Иван Катарџиев (Плоски, 6 јануари 1926 - Скопје, 1 декември 2018) — македонски историчар, еден од основоположниците на македонската историска наука и академик. Од 1972 до 1978 година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[1]

Иван Катарџиев
Иван Катарџиев
Роден(а)6 јануари 1926
с. Плоски, Пиринска Македонија
Починал(а)1 декември 2018
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
ПолињаОпштествени науки, историја, филологија
УстановиИнститут за национална историја, Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
ОбразованиеФилозофски факултет - Скопје, Универзитет во Загреб
ТезаСерската област (1780–1879). Економски, политички и културен преглед“ (1959)

Научно дело уреди

Иван Катарџиев е истакнат научник со вонредно богат научен опус во областа на историските науки. Предмет на неговиот научен интерес е историјата на македонскиот народ во последниве два века, а посебно историјата на национално-ослободителното движење и борбите за слобода и самостојност на македонскиот народ. Тој е автор на 17 книги од кои три се објавени на странски јазици. Се смета за веројатно најдобриот познавач на збиднувањата од крајот на 19 и од првата половина од 20 век и за експерт за прашањата врзани со Внатрешната македонска револуционерна организација.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди