Брајтон (англиски: Brighton) е место во Обединетото Кралство во Англија.[1] Се наоѓа на јужната страна на Англија и заедно со местото Хоув го сочинува градот Брајтон и Хоув. Брајтон е едно од омилените англиски летовалишта. Со проценката од 2007 во градот живеело 141.268 жители.

Брајтон
Слика на Брајтон
Слика на Брајтон
Mестоположба
Општи податоци
Име Брајтон
Поштенски број 01273
Повикувачки број 01273
Автомобилска ознака BN
Управа
Земја  Обединето Кралство
Конститутивна земја  Англија
Регија Југоисточна Англија
Грофовија Источен Сасекс
Прекуморска територија
Географија
Површина 82,67 km²
Население
Население 141.268 жители
година: 2007

Историја

уреди

Од 1823 година кога е во Брајтон заграден од Кралски павиљон – летниковец, започнува развојот на градот. Порастот на бројот на жители започнува од 1841 године кога дооаѓа железница. Брајтон од тогаш има постојан раст на жители кој достигнува врхунец од 1961 година со преку 160.000 жители.

Брајтон е многу популарно туристичко одредиште, со посета на околу 8 милиони туристи секоја година. Голем број луѓе се привлечени од нивните хотели, ресторани, продавници и забава. Брајтон и Хоув е исто така образовен центар со два универзитети и 22 училишта англиски. Младите луѓе од целиот свет доаѓаат да учат и да го подобрат англискиот јазик.

Население

уреди

Со процена, во градот во 2008 година живееле 141.268 жители.

Туризам

уреди

Плажата претставува главна атракција со разновидни пабови, барови, ресторани, ноќни клубови и разновидни забави измеѓу два мола. Бидејќи Брајтон се наоѓа на помалку од еден час возење со воз од Лондон, станал многу популарно одредиште и за жителите на главниот град. Во источниот дел од брегот постои една од најголемите марини во Европа.

Спорт

уреди

Фудбалскиот клуб кој го претставува градот се вика Брајтон енд Хоув Албион и моментално се натпреварува во Премиер лигата на Англија.

Познати личности

уреди
Родени во Брајтон
Починати

Наводи

уреди
  1. Мишић, Милан, уред. (2005). Енциклопедија Британика. А-Б. Белград: Народна книга : Политика. стр. 169. ISBN 86-331-2075-5.

Надворешни врски

уреди
  • VisitBrighton туристички информации за Брајтон