Македонска конференција (1912)

Македонската конференција или собир била организирана во трагичните денови за македонскиот народ во екот на Првата балканска војна, на 21 ноември 1912 година во Велес.

Дел од темата „Петар Поп Арсов

На собирот присуствувале: Петар Поп Арсов, Иван П. Јорданов, Ризо Ризов, Димитрија Чуповски, врховистот Крум Зографов во придружба на двајца врховистички претставници од Штипско и Кочанско, Алексо Мартулков и други.[1]

Најпрво говорел Поп Арсов, а по него Димитрија Чуповски. Тој ги запознал присутните дека поделбата на Македонија е решена од страна на сојузниците и отука побарал да се преземе активност за самостојност на Македонија. Истовремено, предложил да се поднесе еден меморандум до големите сили во кој ќе се изнесе барањето на македонскиот народ за самостојна Македонија, како и да се испрати една делегација во Лондон, која пред големите сили ќе агитирале за Автономна Македонија под протекторат на големите сили.

Меѓутоа, оваа концепција уште на самиот почеток наишла на остро спротивставување кај врховистите. Крум Зуграфов заканувачки рекол: Јазиците ќе ви ги исечеме, само ако некој рече самостојна Македонија. [1] Слично изјавиле и другите врховистички претставници: Нема да дозволиме самостојна Македонија. На овој врховистички испад, Петар Поп Арсов одговорил: секогаш сте биле гробари на Македонија и сега вие сте гробари нејзини.[1] Истапот на врховистите се случил во моментот кога Внатрешната организација повеќе не суштествувала. Врховизмот веќе доживеал метаморфоза,[2] а местото на врховизмот било заменето со неоврховизмот,[2] кој се вгнездил во конзервативната струја, на веќе непостојната Внатрешната организација, предводена од Христо Матов. Водачите на десница веќе јавно се рашетувале со бугарскиот престолонаследник Борис.

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов..., 143.
  2. 2,0 2,1 Димитар Димески, Кашина..., 142.