На Мокров (расказ од животот на Македонците)
На Мокров (расказ од животот на Македонците) — прозен расказ напишан од Петар Поп Арсов. Објавен е во списанието „Лоза“, кој бил офцијален орган на Младата македонска книжевна дружина. Дејството на расказот се случува во Богомила и во потесното подрачје на Азот, при што се отсликува еден секојдневен настан од животот во Османлиска Македонија. Поп Арсов на еден мошне интересен начин го прикажал менталиетот на македонскиот народ. Во расказот Поп Арсов, во лицето на еден патник ги пренесува своите размислувања и пораки до народот. Тој пишува:
Рајо, рајо! Мислиш ли ти, дека со бабински плачеви ќе те слушне Бог и ќе се спасиш? Се лажеш несреќнице! Дојди по мене и ќе се спасиш - рекол Исус на еден, а тоа значи: Стани, опри се против непријателот и Бог ќе ти помогне. Лозјето не сака молитва, ами мотика! Од оф и леле и што ми било пишано! до сега никој не видел аир... та свести се, забога! Те тепа арнаутин - тепај го и ти! и тој душа и ти: раце ти дал Господ - што му додеваш на Бога... [1]
Поп Арсов, во расказот ги предава дијалектите на македонскиот јазик со карактеристичниот дијалект на Азот. Расказот е напишан со типичен лозарски правопис кој е усовршен и е единствен таков текст објавен во Лоза. Петар Поп Арсов е првиот Македонец [2] што во овој текст за меките македонски согласки ја употребува формата по графеми онака, како што Крсте Петков Мисирков ги употребил по 11 години. Новините кои Поп Арсов ги вградил во својот расказ подоцна послужиле како урнек на Мисирков, кој ја употребил истата форма на графеми за меките македонски консонати во веќе легендарната книга За македонцките работи [3].
Извори
уреди- ↑ Комплетна фототипна копија на списанието „Лоза“. Издавач: Млада македонска книжовна дружина, Софиа
- ↑ Стојан Ристевски, создавање на макеоднскиот литературен јазик, Скопје, 1988, 49
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонскотонационалноослободително движење, Матица Македонска, Скопје, 1997