Асан Керим
Асан Керим (турски: Asan Kerim; Штип, 7 јануари 1921 – Белград, 22 јули 1990) — македонски и југословенски политичар и функционер, учесник во работничкото и комунистичкото движење на Македонија. Тој е татко на македонскиот политичар Срѓан Керим.
Животопис
уредиКерим е роден во Штип на 7 јануари 1921 година. Од 1941 година станал член на СКОЈ, а од 1942 година и на КПЈ. Во 1943 до септември 1944 година бил мобилизиран во трудовите единици на бугарскиот окупатор (Ново Село, Струмичко, и Чучулигово во Пиринска Македонија). Во единиците на НОВ на Македонија бил од септември 1944 година. Во октомври бил во Горно Врановци – во Агитпроп при ГШ на НОВ и ПОМ. По војната бил на повеќе општествено-политички функции: претседател на Собранието на градот Штип; генерален директор на Интеримпекс; член на Извршниот совет на СРМ (одговорен за економските односи со странство); пратеник во Сојузното собрание и претседател на Одборот за економски односи со странство.[1]
Наводи
уреди- ↑ ДАРМ, фонд, 427, ЦК на КПМ–СКМ, партиски досиеја, бр. на досие 5746А/ К, 95/ 9