Раководители на Македонската револуционерна организација
Раководителите на Македонската револуционерна организација како дејци на една конспиративна организација, дејствувале во една средина која ја разбирале и тоа со малку зборови, вклучени повеќе како во некоја деловна работа. На нивните собранија немале навика, ниту традиција да излегуваат да зборуваат пред собранието или јавно, со говори или излагања, за делото. Раководителите држеле говори, но не ги усвоиле ставовите дека треба да бидат трибуни кои ќе го завладеаат аудиториумот. Тие немале дури ни изгледи на оратори, кои ќе и се допаднат на публиката, тие немале искуство да му ја дадат на говорот онаа форма, која ќе имала достапност до публиката со цел таа да биде придобиена. Раководителите на Организацијата зборувале со срцето. Кај нив говорите имале дејствувачки карактер и тон.
Особености
уредиМакедонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
Типот на македонскиот деец и водач во општествениот и револуционерниот живот бил во врска со вистинскиот живот и бил сообразен со него. Во неговата основа лежеле посебностите на македонското население. Во управувањето и во раководтсвото на Организацијата имало двојност. Формалното раководство било во рацете на Комитетот кому сите безусловно му се потчинувале. Војводите и покрај тоа што во своите раце ја имале силата, ги исполнувале заповедите дури и на селските раководители. Тенденцијата на овој систем била да се развива иницијатива и смелост во дејство во широките кругови на работницит, а центарот на тежината требало да остане во рацете на легелните елементи во Организацијата.
Водачите и народот еднакво биле проникнати со идејата за слобода, напоени со солидни чувства и мисли за животот чија тежина подеднакво ја чувствувале. Тоа ги сплотило во една целина, затоа тие биле здружени и секогаш се разбирале еден со друг. Меѓутоа, слаба страна бил различниот менталитет и карактер на луѓето во Организацијата. Високите раководители на Организацијата ги извршувале своите задачи со своето морално влијание, без да се во противречност со формалните раководители - комитетите. Првостепените сили во Организацијата формирале од себе една сплотена духовна целина, во која секој го работел својот дел со благотворно влијание, според своите способности.
Раководителите заемно се дополнувале еден со друг за да ги пополнат сите заедно празниините во редовите и во раководството. Нивната искреност ги правела да бидат здружени меѓу себе и нивното заемно дејство да биде можно. Гоцевиот ентузијазам, Перевата конспиративност, Дамевото организаторство и Ѓорчевата тактичност, заедно направиле таква сила, но поединечно тие не можеле да го изместат или да го разместат едниот од другиот.
Раководителите на Организацијата, дури и највидните, според целосноста на мислите, идеиите и темпераментот биле различни. Во почетокот имало и такви што немале ништо револуционерно во себе, но во новите услови на животот и дејноста коренито се измениле. Некои од нив како дејци на Организацијата ја изгубиле духовната врска со минатото.
Други раководители, со својот конспиративен дух сами се надраснале. Пере Тошев, по природа бил тивок, но бестрашен конспиратор, бил вечно зафатен да дава импулс со својт тврд карактер. Во редовите на раководството имало и луѓе со силен темперамент, со повозвишена душа и понапредни идеии. Тие и давале на револуционерната дејност темпо, импулс и создавале расположение во организацискиот живот.
Водачите на Македонската револуционерна организација не биле творци на свои учења и идеии, тие биле жртви на времето и општественото расположени на македонското населението. Организацијата била дело на колективен напор на широк круг на луѓе од Македонија. Во прво време редовите на Организацијата ја исполниле почувствителните членови на општетсвото, ителигенцијата. Првите устави и правилници на Организацијата биле во централистички дух, но тоа било само на хартија. Организацијата се развивала по пат на деловна работа. Поединци ја создале структурата на Организацијата, врз готови темели, создадени сами по себе. Иницијативата била во рацете на луѓе самосвесни и ентузијасти од разни краишта. Раководителите само ја канализирале дејноста на одделни појави. Подвизите на одделни личности дејствувале заразно на широките кругови и ја создале онаа плејада од безимени херои, кои биле потпора и гордост на Организацијата и го сочинувале нејзиниот актив. Ѓорче Петров истакнува:
„ | Македонското ослободително дело почна од таму, каде што стигна бугарското, кое беше на својот крај и дури од подалеку, па затоа немаше потреба од апостолство како на Левски... [1] | “ |
Гоце Делчев се разбирал со своите сакани селани од североисточна Македонија каде што и била неговата стихија. Тој бил пречекуван како кум и бил семеен со сите, како најчист носител на нивните мечти и желби. Гоце бил изразувач на нивните чувства и мисли. Тој бил повече од сите задоволен од таа, скромна, оригинална македонска улога — народен водач во кого не внесувал блесок, но затоа пак имал длабока суштина и духовна величина.
Идеологија
уредиОрганизацијата немала посебна идеологија. Нејзините врати биле широко отворени за сите, без разлика на нивните политички убедувања. Во организациските работи или на собранијата со членството, никој не зборувал за организацијата и идеологијата, Работата била нивана работа, а не идеолошка. Водачите си имале свои основнипогледи и свои разбирања за положбата и работите, коишто стоеле пред нив и ги завршувале со голема упорност, настојчивост и насоченост.
Идеологија имало, само што нивната идеологија имала своја оригиналност. Групата на Јане Сандански и Христо Чернопеев искажале склоност кон идеологија. Водачите на Организацијата имале свои разбирања за работите и положбата во идеен поглед, но тоа била врската, животот и положбата во Македонија и во својата идеологија го внесувале гласот на своето срце. Водачите и народот во Македонија се разбирале потполно, еднакво го чувствувале гласот на своите срца и чувства, еднакво го разгорувале пламенот на своите чувства и пориви. Тие биле тесно сплотени како една целина, во заедничкото живеење и работа.
„ | Водачите навистина направија една жртва бидејќи на населението не му зборуваа за своите мисли и идеи. Тие се одрекоа ос секаква субјективност во своите мисли. Целта беше да не се зголемуваат целите и задачите како и преданоста во работата. Населението не можеше да ги разбере овие идеи. Од своја страна, населението ги награди за нивната жртва со бескрајна преданост и љубов... | “ |
Извори
уреди- ↑ Ѓорче Петров, Беседа за Гоце, Култура, 2003