Светлана Камџијаш

Светлана Камџујаш, поет, раскажувач, универзитетски професор, родена е 1964 година во Скопје.

Животопис

уреди

Светлана Камџијаш Дипломира на УКИМ, на Катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје. Во 1981 година завршува интензивен курс по англиски јазик на East Sussex School of English во Брајтон, Англија, и ја објавува првата збирка на српскохрватски јазик „Кораци у лету“ во Никшиќ. Во 1982-1983 година завршува интензивен курс по италијански јазик на Universita` per stranieri во Перуџа, Италија.

Во 1990 година работи како новинар во културната рубрика на Нова Македонија. Во 1989 година била на студиско-специјалистички престој на Универзитетот La Sapienza во Рим, под менторство на проф. Мароти. Од 1992 - 2007 година работи како професор по македонски јазик во ДСУПУ „Лазар Личеноски“ во Скопје[1]. Магистрирала и докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 2005 година е професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје[2], а од 2014 година предава и на Факултетот за ликовни уметности.

Објавила четири книги од областа на философијата, од кои едната е објавена и во Софија; соавтор е на учебник за средно образование. Автор е на повеќе научноистражувачки студии објавени во меѓународни списанија, како и на две поетски збирки.

Дела

уреди
  • Чекори во летот, поезија, објавена на српски јазик;
  • Ведите и Упанишадите – сликата на светот, филозофска стидија;
  • Крајната слобода во системот Веданта (компаративна студија); „
  • Од брегот на реката Ганг – толкувања на митови;
  • Шест Упанишади, разгатнување на херметични стари текстови;
  • Небо – индиго“ поезија;
  • Приказни на тивок оган, раскази.

Наводи

уреди
  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2020-10-31. Посетено на 2020-12-15.
  2. Приказни на тивок оган, Светлана Камџијаш, Или или, Скопје, 2019