Централизам
Централизмот е идеологија и систем за организирано дејствувањето на Македонската револуционерна организација, оваа идеологија го подразбирала и идно уредување на проектираната независна македонска држава. Негова антитеза е Врховизмот.
Македонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
Специфичности
уредиРепубликанизам
уредиЦентрализмот како идеологија бил официјализиран со Уставот од 1896 година и применет во практичното револуционерно дејствување на МРО, при организирањето на Крушевската република (1903) и во Уставот и уставното уредување на современата македонската држава.
„ | Член 1. Тајната Македоно - Одринска Револуционерна Организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области [1] | “ |
Демократски начела
уредиЦентрализмот на МРО бил заснован врз демократски начела. Во МРО можеле да членуваат и членувале Македонци, Власи, Евреи, Ерменци, Турци и др. жители на Македонија, кои ја прифаќале усвоената цел: одбрана на територијалната целост на Македонија, ослободување и создавање македонска држава, која ќе обезбедува демократски права и слободи, рамноправност на сите без разлика на националната и верската припадност, под девизата: Македонија на Македонците.
Прашањето за централизмот особено било актуелно во македонските средини непосредно пред Втората светска војна [2]
Извори
уреди- ↑ Устав на ТМРО на викиизвор.
- ↑ Македонски вести, 43, 1936.