Љубомир Милетиќ
Љубомир Милетиќ или Милетич (бугарски: Любомир Милетич; Штип, 1 јануари 1863 - Софија 2 јуни 1937) — научник од областа на бугарската и славистичката филологија и историја.
Љубомир Милетиќ | |
---|---|
Роден | 14 јануари 1863 Штип |
Починал | 1 јуни 1937 (возр. 74) Софија |
Образование | доктор на науки |
Занимање | Универзитетски професор, филолог, етнограф |
Работодавач | |
Биографија
уредиРоден е во 1863 година во Штип. Татко му Георги Милетиќ е роден во Хабсбуршката Монархија, но потекнува од Одринска Тракија.[1] Во Македонија е учител во Велес, Штип, Кукуш, Струмица, Ваташа. Мајка му Евка Попдаова е од Велес.[1]
Љубомир Милетиќ учи во Нови Сад и Софија, а потоа го завршил средното образование во Загреб. Словенска филологија учи во Загреб и Прага. Докторира во Загреб (1888). Работи како професор на Катедрата по словенска филологија на Софискиот универзитет “Св. Климент Охридски” (1892 - 1934). Тој е еден од основачите на Вишата школа во Софија (Софискиот универзитет) и активен член (од 1898) на Бугарското книжевно друштво (Бугарска академија на науките). Бил и ректор на Софискиот универзитет (1921) и претседател на Бугарската академија на науките (1926 - 1937).
Милетиќ е поддржувач на бугарскиот став за националната припадност на Македонците. Активно учествува во основањето на Македонскиот научен институт (МНИ) во Софија, чија основна задача е прибирање, обработка и објавување материјали за Македонија. Уредник е на списанието "Македонски преглед".
Милетиќ ги има редактирано и објавено спомените на бројни македонски револуционери, а на неписмените борци (Никола Митрев-Езерски) самиот тој им ги запишувал со своја рака.
Објавени дела
уреди- “Старобългарска граматика с упражнения, текстове из старобългарските паметници и речник” (1888)
- “O članu u bugarskom jeziku” (Загреб, 1889)
- “Старото българско население в Североизточна България” (1902)
- “Das Ostbulgarische” (Виена, 1903)
- “Die Rhodopemundarten der bulgarischen Sprache” (Виена, 1911)
- “Документи за антибългарския действия на сръбските и гръцките власти в Македония през 1912 - 1913 г.” (София, 1929) (Онлаjн издание)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Љубомир Милетич (1863-1937) од Далибор Јовановски. Филозофски факултет - Скопје, 2015. (македонски)
- "Разорението на тракийските българи презъ 1913 година", Българска академия на науките, София, Държавна печатница, 1918 г.; II фототипно издание, Културно-просветен клуб "Тракия" - София, 1989 г., София.
- "Движението отсамъ Вардара и борбата съ върховистите по спомени на Яне Сандански, Черньо Пеевъ, Сава Михайловъ, Хр. Куслевъ, Ив. Анастасовъ Гърчето, Петъръ Хр. Юруковъ и Никола Пушкаровъ; съобщава Л. Милетичъ", София, Печатница П. Глушковъ, 1927, поредица "Материяли за историята на македонското освободително движение", Издава "Македонскиятъ Наученъ Институтъ", Книга VII.
- "Дако-ромъните и тяхната славянска писменость. Часть II. Нови влахо-български грамоти отъ Брашовъ", Сборникъ за Народни Умотворения, Наука и Книжнина, книга XIII, София, 1896, стр. 3—152.
- Виктор Цветаноски, "Македонците крем на бугарското општество" (7), "Македонската борба пренесена од штипјанецот Милетич", "Утрински весник", број 2863, вторник, 16 декември 2008.
Претседатели на Македонскиот научен институт |
професор Иван Георгов | професор Љубомир Милетиќ | професор Никола Стоjанов | професор Димитар Сиљановски | Георги Кулишев | професор Петар Шапкарев | професор Димитар Гоцев | професор Трендафил Митев |