Џорџ Велшки

принц Велшки, најстар син на британскиот престолонаследник Вилијам

Џорџ Велшки (англиски: Prince George of Cambridge); полно име: Џорџ Александар Луис (George Alexander Louis);[б 1] р. 22 јули 2013) — син на британскиот престолонаследник Вилијам, Принцот од Велс и неговата сопруга Катерина, принцезата од Велс, внук на кралот Чарлс III и неговата прва сопруга, покојната Дијана, принцеза од Велс. Принцот Џорџ е втор во редот на престолонаследници по, татко му Вилијам.

Принц Џорџ
Принцот Џорџ во 2019 г.
Роден(а)22 јули 2013(2013-07-22)
Болница „Сент Мери“, Лондон
Полно име
Џорџ Александар Луис
ДинастијаВиндзор
ТаткоВилијам, Принц од Велс
МајкаКатерина, Принцеза од Велс

Раѓање

уреди

Принцот е роден на 22 јули 2013 г,[2] во болницата „Сент Мерис“ во Лондон, каде се родени татко му, Принцот Вилијам и чичко му Принцот Хари.

Раѓањето било означено со почесна стрелба во Бермуда,[3] Лондон,[4] Нов Зеланд[5] и Канада;[6]. Покрај ова, во чест на раѓањето е одзѕвонета камбанаријата на Вестминстерската опатија и разни други цркви,[7][8] а во земјите на Комонвелтот се осветлени разни знаменитости во сина боја, за да се означи раѓањето на машко дете.[9][10][11][12][13][14]

Како подарок за новородениот принц е искомпонирана пригодна приспивна песна насловена како Sleep On со музика на велшкиот композитор Пол Мелор и текст на ирскиот композитор Брендам Греам, а во снимена изведба на новозеландската пејачка Хејли Вестенра.[15][16][17]

Со раѓањето на принцот Џорџ се јавува ситуација семејството да има три поколенија на престолонаследници. Вакво нешто последен пат се случило во 1894 и 1901 г, во последните седум години од владеењето на кралицата Викторија.[18]

Принцот ѝ припаѓа на династијата Виндзор, а со тоа по таткова линија и член на династиајта Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Како член на кралско семејство со титула, Џорџ не користи презиме. Доколку тоа се бара, тогаш презимето гласи Маунтбатен-Виндзор (Mountbatten-Windsor).[1]

Наводи

уреди
  1. „The Royal Family name“. The Official Website of the British Monarchy. The Royal Household. Посетено на 24 јули 2013.
  2. „Royal baby: Kate gives birth to boy“. BBC. 22 јули 2012. Посетено на 22 јули 2013.
  3. „Royal Baby Born, Regiment to Fire 21 Gun Salute“. Bernews. 22 јули 2013. Посетено на 22 јули 2013.
  4. „Royal Baby: Birth Marked With Gun Salutes“. Sky News. 23 јули 2013. Посетено на 23 јули 2013.
  5. Shuttleworth, Kate (23 јули 2013). „Royal baby: NZ marks birth with 21-gun salute“. New Zealand Herald. Посетено на 23 јули 2013.
  6. „Special Gun Salute Honours Birth of Royal Baby“, Market Wired, 23 јули 2013, Архивирано од изворникот на 2013-07-28, Посетено на 23 јули 2013
  7. „Live: Royal baby welcomed with full peal of bells at Westminster Abbey (video)“, The Telegraph, 23 јули 2013, Посетено на 23 јули 2013
  8. „The birth of the new prince“. Bell Board. The Ringing World. Посетено на 24 јули 2013.
  9. Magi, Kim (3 јули 2013). „Royal baby: CN Tower to light up pink or blue to honour birth“. Toronto Star. Посетено на 17 јули 2013.
  10. „Royal baby: Canada's GG quick to react to 'wonderful' news“. CBC News. 22 јули 2013. Посетено на 23 јули 2013.
  11. Waldie, Paul (12 јули 2013). „Around the world, the countdown is on for the royal baby“. The Globe and Mail. Посетено на 17 јули 2013.
  12. „Kiwi landmarks to light up for royal baby“. NZ News. 8 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-22. Посетено на 12 јули 2013.
  13. Mead, Thomas (11 јули 2013). „Royal baby to light up Chch Airport“. 3 News. Архивирано од изворникот на 2013-10-14. Посетено на 12 јули 2013.
  14. Kate Middleton Gives Birth Royal Baby Boy Lightning Strikes London Eye Daily Mail UK, посет. 23 јули 2013 г
  15. Furness, Hannah (7 мај 2013). „Royal Wedding composer writes lullaby for Duke and Duchess of Cambridge's baby“. The Telegraph. Посетено на 21 јули 2013.
  16. „Brendan Graham pens song for Prince William & Kate Middleton“. Hot Press. 9 мај 2013. Посетено на 21 јули 2013.
  17. „Hayley Westenra / Paul Mealor / Brendan Graham – Sleep On (Gift for Royal Baby) (Lyric Video)“. YouTube. Посетено на 21 јули 2013.
  18. Saul, Heather (22 јули 2013). „Royal baby: Three heirs to the throne in line for first time – and the fact it's a boy avoids gender issue“. The Independent. Посетено на 23 јули 2013.

Надворешни врски

уреди