хосе Мануел Фуенте (ШПА)
1973 Превој Џау 2.236 м   Хосе Мануел Фуенте (ШПА)
1974 Тре Чиме ди Лаваредо 2.320 м   Хосе Мануел Фуенте (ШПА)
1975 Превој Стелвио 2.758 м   Франсиско Галдос (ШПА)
1976 Кули Вајолет 2.758 м   Андрес Гандаријас (ШПА)
1977 Превој Валпарола 2.200 м   Фаустино Фернандес Овиес (ШПА)
1978 Превој Валес 2.033 м   Џанбатиста Баронкели (ИТА)
1979 Превој Пордои 2.239 м   Леонардо Натале (ИТА)
1980 Превој Стелвио 2.758 м   Жан-Рене Бернодо (ФРА)
1981 Тре Чиме ди Лаваредо 2.320 м   Беат Број (ШВА)
1982 Кол д’Изоар 2.361 м   Лисјен ван Импе (БЕЛ)
1983 Превој Пордои 2.239 м   Марино Лехарета (ШПА)
1984 Превој Пордои 2.239 м   Лорен Фињон (ФРА)
1985 Превој Семпионе 2.005 м   Рејнел Монтоја (КОЛ)
1986 Превој Пордои 2.239 м   Педро Муњос (ШПА)
1987 Превој Пордои 2.239 м   Жан Клод Бажо (ФРА)
1988 Превој Стелвио 2.758 м [заб. 2]
1989 Превој Гавија 2.621 м [заб. 3]
1990 Превој Пордои 2.239 м   Маурицио Вандели (ИТА)
  Шарли Моте (ФРА)
1991 Превој Пордои 2.239 м   Франко Вона (ИТА)
  Франко Кјочоли (ИТА)
1992 Превој Пордои 2.239 м   Клаудио Кјапучи (ИТА)
1993 Превој Пордои 2.239 м   Мигел Индураин (ШПА)
1994 Превој Стелвио 2.758 м   Франко Вона (ИТА)
1995 Кол Ањел 2.744 м [заб. 4]
1996 Превој Гавија 2.621 м   Ернан Буенаора (КОЛ)
1997 Превој Пордои 2.239 м   Хосе Хаиме Гонсалес (КОЛ)
1998 Превој Села 2.214 м   Марко Пантани (ИТА)
1999 Превој Гавија 2.621 м   Хосе Хаиме Гонсалес (КОЛ)
2000 Кол Ањел 2.744 м   Хосе Хаиме Гонсалес (КОЛ)
2001 Коле Фауниера 2.511 м [заб. 5]
2002 Превој Пордои 2.239 м   Хулио Алберто Перес Куапио (МЕК)
2003 Коле д’Езискје 2.366 м   Фреди Гонсалес (КОЛ)
2004 Превој Гавија 2.621 м   Владимир Михолјевиќ (ХРВ)
2005 Превој Стелвио 2.758 м   Хосе Рухано (ВЕН)
2006 Превој Гавија 2.621 м   Хуан Мануел Гарате (ШПА)
2007 Кол Ањел 2.744 м   Јоан ле Буланже (ФРА)
2008 Превој Гавија 2.621 м   Хулио Алберто Перес Куапио (МЕК)
2009 Блокхаус
Сестриере
2.064 м
2.039 м[заб. 6]
  Стефано Гарцели (ИТА)
2010 Превој Гавија 2.621 м   Јохан Чоп (ШВА)
2011 Превој Џау 2.236 м   Стефано Гарцели (ИТА)
2012 Превој Стелвио 2.758 м   Томас де Гент (БЕЛ)
2013 Превој Стелвио
Тре Чиме ди Лаваредо
2.758 м
2.320 м[заб. 7]
  Винченцо Нибали (ИТА)
2014 Превој Стелвио 2.758 м   Дарио Каталдо (ИТА)
2015 Коле деле Финестре 2.178 м   Микел Ланда (ШПА)
2016 Кол Ањел 2.744 м   Микеле Скарпони (ИТА)
2017 Превој Стелвио 2.758 м   Микел Ланда (ШПА)

Белешки

уреди
  1. Завршните 800 метри од искачувањето не биле достапни поради лавина на рутата.
  2. Превојот Стелвио не бил искачен поради снежни наноси кои биле на самиот пат.[5]
  3. Етапата со Гавија била откажана поради лошото време и насобраниот снег на рутата.[6]
  4. Кол Ањел не бил возен поради лавина која го направила непрооден превојот.[7]
  5. Етапата со наградата „Чима Копи“ била откажана поради протести.
  6. Блокхаус бил предвиден за наградата „Чима Копи“, но поради голем снег на врвот на искачувањето, етапата била скратена и завршила на пониска надморска височина од првичната.
  7. Превојот Стелвио требало да биде „Чима Копи“, но поради временските услови, етапата била откажана.[8][9] Со откажувањето на Стелвио, искачувањето Тре Чиме ди Лаваредо станало „Чима Копи“.[10]

Наводи

уреди
  1. Fotheringham 2009, стр. 4-6.
  2. Лора Вајсло (13 мај 2008). „Giro d'Italia classifications demystified“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 13 јули 2013.
  3. Мекган, Бил; Мекган, Керол. „1965 Giro d'Italia“. Bike Race Info. Dog Ear Publishing. Посетено на 6 август 2012.
  4. 4,0 4,1 Џиџи Бокачини (23 април 1965). „The Stelvio Stage Decisive for the Tour?“ (PDF). La Stampa (италијански). Editrice La Stampa. стр. 8. Посетено на 27 мај 2012.
  5. Џон Вилкоксон (27 мај 2012). „From the pages of Velo: Hampsten's Giro: 'I was so happy to survive'. VeloNews. Competitor Group, Inc. стр. 1. Посетено на 23 јуни 2012.
  6. „The queen stage of the Giro was suspended by bad weather“. El País (шпански). Ediciones El País. EFE. 6 јуни 1989. Архивирано од изворникот на 7 мај 2015. Посетено на 27 мај 2012.
  7. Паоло Виберти (2 јуни 1995). „Richard a cut by snow stage points“. El País (шпански). Ediciones El País. Архивирано од изворникот на 2 август 2015. Посетено на 27 мај 2012.
  8. Фаранд, Стивен (22 мај 2013). „Race organisers RCS Sport expect to cut key climbs from mountain stages due to weather warnings“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. Посетено на 25 мај 2013.
  9. „Reactions to the cancellation of stage 19“. Cyclingnews.com. Future plc. 24 мај 2013. Посетено на 25 мај 2013.
  10. Рајан, Бери (24 мај 2013). „Giro d'Italia will reach Tre Cime di Lavaredo in spite of snow, says Vegni“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 26 мај 2013.

Библиографија

уреди