Бугарска историографија

Бугарска историографија (бугарски: българска историография) е контроверзна наука која што нејзината главна улога е проучување историјата на Бугарија. При преродбата на Бугарија се појави како прв пат во форма на активист и преродбеници што посакувале свој народ и историја. Денешната Историографија е контроверзна со различни држави заради нејзината ревизионизам кон различни дела од историјата.[1]

Историја

уреди

Преродбата на Бугарија

уреди
 
Слика од Васил Априлов, познат преродбеник во историографијата на Бугарија, но самиот автор никогаш не се именувал самиот себеси како бугарин, туку се именувал како грк.[2] При грчката војна на независност тој вложел пари за да ѝ помогнел. Но при неговата посете во Русија русофилскиот автор Јуриј Венелин пробал да формира вештачки бугарски идентитет на Априлов. Но тој сепак продолжил да се именува како грк.[3]
 
Слика од Васил Левски, еден од најпознатите револуционери во Бугарија, споредуван со Гоце Делчев. Но Левски немал никакво присуство на бугарски идентитет, тој соработувал со грчката православна црква и учествувал во српската армија како Србофил.[4] Во време на комунизам во Бугарија, историографија почна да наметнува вештачки бугарски идентитет на Левски, заради тоа што историографијата беше претежна русофилска и Левски имал русофилски идентитет.[5]

Народот во Бугарија пред нејзината преродба немале чист определен концепт на бугарски идентитет ниту ни бугарски јазик или култура, граѓани кој што се наоѓале во јужниот дел од Бугарија имале грчки идентитет и самите се именувале како дел од грчкиот народ, но со разлика од јужниот дел, северниот дел од бугарија содржила силен русофилски идентитет.[6] Голем број на буржоазијата во Бугарија само користеле грчкиот јазик, самите себеси се именувале како грци и нивната култура, во црковни школа исто така беше користен грчки.[7] Со појава на историографија почна процесот на формирање вештачки бугарски идентитет и разделување народот во Бугарија од грците и русите.

Бугарската историографија како концепт првпат се појави околу периодот на русофилската преродба на Бугарија со делата на Петар Бакшиќ, србски католичар од Бугарија[8] кој што во 1667 ја објавил книгата „Историја на Бугарија“, многу историчари од Бугарија ја сметаат книгата како почеток на Бугарската историографија, но во времето на Бакшиќ единствена цел на книгата беше ширење на тогашната католичка пропаганда присутна во Бугарија.[9] Во 1762 околу почетокот на преродбата во Бугарија, познат македонски преродбеник од Бугарија Свети Паисиј Хилендарски го пишува еден од најпознатите дела во Бугарската историографија и ренесансата во Бугарија, под името „Историја на славјанобугарска“ (во постар правопис- Исторїѧ славѣноболгарскаѧ).[10] Во нејзе имаше детална историја на народот во Бугарија и нејзините цареви, но книгата има неколку проблематични карактеристики како грешавање на датумот на владеење на одредени цареви.

Во 1823 беше објавено уште едно дело што помогна со развиток во историографијата, Јован Рајиќ, познат србин од војводина ја објавил книгата „Исторія разныхъ славенскихъ народовъ наипаче Болгаръ, Хорватовъ, и Сербовъ“ каде што ја објаснувал историјата на Хрватите, Србите и народот во Бугарија. Според авторот на делото, народот од бугарија имало татарско потекло и се преселиле од Монголија кон денешна Русија со Печенезите и после при мешавање со рускиот народ станале словени.[11] При преродбата Историографијата успешно ги раздели народот од Бугарија со Грците но неможеле да ги разделат од нивните русофилски чувства, голем број на преродбеници се именувале како Русофили а не Бугари. Според историчарот Константин Косев, познат историчар од Бугарија, тој истакнува како Русофилството беше длабоко во корените на народот и неможеле да го разделат.[12]

Кнежевство Бугарија

уреди
 
Слика од Санстефанска Бугарија, голем број на Бугарски историчари и националисти сметаат дека Санстефанска Бугарија е „етничката граница на Бугарија“ но според историски наводи причината што Бугарија ги доби тие територи е ништо друго освен политички корист од страна на Русија. Руското царство планираше да имплементира вештачка Бугарска држава што би била кукла на Русија и би дадел право на Русија да ги користи пристаништа во Егејска Македонија за трговија.[13][14]

При војните на Бугарија со помош на Русија беше формирана вештачка Бугарска држава под името „Кнежевство Бугарија“ и околу овој период Бугарската историографија почна повеќе да се развива,[15] заради силното влијание на Русија, Историографијата беше составена со претежно русофилски историчари. Кога беше формирана нова официјална државна историографија нејзината главна улога беше да ја шири историјата на Балканот кон луѓето во Бугарија, тие воделе истрашувања за словенскиот народ во време на Византија и после Отоманското Царство. Еден од првите историчари беа Петар Мутафичиев.[16] Новата историографија од прво беше спротив идеата со сојуз со Румелија заради тоа што Русија беше против идеата.[17] Сепак постепено ја прифатиле идеата и почнале да шират про-сојузна пропаганда, според нив, Румелија само беше уште еден дел од Бугарија што не беше ослободено.[18] Познато дело што испадна околу тој период беше „Историја Бугарскога народа до пропасти државе“ во 1878 од српски историчар Милан Савиќ. Во нејзе детално ја објаснува историјата на Бугарија, во книгата го обележуваат народот во Бугарија со татарско-руско потекло, истакнувајќи дека при нападите од Татарите во европа се вмешале со Финските Руски каде што биле произведувани Фински „Бугари“ и после тие се преселиле во Балтикот.[19]

Под влијание на пансловенските идеи и особено на руската славистика, прашањето за припадноста на Бугарите на словенските народи доби централно значење во историографија на Бугарија. Ова прашање стана централно во филолошко-историските истражувања од тоа време, речиси до крајот на 20 век. Предизвикан од политичките интереси на големите сили, а особено на Русија, научниот интерес за ракописното наследство на словенските народи е на големо значење за изградбата на новите национални држави во Централна Европа и на Балканот. И покрај зависноста на научните идеи од политичките цели на Руската империја.[20]

Околу овој период со појава на официјална историографија за прв пат почна дискусија за Македонското прашање, голем број на историчарите во Бугарија не се согласувале со концептот на македонски народ со свој јазик и култура, тоа е заради тоа што беше против политиката на владата.[21] Руската влада имала големи интереси кон политичките односи на Историографијата, знаејќи дека Историографијата веќе имало силно русофилско влијание одлучија да ја користат историографијата како начин на проширување русофилските гледишта. Нивните операции биле успешни и народот во Бугарија посакале да имаат Руски цар наместо цар од потекло од Бугарија.[22] При 1880-тите имаше разделба помеѓу историографијата за руското влијание во Бугарија, македонскиот социјалист во Бугарија Димитар Благоев се декларирал како Русофил.

Голем број на поранешни револуционерни што соработувале со Васил Левски и Внатрешната Револуционерна Организација што биле против русофилското влијание биле отстранети и изгубиле сите нивни правда. Захариј Стојанов беше еден од овие револуционери, кој после открие за неговата иднина почна да соработува поблиску со Руската влада во Бугарија и Русофилската Историографија. Историографијата исто промовираше другарство со Бугарија и Русија, наведувајќи дека со длабоки корени се поврзани двете народи.[23] Социјалисти околу овој период биле строго против Русија (Русофоби или Русофобија) што создаде различни разделби помеѓу Историографијата.[24]

Царство Бугарија

уреди
 
Слика од Бугарската армија депортирајќи евреиското население од Македонија, според Историографијата на Бугарија тие пробале да им помогнат на евреите, но според историски наводи тие биле антисемитизни и убиле над 11.000 евреици од Македонија. Сепак Историографијата на Бугарија не посакувајќи да ја признава вистина го именува тоа како „пропаганда од Македонија“[25]
 
Слика од погребот на Цар Борис III, според Историографијата на Бугарија тој бил „форсиран“ да соработува со Третиот Рајх, но при неговото погребување во 1943 биле прикажани знамиња на Нацистичка Гермија со неговиот гроб.[26] Многумина луѓе од Бугарија сметале дека Германскиот народ и нивниот биле „браќа со иста цел“

Во време на Царството Бугарија, Историографијата почнала да се разделува од русофилското влијание на Руското царство, тие почнале повеќе и повеќе да се ориентират кон национална политика и национална историја.[27] тие почнале да се ориентират кон бугарска историја и кон историјата на Македонија заради Втората Светска Војна. При II (2) светска војна Историографијата редовно ширеше пропаганда за Бугарското учество во војна, именувајќи ги народите во Егејска и Вардарска Македонија како Бугари. Истовремено Историографијата соработувала со централната влада да произведува предрасудиски дела каде што пробале да oбјаснат како заслужено беше алијансата помеѓу Фашистичка Бугарија и Третиот Рајх.[28]

При процесот на депортација на евреиското население од Македонија, историографијата беше поделена во два дела за субјектот, двете страни во одредено ниво содржиле антисемитизни гледишта кон ситуацијата, според една страна Бугарската армија ги депортирале не од одмразда туку според Историографијата „биле форсирана од страна на Третиот Рајх“[29]. Втората група смета дека воопшто не депортирале евреици, туку им помогнале на 50.000 Евреици, и двете групи според историски докази биле грешни, некој историчари од Бугарија сметаат дека втората група шираат чиста пропаганда, како историчарот Стефан Дечев кој посакувал влада на Бугарија да признае нејзините злонамерни дела кон евреискиот народ.[30]

 
Слика од весник за Народноослободување на Скопје. Историографијата во Бугарија како обид да си ја подобри сликата после Втората светска војна создале вештачка приказна за како Скопје и други дела од Македонија биле ослободени од Бугарската Армија, но според мемоарска литература единствени ослободувачи биле НОВМ.[31]

Покрај крајот на Втората Светска Војна, Историографијата на Бугарија пробаше да си ја подобри сликата со надворешните држави, тоа беше преку Борис III. Тие исто почнале да формираат вештачка приказна дека народот во Бугарија и влада била форсирани да соработуваат со Фашистичка Германија, но не беше успешна, во една средба со парламентот Винстон Черчил истакнува:

„Трипати фрлени во војна на погрешната страна од мизерно друштво на криминални политичари, кои се чини дека се способни за уништување на нивната земја генерација по генерација, три пати во мојот живот оваа бедна Бугарија го подложи селанско население на сите страдања на војната и казни за поразот“

Историографијата на Бугарија исто пробаше да формира вештачка приказна за нејзината улога во НОБ за како Скопје и други дела од Македонија биле ослободени од Бугарската Армија. Но вакви информации биле откриени дека се грешни. 5-та Бугарска Дивизија требаше да учествува со ослободувањето на Скопје но одлучија да останат покрај влезот во Скопје наместо директно учествувајќи. Има голем број на мемоарска литература за ослободувањето каде што чисто прикажува дека бугарската армија не беше учесник во ослободувањето. Во еден извештај издаден од Штабот на брегалничко-струмичкиот корпус од 24 октомври ја потврдува неактивноста на бугарската армија и во кочанскиот крај

„Бугарските сили се целосно неактивни во тој сектор Кочана“, известија од централата на Брегалничко-Струмица на 24 октомври Главниот штаб на корпус на Народноослободителната војска. » Германци се наоѓаат на пругата Тракања-Теранци. Овде се неактивни и Бугарите. Тие не го спроведуваат договорениот план за заедничко дејствување, па доцнат во битката или воопшто не влегуваат“

— [33]

Социјалистичка Бугарија

уреди
 
Слика од Црвената Армија во време на ослободувањето на Бугарија, во сликата е прикажано како граѓаните во Софија биле среќни за постигнувањето на Црвената армија, силен индикатор на русофилското чувство на населението во тоа време.
 
Слика од изјава од страна на министерство на наука од Бугарија каде што нагласува промени на седмо одделение учебници каде што го корегирале грешката дека царството на Самуил беше бугарско и признавале дека Самуиловото Царство беше македонско. Во писмото е исто истакнато дека Климент и Наум не биле бугари. Во самата изјава содржи текст каде што владата објаснува како вакви теории - дека Самуил, Климент и Наум се бугари, се фашистички, великобугарски и шовонистички.[34]

После падот на фашистичката влада беше формирана нова социјалистичка историографиска комисија за проучување на историјата на Бугарија. Со разлика на другите историографии оваа беше повеќе прифатлива и искрена, во раните периоди во време на владата на Македонскиот политичар Ѓорѓи Димитров почнале соработка со истовремено новата формирана македонска историографија. Со компромис со македонската историографија во 1947 се согласиле со следното:

  1. Самуиловото Царство да не биде именувано како „Западна Бугарија“ туку како свое посебно македонско царство.
  2. Признавање дека царството на Пребонд беше македонско.
  3. Свештениците Климент и Наум не биле бугарски свештеници туку „словенски“[35]
  4. Самуиловото Царство беше за македонскиот народ, не за бугарите.
 
Слика прикажувајќи ја бугарската азбука, според историографијата на Бугарија, азбука е според „старобугарскиот јазик“ (термин користен во Бугарската историографија зa старомакедонскиот јазик) но според Марин Дринов кој беше еден од основачите на денешната азбука на Бугарија, признава дека тие ја копирале руската азбука и од прво ги додадоа малата и големата носовка за да се разликуваат, но на крајот одлучија да ги отфрлат.[36]

Во време на влада на Ѓорѓи Димитров историографијата почнала да формира подобри гледишта кон Македонскиот народ и Македонското прашање. Голем број на историчари од историографијата на денешна Бугарија биле против историографијата на Социјалистичка Бугарија. Според нив марсистичката историографија ја уништи „вистинската бугарска историја“ и наметнуваше „лажна комунистичка“ верзија.[37] Социјалистичката историографија исто содржила високо ниво на русофилство заради помошта што бугарија доби од СССР. Меѓу најпознатите дела во социјалистичката историографија беше од Николај Севастијанович Державин, руски автор кој што во 1947 - 1948 го објавува делото „История на България“ со два тома. Тие исто соработувале блиско со Информбиро.[38]

Кога Тодор Живков, познат русофил, станал главен на социјалистичка Бугарија историографијата се промени со нејзиниот однос и постапка, тој повеќе почна да ја ориентира кон национализам и великобугаристика, при тоа исто почнал процесот на асимилација на македонскиот народ во Пиринска Македонија. Околу овој период во историографијата на Бугарија почна да се развива предрасудската тезата за македонскиот јазик како норма, базирана врз есенцијално бугарски дијалект, веќе речиси не се прифаќа од авторитетни научници надвор од Бугарија. Овој поглед постои одредена еволуција во меѓународните научни кругови, и таа не е во корист на Бугарија. За време на социјализмот бугарската позиција имаше повеќе застапници надвор од Бугарија, сега бројот е помалку. За тоа придонесува самата агресивност и националистичко тесноградие на бугарската позиција во однос на Македонија, која што често ги одбива странските специјалисти, што отпрвин имале искрени симпатии спрема Бугарија како земја, култура.[39]

Околу овој период почна процесот на Антитурцизмот кој се изразил во негирање на турската припадност на создавачите на средновековната бугарска држава, или доколку истата се прифаќала, тоа се компензирало со нивно минимизирање како бројка, маргинализирање на нивното место и значење во рамките на основаната од нив држава, а генерално во редуцирање на нивното учество во етногенезата до степен на симболично. Овој стремеж го надживеал времето кога бил политички актуелен и е сосема видлив и денес. Причината можеме да ја бараме во тоа што антитурцизмот се претворил во важен елемент во бугарскиот националната историја. Големото турско малцинство во Бугарија и соседството со далеку надмоќната турска држава исто придонесуваат за тоа.

Околу овој период исто беше воведен антигрцизмот, Бугарскиот национализам се оформува не само како обид за издвојување од Османлиската империја, но и во борба за еманципација од Цариградската патријаршија и во конкуренција со грчкиот национализам за доминација во Македонија и Тракија. Бугарските историчари овој свој современ непријател – Цариградската патријаршија и грчката национална држава го пренеле назад во времето до пред претпоставените почетоци на бугарската етногенеза и него го препознале во Византија. Ова ќе има огромно влијание во бугарската медиевистика и требало да поминат повеќе децении откако современа Грција престанала да се гледа како непријател и конкурент во Бугарија за да можат таквите погледи да започнат да слабеат, но тие се сè уште живи. Освен во толкувањето на улогата на Византија и „византинизмот“ како нешто негативно антинационално и антибугарско тоа нашло израз и во претставувањето на Византија како непријател чија постојана агресија, нешто во што можеме да го слушнеме ехото од преродбенските борби и борбите меѓу егзархијата и патријаршијата, а не од средниот век. Византија била оквалификувана како асимилатор и уништувач на бугарската литература, па митовите за уништувањето на книгите родени во преродбата биле пренесени назад во минатото.[40]

Денешна Бугарија

уреди

Во 2008 имаше контроверзија помеѓу Бугарската историографија и научници од Кина, научниците кога ја анализирале Бугарската историографија најдоа дека редовно фалсификувале историја за да ја подобри сликата во рамка на други историографи.[41]

Наводи

уреди
  1. Осудете го бугарскиот историски ревизионизам (2022) од Нова Македонија
  2. Roudometof, V. (2001). Nationalism, Globalization, and Orthodoxy: The Social Origins of Ethnic Conflict in the Balkans. Bloomsbury Academic.
  3. Trade, Migration and Urban Networks in Port Cities, C. 1640-1940. (2017). Обединето Кралство: Liverpool University Press
  4. Скандал за Бугарија - Левски бил српски легионер и грчки монах (2021) од МКДенес
  5. Колко пък да сме русофили? (2018) от Любен Обретенов
  6. Blunt, F. J. S. (2023). Twenty Years' Residence Among the People of Turkey; Bulgarians, Greeks, Albanians, Turks, and Armenians: In Large Print. (n.p.): Megali Verlag. page 26
  7. Schurman, J. G. (2023). The Balkan Wars: 1912-1913. Good Press.
  8. Станојевиќ, А. М. (1914). Дело, Том 70. стр. 92.
  9. Tesař, Jiří (2011). Čiprovská literární škola: autoři a jejich dílo. MASARYKOVA UNIVERZITA, Filozofická fakulta. стр. 12–21.
  10. Хилендарски, Паисиј (1914). Исторiја Славјанскобугарско (PDF). Бугарската академија на науки.
  11. Раичъ, Іоаннъ (1794a). Исторія разныхъ славенскихъ народовъ наипаче Болгаръ, Хорватовъ, и Сербовъ. 1. Въ Вїеннѣ: Въ Славенно-Сербской, Валахїиской и Восточныхъ языковъ Привилег. Тѵпографїй.
  12. Kosev, K. D. (2001). Кратка история на Българското възраждане. Бугарија: Академично издателство "Проф.Марин Дринов". с.170
  13. Jelavich, Charles (2023). Tsarist Russia and Balkan Nationalism, Russian Influence in the Internal Affairs of Bulgaria and Serbia, 1879-1886. University of California Press. стр. 5. ISBN 9780520350427.
  14. Neilson, K. (2016). The British Way in Warfare: Power and the International System, 1856–1956: Essays in Honour of David French. Обединето Кралство: Taylor & Francis.
  15. Konstantinov, Dimitŭr (1973). Проблеми на бъларската историография след Втората световна война. Bŭlgarsko istorichesko druzhestvo. стр. 115.
  16. Jugoslovenski istoriski časopis. Jugoslovensko istorisko društvo. 1938. стр. 61.
  17. Кои русофили бяха против националния идеал – Съединението (2020) от СДС
  18. Bŭlgarska komunisticheska partii︠a︡ (1985). Partien zhivot. T︠S︡K BKP. стр. 73.
  19. Савиќ, Милан (1878). Историја бугарскога народа до пропасти државе. "Srpske narodne zadružne štamparije". стр. 28.
  20. Българската медиевистика (краят на XIX - средата на ХХ в.) и националната идея от Цветана Чолова
  21. Македонски преглед: издава Македонският научен институт. (2006). Бугарија: Институт.
  22. Jelavich, C. (2023). Tsarist Russia and Balkan Nationalism: Russian Influence in the Internal Affairs of Bulgaria and Serbia, 1879-1886. Германија: University of California Press. страна 28
  23. Daskalov, Rumen (2011). Debating the Past, Modern Bulgarian Historiography—From Stambolov to Zhivkov. Central European University Press. стр. 34. ISBN 9786155053009.
  24. Daskalov, Rumen (2004). The making of a nation in the Balkans : historiography of the Bulgarian revival. Central European University Press. стр. 153. ISBN 9789639241831.
  25. И Холокаустот повод за македонско - бугарски тензии (2023) од Марија Тумановска
  26. Цар Борис бил погребан со нацистички знамиња (2023) од Балкан
  27. Национализмът в Царство България (1919-1944 г.) (2015) от Антон Николов
  28. РАЙХЪТ И ЦАРСТВОТО ГЕРМАНСКОТО ПРИСЪСТВИЕ В БЪЛГАРИЯ (1933 – 1940 г.) (2020) от Владамир Затарски (БЪЛГАРСКА ИСТОРИЯ) с. 11-12
  29. Бојаџиев, Христо (1989). Saving the Bulgarian Jews in World War II. Free Bulgarian Center. стр. 1.
  30. 11,343 people. How and why did the Jews from the "new Bulgarian lands" die in March 1943. (2020) by Stefan Dechev
  31. Како не успеала бугарската парада за „ослободувањето“ на Скопје (2018) од Предрај Димитровски
  32. Черчил: Три пати во мојот живот Бугарија беше на погрешна страна (2021) од Независен
  33. Митровски, Боро; Глишиќ, Венцислав; Ристовски, Томо (1971). Bugarska vojska u Jugoslaviji 1941-1945. Bugarska okupatorska vojska (april 1941-9. septembar 1944) Saradnja između narodnooslobodilačkog pokreta Jugoslavije i antifašističkog pokreta otpora Bugarske. Učešće jedinica otečestvenofrontovske Bugarske u borbama na tlu Jugoslavije na kraju rata. Beograd: "Međunarodna politika".
  34. Бугарија во 1947 година признала дека Самоиловата држава не била бугарска, а сега Македонија го прифаќа спротивното (2023) од Македонија
  35. Голем број на поранешни историчари во Бугарија што соработувале со историографијата во време на Втората свестка војна биле против новата комунистичка влада, за безбедноста на државата да не потпадне под бунтови од националисти одлучија да решат со компромиз каде што ги обележуваат со двосмислениот термин „словенски“
  36. За новобългарското азбуке : статия от М. Дриновъ. - Периодическо списание на Българското книжовно дружество : Год. 1, кн. 2 (1870), с. 13.
  37. ЕДИН ПОГЛЕД ВЪРХУ РАЗВИТИЕТО НА БЪЛГАРСКАТА ИСТОРИОГРАФИЯ ПРЕЗ XX ВЕК (НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЯ) РАЗВИТИЕ НА ИСТОРИЧЕСКАТА НАУКА ОТ 1944 Г. ДО КРАЯ НА XX ВЕК (2021) од Тодор Поп Еделев
  38. Предмет и задачи на историографията като наука (2018) от проф. д-р А. Нейкова
  39. Во Бугарија уште живее сонот за „ребугаризација“ на Македонија (2020) од Борис Георгиевски
  40. Стојков, Стојко (2017). 70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ИСТОРИОГРАФИЈА (PDF). Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филозофски факултет. Институт за историја. стр. 183–184.
  41. Исторически преглед Том 64. Българска академия на науките). 2008. стр. 314.