Илустрација Илинден
- За други значења на поимот Илинден воидете на појаснителната страница
„Илустрација Илинден“ е списание на Македонската емиграција во Бугарија помеѓу двете свестски војни и за време на Втората светска војна. Излегува по 10 примероци годишно во Софија од април 1927 до мај 1944 година. Тиражот варира од 1.400 до 5.000 броја.
Корица на „Илустрација Илинден“ | |
Издавач | Илинденска организација |
---|---|
Прв број | април 1927 |
Последен број | мај 1944 |
Земја | Царство Бугарија |
„Илустрација Илинден“ е илустрирано издание на Илинденската организација. Си поставува задача да биде архив на национално-ослободителните борби на Македонците (главно до 1912 година).
Печати статии за историски настани, спомени, биографски податоци за загинати борци, училишни и црковни дејатели, етнографски статии, документи.
Во списанието излегуваат и различни прилози. Содржи податоци за дејноста на Илинденската организација. Во него публикувале познати македонски творци, меѓу кои Венко Марковски, Методи Терзиев, Атанас Лозанчев и други. Главни уредници на списанието се Петар Мрмев, Кирил Христов Совичанов, Христо Шалдев, Лазар Томов, Лука Групчев и други. [1]
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр.384