Образовна одисеја на Петар Поп Арсов

По завршувањето на основното образование во Богомила, во учебната 1881/82 година се запишал во велешката нижа гимназија која била финансирана од Велешката црковноучилишна општина. Во однос на црковноучилишното дело, велешкото граѓанство било хомогено и одтука со успех била крунисана борбата против Цариградската патријаршија во 1868 година, кога била отврфрлена нејзината јурисдикција.

Дел од темата „Петар Поп Арсов

Велешка нижа гимназија

уреди

Во 70-тите години на 19 век дошло до обединување на двете општини во една Велешка црковно-училишна општина. Таа ги презела сите ингеренции од црковно-училиштен и општествен карактер, дејствувајќи самостојно и врз принципите од црковното и обичајното право [1]. Македонските општини, поради отсуствотото на македонската држава и црква, претставувале: еден вид на неофицијален народен парламент како што ги нарекол и самиот Петар Поп Арсов, преку кои народот го закрепнувал и зачувал стариот словенски демократски дух. Меѓутоа, против таквиот од на работите истапила новата духовна покровителка на велешани - Бугарската егзархија [1].

Според членот 10 од султанскиот ферман од 28 февруари 1870 година за основањето на Бугарската егзархија, таа под своја јурисдикција ја добила Велешката епархија. Егзархијата го согледала значењето на македонските општини, одтука таа настојувала на нивно чело да постави личности што ќе го спроведуваат и ќе ги бранат големобугарските интереси во Македонија. Егзархијата во учебната 1882/83 година, кога Петар бил во вториот клас, успеала под своја контрола да ги постави сите училишта во Велес. Според Егзархискиот правилник за училиштата, со нив управувал директор или главен учител над кого била спроведувана контрола од претседателот на општината.

Егзархот Јосиф I
Велес во 1863 година

Претседателот бил должен да доставува редовни тримесечни рапорти до Бугарската егзархија и годишен отчет за сета работа. Егзархијата го искористила општиот економски колапс на Османлиското Царство [2] и Велес. Поради опаѓањето на економската моќ на велешките граѓани, дошло и до опаѓање на приходите на Велешката општина и работата на класното училиште, кое својата најдлабока криза ја преживеало во периодот помеѓу 1878 - 1882 година. Состојбата била искористена од Егзархијата која успеала да воспостави контрола над македонските училишта. Оттогаш датираат и првите борби на велешката интелигенција и граѓанство против мешањето на Егзархијата во општинските работи [1]. Во оваа атмосфера, во учебната 1883/84 година Петар Поп Арсов го завршил нижото гимназиско образование. Ванчо Ѓорѓиев истакнува дека:

Антиегзархиското движење кое тогаш се зародило во Велес предизвикало голема омраза кај петнаесетгодишниот богомилчанец кон Егзархијата. Тој со право подоцна станал нејзин најголем критичар и противник на нејзината денционализаторска и асимилаторска политика во Македонија [1]


Солунска егзархиска гимназија св. Кирил и Методиј

уреди
Григор Прличев
Учителите и учениците од Солунската гимназија во учебна 1888-1889 година

Солун како политички, економски и културен центар на Македонија и нејзина врска со светот, одиграл заначајна улога врз проширувањето на мирогледот на многумина Македонци дојдени од внатрешноста, вклучително и врз младиот Петар Поп Арстов. Во учебната 1884/85 година се запиѓал во четврти клас при Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Низ клупите на оваа гимназија минале голем број на македонски револуционери: Ѓорче Петров, Пере Тошев, Дамјан Груев, Гоце Делчев, Борис Сарафов и други [3].

Таа имала престиж и реноме над останатите образовни институции, не само егзрхиски туку и во однос на сличните институциите на останатите пропаганди во Македонија. Во неа предавале еминентни македонски и странски професори [белешка 1]. Гимназијата располагала со опремени кабинети, нејзината библиотека располагала со богата литература од светско реноме: Виктор Иго, Димитриј Иванович Писарев, Шекспир, Гогољ, Пушкин, Лермонтов и други. Меѓу учениците кружела и забранета литература, отука гимназијата уште од своето основање се наоѓала во фокусот на револуционерните пулсации [2].

Таквата клима во гимназијата моѓел да ја почувствува уште во првата година од своето школување во Солун. Имено, во почетокот на 1885 година дошло до училиштен бунт, предводен од Пере Тошев и Ѓорче Петров. Поради бунтот биле исклучени 14 ученици. Оваа мерка само привремено ги смирила духовите во гимназијата. Во гиманзијата пристигнувале и други ученици од сите краишта на Македонија. Тие меѓусебно се запознавале и взамено си влиајеле. Во учебната 1886/87 година во петтиот клас на гимназијата се запишал Даме Груев.

Двајцата набргу се запознале и формирале училиштен кружок кој се занимавал со разни прашања од минатото, но и од современоста, општата состојба во Македонија. Активноста на овој кружок особено се почувствувал во учебната 1887/88 година кога дошло до нов училиштен бунт. Поводот за бунтот биле политичките борби помеѓу русофобите и русофилите во Бугарија, тие се прошириле во солунската егзрахиска општина и гиманзија [белешка 2]. Политичките борби биле искористени од учениците за истакнување на своите барања. Тие го организирале бунтот затоа што: Не можеле да работат на бугарски јазик, туку сакале да им се предава на нивниот домашен македонски дијалект [4]. Тогаш Поп Арсов го добил првото револуционерно крштевање [5] и заедно со своите сомисленици застанал на патот на големобугарските стремежи во Македонија [1]. Најпрво се побунил целиот шести клас во кој бил и Даме и петмина од седмиот клас. Учениците побарале да се смени директорот или во спротивно се заканиле дека ќе го напуштат интернатот и гимназијата. Поради притисокот на учениците директорот Кандиларов бил отстранет, меѓутоа не дошло до смирување на напнатата состојба. Кон крајот на јануари 18 ученици од седмиот клас се побуниле и го напуштиле пансионот. За нов директор бил поставен Никола Начов, кој донел одлука за исклучување на осумина ученици, намалување на поведението, одземање на стипендиите и забрана за излегувањето од пансионот. Поради оваа одлука, како знак на протест половина од учениците на седмиот клас ја напуштиле гиманзијата, а во текот на овие случувања од гимназијата биле исклучени 38 ученика. Меѓу исклученте биле Даме Груев и Петар Поп Арсов. Ванчо Ѓорѓиев за овие настани истакнува:

Петар Поп Арсов, заедно со Даме Груев, во тоа време ја има предводничката улога меѓу учениците. Зато тој бил исклучен, а истата улога ќе му припадне и при шлколувањето во Белград но, ќе го снајде истата судбина [1]


Нив нешто ги мачи

уреди
Стојан Новаковиќ
Улицата Цар Душан во 90- те година на 19 век, во позадината на левата страна е домот на друштвото св. Сава

Случувањата во солунската гимназија од првата половина на 1888 година биле внимателно следени од српскиот конзул Петар Карастојановиќ. Сите информации кои бил поврзани со овие случувања ги добивал од економот на гимназијата Темко Попов. српската пропаганда во Македонија уште од 1886 година, сакала да ја парализира работата на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ [4]. Исклучувањето на македонските ученици било погоден момент за српската пропаганда да се добере до лесен плен кој според нејзините разбирања можел да се обработи и отпосле да послужи како спроводник на српската асимилаторска политика во Македонија [1].

Темко Попов стапил во контакт со исклучените ученици, како и со оние кои доброволно ја напуштиле гимназијата. Тој им ветил дека ќе им овозможи да го продолжат образованието во Кралството Србија [4]. На учениците им била ветена морална поддршка и стипендии доколу го продолжат образованието во Белград [белешка 3]. Карастојановиќ за контактите го известил српскиот дипломатски претставник во Цариград Стојан Новаковиќ и кај негого го испратил исклучениот прилепчанец Панта Кондов за да преговараат. Пред Новаковиќ, Кондов истакнал дека: тие не можеле да работат на бугарски јазик и сакаат да работат и да им се предава на нивниот домашен македонски дијалект [1]. Набргу дошло до преписка помеѓу српскиот конзул во Солун, дипломатскиот претставник во Цариград, Министерството за надворешни работи и Министерството за просвета на Кралството Србија.

Министерството за просвета искажало подготвеност да ги прифати исклучените македонски ученици и да им одобри стипендии, но под услов завршувањето на образованието да се вратат во Македонија и да дејствуваат во интерес на српската идеја. Набргу потоа се започнало со практична реализација на планот за префрлање на учениците во Србија. За таа цел, во Солун пристигнал Светомир Николаевиќ, претседател на друштвото Свети Сава. Тој во јуни успешно ја префрлил првата група од 13 ученици. Во оваа група бил и Петар Поп Арсов. Во средината на септември 1888 година, Петар Тодоровиќ ја префрлил втората група во која бил Даме Груев. До крајот на 1888 година, поединечно или групно во Србија пристигнале уште десетина ученици. Српските фактори успеале да приберат вкупно 33 млади Македонци. Поп Арсов во Белград се запишал прва година на Филозофскиот факултет, оддел филологија, како вонреден студент [1]. Тој станал питомец на Министерството за надворешни работи и бил сместен во приватна куќа. Претпоставените Срби сакале во срцата на македонските ученици да ја всадат српската идеја, отука тие требало да имаат постојна контрола над учениците. Тргнувајќи од оваа позиција, Светомир Николаевиќ поднел барање до Министерството за просвета и црковни работи да се подготви еден пансион за сите ученици. На 1 ноември 1888 година бил отворен Светисавскиот пансион во куќата на владиката Виќентие. Тука биле сместени 32 питомци, меѓу нив бил и Петар Поп Арсов. Тука: бегајќи од едно разочарување, учениците наидуваат на друго, уште потешко [6].

Асимилаторскиот однос на претпоставените, кои дури ги принудувале учениците писмата до своите семејства да ги пишуваат на српски јазик, предизвикале разочарување и огорченост кај Поп Арсов уште на самиот почеток. Отука, тој заедно со 6 - мина дригари, сите студенти во прва подина на Филозофскиот факлутет, на 22 ноември 1888 година, поднел жалба до Министерството за просвета, во барањето меѓу другото било истакнато: Друштвото Св. Сава со своето грижење не доведе во незгодна состојба, во такви околности ние не можеме да го продолжиме натамошното образование [1]. Во жалбата било побарано средствата наменети за нивната издршка да им се дава лично и сами да се грижат за себе. Како причина за своето незадоволство ги навеле лошите услови во интернатот: Да се спие на сламарница и перници наполнети со слама, да се покриваме со ќебиња, кои пшокрај тоа што се тенки, уште полни со гној и крв од ранениците, да работиме по четворица на една асталче, ние не можеме и не сме навикнати [1]. Ванчо Ѓорѓиев истакнува дека незадоволството всушност било предизвикано од неразбирливиот српски јазик [1]. Набргу потоа дошло до судир помеѓу учениците и претпоставените во пансионот. Инцидентот завршил со исклучување на Диммитар Попов, најблискиот соработник на Поп Арсов, како бунтаџија. Меѓутоа незадволството останало. За оваа состојба Светомир Николаевиќ во својот извештај до Министерството за надворешни работи истакнал: Оние ученици што се родум поблизу до Србија, како од Скопје, Тетово и Куманово, ќе бидат добри за нашата народна мисла, т.е за мислата на српското едниство. Но за оние од внатрешноста на Македонија, нив нешто ги мачи. Тие немаат решителност како првите и уште се сомневаат во можноста од блиско српско ослободување [4].

Светомир Николаевиќ
Филозофскиот факултет во Белград, кон крајот на 19 век

Во таква атмосфера, Поп Арсов ја завршил првата година од своите студии во Белград. Настојувањата на српската пропаганда да ги посрби младите ученици биле попусти. Ристо Попов, на 21 август 1889 година, во врска со тоа запишал: Сепак, ние оставаме такви какви што сме биле [4]. Во учебната 1889/90 година, се запишал во втора година и повторно бил сместен во пансионот на друштвото Свети Сава. Оваа година, спростиставувањето на Поп Арсов и неговите другари од нив да се направи вистински Срби, доживеала кулминација. Димитар Попов и Поп Арсов започнале со проповеди против српската пропаганда и ги убедувале своите сонародници дека тие не се Срби [7]. Меѓу другото, тие се зафатиле со преведување на романот Бздушници од Лазар Комарчиќ. од српски на бугарски јазик. Овој ракопис Поп Арсов подоцна го зел со себе во софија со намера да го отпечати таму. Во декември 1889 година во пансионот дошло до нови немири. Организатори биле Поп Арсов, Христо Поп Коцев и Никола Наумов. Поради тоа, тројцата биле истерани од пансионот и исклучени од пансионот поради лошо држење и покажаната голема неблагодарност спрема земјата и друштвото што ги примија [8]. Кон крајот на декември, Поп Арсов, Христо Поп Коцев и Никола Наумов со усна молба се обратиле до Министерството за надворешни работи на Кралството Србија за укажување на можност за продолжување на образованието. Им било одговорено дека ќе бидат прифатени доколку добијат информација од друштвото Свети Сава. За да не губат верем, Поп Арсов и неговите другари на 2 јануари 1890 година повторно се обратиле до споменатото министерство, сега писмено, во кое побарале да не бидат оставени да ја загубат годината, а со тоа и својата иднина. Во исто време истакнале дека на Поп Арсов дома му се случила несреќа [белешка 4], па мора да си оди дома со намера повторно да се врати. Барањето било одбиено, а веднаш по Божиќ, Поп Арсов го напуштил Белград. Во меѓувреме се активирал бугарскиот дипломатски претставник во Белград, Димитар Минчович кој водел преговори со македонските ученици за нивно префрлање во Бугарија. Тој им ветил на македонските ученици дека во Софија ќе им биде дозволено да се организираат врз македонска основа. Српската денационализаторска политика и ветувањата, придонеле 34 македонски ученици да го напуштат Белград и да заминат за Софија [белешка 5]. Така:

Петар Поп Арсов и останатите Македонци, по сила на околностите биле принудени да побараат прибежиште во кнежевството Бугарија за да го продолжат своето образование [1]


Поп Арсовата потрага по сопствен идентитет

уреди
Коста Шахов
Софискиот универзитет Св. Климент Охридски

По напуштањето на Белград, Поп Арсов го продолжил своето образование во Софија како редовен студент по филологија на Софискиот универзитет Свети Климент Охридски. Во тоа време во Софија пристигнала групата од 34 ученици и студенти. Во периодот помеѓу 1887-1894 година на власт во Бугарија се наоѓал Стефан Стамболов, а Бугарија била меѓународно изолирана. Стамболов таквата изолација ја компензирал со туркофилска политика, која водела кон нови отстапки во полза на бугарската пропаганда во Македонија. Во текот на режимот на Стамболов, не постоеле услови за делување на македонската емиграција, бидејќи секое нивно истапување било санкционирано. По убиствата на Г. В`лкович во Цариград и бугарскиот министер за финансии Христо Белчев во Софија, бугарските управници биле обземени од една македонофобија [9]. Бугарските властите започнале со гонење на се она што било македонско. Многу Македонци, општественици, учители, чиновници, трговци, студенти и ученици биле подложени на затворања и судења [9]. Голем дел од нив биле невини [9]. И покрај притисокот на властите, во тоа време во Бугарија врз македонска основа силна дејност развил Коста Шахов. Тој на 21 октомври 1888 година во Русе, Бугарија започнал со издавање на весникот Македонија. Во првиот број на весникот било истакното дека: ... ние Македонците ... не смееме да си ја заборавиме татковината и должнисме да работиме за подобрување на нејзината положба, бидејќи како народ ќе бидеме одговорни пред нашето поколение... задача на весникот Македонија е да се бори за духовно и културно издигање на Македонците [10].

Кон крајот на 1890 година, Поп Арсов со неколку свои пријатели го формирале Македонското студенско друштво. Друштвото било основано врз македонска основа. Во текот на подоцнежното полициско испрашување Даме истакнал дека: Ние го напуштивме школувањето во Белград и дојдовме во Софија, оти ни беше ветено од страна на бугарскиот дипломатски агент во Белград, г. Минчови дека ќе имаме полна слобода за здружување на нас Македонците [11]. По истакнати членови на друшвото биле: Даме Груев, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Никола Дејков и Никола Наумов, а посебна улога при формирањето на друштвото имал Коста Шахов. Друштвото имало за цел: ослободување на Македонија од турското ропство, формирање на револуционерна организација во Македонија, врбување на истомисленици и нивно препраќање во Македонија, издавање на едно списание што ќе се спротивстави не само на турскиот терор, туку и на туѓите пропаганди што го цепат македонскиот народ на Бугари, Грци и Срби. Друштвото сакало своите идеии да ги прошири меѓу македонската емиграција и затоа Даме и Димитар Мирчев одржувале часови при вечернното училиште на социјалистичкото друштво Нов Живот. Слушатели на ова училиште биле македонски печалбари. Меѓутоа плановите на Друштвото биле попречени од убиството на бугарскиот министер за финансии Христо Белчев. Овој атентат ги раздвижил бугарските власти и тие започнале со апсења. Проследувањата особено биле силни меѓу македонската емиграција и студентите социјалистите. За да се избегне ризикот и предвремените жртви, Друштвото привремено ја прекинало сопствената активност. За оваа Друштво Крсте Петков Мисирков запишал:

Мислата за национално обединување на Македонците, иако под маската бугарска, се зафати во 1890 г. Во крајот на 1889 г. се префрлија во Бугарија 30-40 души ученици и студенти Македонци од Белград во Софија. Тие ученици се душата на сите настани во Македонија оттогаш досега. Тие беа запознаени со Србија и Бугарија, со нивните култури и цели во Македонија. Тие и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија помеѓу тие две држави - ако Македонците самите не се вооружат за да си извојуваат сами, со сви сопствени сили и средства слобода и со тоа да го предупредат дележот на Македонија [12]


Во средината на 1891 година врз основа на распуштената Дружина, била формирана Младата македонска книжевна дружина. Во нејзините редови влегувале: Петар Поп Арсов, Георги Баласчев, Георги Белев, Климент Караѓулов, Ефтим Спространов, Никола Дејков, Коста Шахов, Иван Хаџи Николов, Андреј Љапчев, Тома Карајовов, Христо Матов, Наум Туфекчиев, Ангел Наумов и др. Дружината била во тесна врска со кружокот во Софиското воено училиште со кој раководел Гоце Делчев [2]. Во јануари 1892 година, излегол во печат првиот број на официјалниот орган на ММКД, списанието Лоза, по кое припадниците ќе се наречат Лозари. Тие биле под големо влијание од идеите на италијанските карбонари и американските револуционери - герилци [1]. Поп Арсов и останатите Лозари започнале силна агитација сред младите Македонци кои доаѓале во Софија да се запишат во военото училиште, со намера да ги одвратат од претстојното побугарчување и да ги вратат назад во Македонија каде што би биле покорисни [1]. ММКД продолжила со негување и развивање на поставените задачи на Македонското студенско друштво, меѓутоа за се избегнат прогоните на бугарската власт, Дружината си го придодала епитетот книжовна [13].

Георги Баласчев
Комплетна фототипна копија на списанието „Лоза“. Издавач: Млада македонска книжовна дружина, Софија

Уставот што ММКД го обајавил од страниците на Лозо целосно е ослободен од макеоднската национална програма за која се залагала дружина [1]. Меѓутоа и покаарј таквата конципираност на Уставот, ММКД ги обелоденила своите макеоднски национални определби во предговорот на Лоза. Меѓу останатото, Дружината укажала на опасноста од странските пропаганди во Македонија. Во врска со тоа пишува: Само еден поглед е доста да се видат насушените потреби на нашата роднина (татковина б.н). Благодарение на последните политички настанина нашиот полуостров и географска положба на Македонија, денес таму се собрале севозможни надворешни елементи, кои, водушевени од своите сосипувачки планови и интереси за нашата иднина, слободно и со трескава енергија го засилуваат антагонизмот којшто и така постои во земјата [1]. Отука ММКД, прпорачала: Само еден силен отпор од наша страна може да не зачува од незаситните посегања..., затоа ни се потребни сили, а нашите се разнебитени, раздробени, значи, треба да ги соединиме, да ги собереме во една општа моќна сила, сила - народна, ако сакаме да ја запазиме иднината на нашата татковина. Тоа треба да биде стремеж на секој штогоде чувствителен Македонец, каде и да се наоѓа тој. Младата македонска книжовна дружина, имено, таа цел ја има предвид... За постигање на цел Дружината ја издава својата Лоза [1].

Авторите на текстовите кои биле објавени во Лоза, на еден многу вешт начин го прикажале посебниот историски, културен и етнографски карактер на Македонија, притоа воделе сметка во задоволување на вкусот на бугарското општество и влада. Во овој дух е статијата на Езерски (Георги Баласчев). Потоа, рецензијата на книгата Государства и навод. Непотпишаниот автор на оваа рецензија истакнува дека за истата книга се појавиле рецензии и во Бугарија, но било посоченоно дека во нив намерно бил изоставен средишниот дел од книгата што се однесува на односот на Бугарија кон Македонија. Во овој дел посебно е нагласено постоењето на одделниот македонски народ под името Македонски Славјани [1]. Освен тоа Лозарите практикувале еден специфичен јазик и правопис, различен од бугарскиот, со тенденција истиот да послужи како основа за идниот литературен јазик на Македонија. Поради овие тенденции Младата македонска книжевна дружина и списанието Лоза се нашле на отстрел пред бугарското општество и влада. Притоа предводничката улога ја имал провладиниот официоз весникот Свобода.

По појавата на првиот број на Лоза, весникот Свобда пишува: Усилбите на целата интелигенција, на целиот бугарски народ, засега се насочени кон глува, бесшумна борба, за бугарско национално единство; се арчат и пари и сили, и народна енергија во таа борба со Србите и Грците; не се штеди ништо за да победи идејата дека Бугаринот од Македонија, Тракија и Мизија, е син на една и иста мајка Бугарија... и при сето тоа на самото предвечеје на таа засега нерамноправна борба во отворена војна, во бугарската престолнина, во срцето на Бугарија излегуват луѓе што се осмелуваат да ги расипат плодовите од толкугодишните усилби, да докажат дека Македонците се одделна нација, со посебен јазик, со посебни историски задачи! Какви подобри докази можаат да бараат Србите дека Македонија не е Бугарска? [14] Поаѓајќи отука Свобода заканувачки се обраќа на Лозарите: „Да не го навредуваат бугарското народно чувство со подигравка на светиот бугарски идеал! Ако сакаат да му пакостат на светото бугарско дело, да не го праваат тоа барем во бугарската престолнина. Ете им го Белград: Нека повелат таму и од таму нека фрлаат камења врз зградата што се грижел да ја изгради целиот бугарски народ - од Црно Море до Дрим. По излегувањето на вториот број на Лоза, Свобода одново се нафрлила врз Лозарите овој пат преку перото на Левов. Тој меѓу другото пишува:

Младата дружина под превезот на книжевноста не ја гони целта и пропагандата за некаков фонетски правопис, туку тенденции и цели, колку куриозни, жални, толку збунивачки, срамни и опасни... Дружината полека лека ќе го подготвува бугарското општествено мнение за одделување на Македонија од Бугарија и полека лека ќе воведува зборови од охридското поднаречје што ќе биде литературен јазик на идната Голема Македонија, на чело на која ќе дојде некој од уредниците на Лоза во својство на Филип или Александар!?! Итро и умешно замислено и тоа знаете каде? Во Софија, во тоа срце, центарот на Бугарија и бугаризмот!!! [15]


Левов откако ги анализира првите два броја на списанието Лоза констатира дека тоа е сепаратистичко движење и затоа ја алармира бугарската јавност: „Како што гледате Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, дека последната е населена со одделно словенско племе наречено Македонци; дека таму се собрале севозможни надворешни елелменти т.е. Бугари, Грци, Срби... дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се запазат од нашите разбојнички посегања и дека Лоза ќе и служела на истата цел“ [15]. Полемиката околу Лоза била пренесена и во други веници како шуменскиот Искра, егзархискиот орган Новини, потоа во српскиот печат преку Побратимство и грчкиот патријаршиски орган Неологос [1]. Самите лозари ги негираат обвинувањата дека се сепаратистичко движење. Тие напишале:

Останува затоа уште еднаш смело да го кренеме гласот пред целиот бугарски свет, дека нашата Дружина е далеку од какви било сепаратистички планови, кои толку бргу беа фрлени кон неа, и да изјавиме дека идеалот на Мл. Мак. Кн. Д-р не е сепаратизам, туку единството на целиот бугарски народ. [16]


Во тој период, на 8 јули 1892 година, Поп Арсов го добил сведителството за завршен филолошки факултет. Отука, неговиот престој во Бугарија станал излишен, доследен на заветите дадени во МСД и ММКД, тој се вратил во Македонија каде го продолжил започнатото дело. Поп Арсов и лозарите изврпиле силно влијание сред македонската емиграција во Бугарија и воопшто во македонското дело. Нивното прво призание уследило по десетина години од перото на Крсте Петков Мисирков кој забележал дека лозарите настојувале: во почетокот на деведесеттите години се образува едно национално сепаратистичко движење со цел да се одделат интересите на Македонците од бугарските со издигнување на едно од македонските наречја на степен на литературен јазик за сите Македонци [17]. Во 1934 година, Бистришки истакнал дека лозарите под уредништво на Петар Поп Арсов се бореле против српската, грчката и бугарската пропаганда во Македонија и дека тие:

т.н. македонски сепаратисти го докажаа постоењето на одделна македонска нација и пледираа за самостоен државен живот на таа држава [18]


Белешки

уреди
  1. Меѓу професорите биле Григор Прличев, Петар Даниилович Драганов, Константин Величков, Трајко Китанчев и други
  2. Според директорот на гимназијата, Георги Кандиларов, бунтот бил потикнат од тројца учители, кои пројавиле дрска претенциозност... некорекно држење и нередовно исполнувње на должностите, меѓутоа спред други, Кандиларов со својата клерикалност бил сметан за језуит, види П. Динековъ, Македония въ преписката на професорот М. Дриновъ, Македонски прегледъ, XII/2, София, 1942
  3. Македонското движење и српската пропаганда првите контакти ги остваруваат во средината на 70-те години на 19 век, а поголема заедничка соработка се забележува во текот на 80-те години на 19 век. До соработка меѓу двете страни дошло поради отворениот Македонизам од страна на српската пропаганда, како и интересот на македонските дејци за помош против сè повеќе засиленото настапување на бугарската црковно-просветната пропаганда во Македонија. Соработката меѓу двете страни траела до оној момент кога Македонците ги откриле вистинските намери на Белград и неговите пропагандисти. Стојан Новаковиќ истакнал: Бидејќи бугарската идеја, како што ни е познато, фати длабоки корени во Македонија, јас сметам дека речиси е невозможно сосем да се поколеба изнесувајќи ја спроти неа само српската идеја. Таа идеја, се плашам, нема да биде во сосотојба, како чиста и гола спротивност, да ја потисне бугарската идеја, па затоа на српската идеја ќе и биде помош некаков сојузник кој би бил остро против бугаризмот, а кој во себе би имал и елементи кои народот и народните чувства можат да ги повлечат со себе, отцепувајќи ги од бугаризмот. Тој сојузник го гледам во македонизмот или, во извесни мудро одбележани граници, во одгледување на македонскиот дијалект и македонската посебност. Нема ништо толку спротивно на бугарските тенденции како тоа. Со никого Бугарите не можат да дојдат во понепомирлива положба отколку со македонизмот, види Македонско движење и српската пропаганда
  4. Според кажувањата на Даме Груев, тогаш починал татко му на Петар Поп Арсов
  5. Македонските ученици по инструкција на Минчевич, на 1 февруари 1890 година испратиле Адреса до Српското народно собрание. Оваа Адреса била подпишана од 28 до 30 ученици, а Даме бил третопотпишан. Во неа било истаканото: На секој му е познато, дека тоа е земја (Македонија б.н) населена од мнозинство словени, и тоа - Бугари. Меѓутоа, од пред некое време српското јавно мнение толку се зазело со пишување за да ги посрби Македонците, така што тоа заземање постана вистинска страст, како за сите српски новинари, така и за државниците, книжевниците, па и за поедини приватни луѓе. Не слушајќи ги толку авторитетите на образовниот свет, тие сакат насила да го уверат целиот свет дека во Македонија живеат чисти, овејани Срби! Меѓу таквите грешки спаѓа и основањето на друштвото Св. Сава со задача да го шири српството во несрпски краишта. Ние кои до вчера бевме благодејанци на тоа друштво... Мислевме, дека нашите браќа Срби ќе не изддржуваат нас без задни цели, но, за жал, ние луто се излагавме. Да знаевме, дека нашето доаѓање овде ќе имаше такви последици, ние никако не би ни дошле... Но, што гледаме сега? Гледаме се врши некаква политичка цел, гледаме дека ние веќе постанавме оружје против својата народност, со еден збор ние сме - изиграни. Во последно време... ние видовме како друштвото Св. Сава истера тројца питомци од општествениот пансион, а полицијата двајца од нив ги протера надвор од земјата само затоа што се осмелија гласно да ја кажат својата народност. Овој неодамнешен настан, нас не жегна до срце, бидејќи нив ги истераа како Бугари, следува дека ние не сме тоа што тие биле, значи не сме Бугари, тогаш нормално - Срби. Зарем ние Срби? Ние, со кои овде секаде се постапуваше како со Бугари, ние кои овде и од малите деца сме нарекувани Бугари?! ... Ние не ножеме само да се восхитуваме на толкавата дрскот на оние, кои нас не нарекуват Срби, кога тие со тоа не прават ништо друго, освен, ранување на срцето, како на нас, така и на секој родољуб Македонец. Тоа се причините, кои нам ни дадоа повод малку сериозно да се замислиме и што е можно порано да престанеме да бидеме оружје за подигање на нова пропаганда во нашата мила татковина. Во Адресата македонските студенти се изјаснуваат како Македонци и како Бугари, меѓутоа се истакнува дека нивната татковина Македонија е подложна на српската пропагнада. Адресата од страна на бугарската историографија се користи како аргумент за докажување на нивната бугарска национална припадност. Меѓутоа истите тие потписници, а меѓу нив и Даме, претходно се декларирале како Срби, треба да се истакне дека некои од овие потписници, кој подоцна заминале за Софија, побарале да се вратат во Србија затоа што: ние сега гледаме колку сме сродни со Бугарите, подобро да бидеме уште толку години под Турците, отколку под Татари (види Б. Ристовски, Кон проучувањето на престојот на Даме Груев во Белград). Македоците под влијание на пропагнадите се изјаснувале за Срби, Бугари, Грци и Романци, но нивното изјаснување треба да се гледа како на променлива категорија во зависност од нивните интереси. Нивното декларирање како Бугари не треба да се смета за вистинко чувство, а уште помалку за докажување на нивните бугарски корени

Извори

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење, Скопје, 1997
  2. 2,0 2,1 2,2 Димитар Димески, Македонското национално-ослободително движење во Битолскиот вилает (1893–1903), Скопје, второ издание, 1982
  3. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Климент Џамабазовски, Културно-општестевните врски на Македонците со Србија во текот на 19 век, Скопје, 1960
  5. Петар Стојанов, Петар Поп Арсов во националното револуционерно движење на макеоднскиот народ (1868-1919) Скопје, 1963
  6. Гане Тодоровски, Макеоднска правостина, Скопје, 1985
  7. Ванчо Ѓорѓиев, Подземната Република, Дамјан Груев и македонското револуционерно движење, Тримакс - Филозофски факултет - Скопје, 2010
  8. Блаже Ристовски, К. П. Мисирков..., 76
  9. 9,0 9,1 9,2 Спомени на Константин Кондов
  10. Документи за борба на македонскиот народ, т.1
  11. Славко Димевски, Даме Груев и македонското национално прашање до создавањето на ТМОРО, Прилози за Даме Груев..., 66
  12. За македонцките работи
  13. Потеклото на револуционерното движење во Македонија и првите чекори на Солунскиот комитет за придобивање политички права на Македонија дадени со Берлинскиот конгрес, Билтен на привременото претставништво на обединетата на поранешна револуционерна организација, број 8, Софија, 17.07.1919
  14. Лоза#, месечно списание, издава Младата македонска книжевна дружина, Свобода, VI/774, СофиÔ, 18. 02 1892, 3.
  15. 15,0 15,1 Ѓорѓиев, В. - Неофицијални ставови од официјални бугарски личности и институции за македонскиот идентитет од крајот на XIX и почетокот на XX век (253)[мртва врска]
  16. Лоза. Месечно списание, година І, 1892, кн. ІV, с. 186.
  17. За македонските работи/ Националниот сепаратизам: земјиштето на кое се има развиено и ќе се развива за напред
  18. Орде Ивановски, Значајна студија..., 166.