Македонско прашање

Македонското прашање претставува еден од проблемите на Балканскиот Полуостров, а се работи за територијалните претензии на соседните држави кон Македонија и прашањата за постоењето т.е. непостоењето на македонскиот народ, а со тоа и постоењето на македонскиот јазик. Србија, Бугарија и Грција, секоја од свои „причини“ имаат свои тези за непризнавањето на македонскиот народ, држава и јазик.

Книгата „Македонското прашање - во минатотот и сега“ (1943) од Васил Ивановски (Стиснете на сликата за да ја читате во целост)

Народот којшто денес е населен на просторот на Република Македонија е од словенско потекло, а неговата етничка припадност и денес е предмет на оспорување. Народот е македонски и има својот јазик - македонски јазик.

Историја за прашањето

уреди

Започнувајќи од Берлинскиот конгрес во 1878 година на којшто на Отоманското Царство требало да и се вратат во владение територијите на Македонија и Одринска Тракија од Санстефанска Бугарија. Потоа Србија и Бугарија започнуват со интезивна пропаганда кај населението. Двете пропаганди имале за цел да го идентификуваат месното население во Срби односно Бугари. Една од пропагандите беше и стипендијата која што ја доделуваа на идните интелектуалци и луѓе со високи функции да бидат индиректни заговорници на една од страните.

Во оваа пропаганда преку Цариградската партријархија Грција е вмешана уште од многу порано односно од времето на распуштањето на Охридската архиепископија со што првично започнува и елинизацијата на македонското наеселение.

Србија и Грција ја направиле Македонија објект на меѓусебна поделба уште во 1861-1862 година. Тогаш тие ја разделиле Македонија на две сфери на влијание: Македонија на север од линијата Охрид - Горна Џумаја (денес Благоевград) станала српска а на југ - грчка.[1][2] Во преговорите во Букурешт било одлучено да се создаде заедничка српско-бугарска држава која покрај Србија, Бугарија и Тракија би ја вклучила и цела Македонија. Меѓутоа ова пропаднало поради бурните настани што во меѓувреме се случиле на Балканот.[3]

Бугарска гледна точка

уреди

За време на Османлиското владеење на Балканот етноними ретко се користеле. Населението било поделено на верски заедници: правоверни и неверници, вклучени во законски признаени религиозни општества (милети). Како резултат, народите почнале постепено да ja губат нивната етничка припадност. Рум милетот бил верската заедница на православните христијани. Сепак под османлиска власт етнонимите никогаш не биле исчезнати, што укажува дека некоја форма на етничка идентификација била зачувана.[4] Тоа се гледа и од султански ферман од 1680 година во кој се наведени народностите во Балканските земји на империјата и тоа се: Грците (Рум), Албанците (Арнаут), Србите (Срф), Власите (Ефлјак) и не на последно место Бугарите (Булгар).[5] Сепак, тогаш обичните луѓе гледале на себеси повеќе како христијани, а татковината им се протегала до границите на земјата на родното им населба.

Сепак, во почетокот на 19 век со продорот на западните идеи за нацијата во османлиското општество, постепено започнала да се менува содржината на милет системот. Цариградската Патријашија, која дотогаш била обединувачката институција на православниот милет, започнала да се трансформира во политичка институција и да се идентификува со грчкиот народ, преземајќи ја улогата на грчка национална црква. Тоа ги поттикнало и другите народи на Балканот што му припаѓале на Рум милетот да започнат борба за национално осамостојување. Како резултат на започнатите црковно-национални борби во 1861 година била признаена Бугарската унија, а во 1870 година и самостојна Бугарска егзархија и така бил признаен посебен Булгар милет или бугарски народ. Како дел од Булгар милетот, во минатото голем дел од Макeдонците биле именувани и сами се именували како Бугари. Така на пример процесот на организирање на гласање за припојување кон Егзархијата во македонските епархии во Охрид и Битола во 1874 завршил со резултат повеќе од две третини за Егзархијата. Со Санстефански мировен договор од 1878 година требало да се воспостави Бугарска автономна област во рамките на Отоманското Царство која ја опфаќала речиси цела Македонија. Големите сили не биле задоволни со таа Голема Бугарија и ова незадоволство довело до одржување на Берлинскиот конгрес и споставило конец на овие идеи. Истовремено во сите поголеми градови на териториите под јурисдикција на Бугарската Егзархиja биле отворени прогимназии, а исто така и многу основни училишта. Општо во 1882-1883 во Македонија и Одринско постоеле 237 бугарски егзархиски училишта, во 1899-1900 тие веќе биле 942, а во 1912 година бројот им се зголемил на 1,373 училишта.

Според еден од основачите на ВМОРО - Христо Татарчев, идејата за слободата на Македонија се појавила кај македонско-бугарскиот народ по силата на оној неминовен универзален закон во животот на народите, за развивање и конкретизација на мислата и волјата како народносно самосознание и историска реалност и таа негова фантазија најпосле се обејективизирала во почетокот на 1893 г. во форма на конспиративна организација - ВМОРО. Дури Македонскиот историчар Крсте Битовски смета дека не постоjaт дилеми како се викала револуционерната организација во Македонија при нејзиното формирање во 1894 година и дали познатиот недатиран Устав кој Организацијата кој ја нарекува „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“ е прв. Бугарската наука смета и дека Илинденско востание од 1903 година било кренато поради инсистирањето на Иван Гарванов, непобитен Бугарин, кој како раководител на ВМОРО, во мај 1903 завршил во затвор поради Солунските атентати. Пред самиот почеток на Балканските војни во 1912 година сите чети и одреди на ВМОРО, формациски биле вклучени во составот на Македонско-одринското ополчение. Со тоа македонските одреди и чети станале дел од Бугарската армија и ја примиле нејзината организациона структура. Во време на Првата светска војна, ВМОРО привремено престанала да постои, а нејзините раководители, четничкиот и војводскиот кадар ја формирале 11 македонска дивизија во рамките на бугарската војска. По првата светска војна во програмската определба на новата ВМРО појмот автономна постепено бил заменет со поимот независна Македонија, во која ќе живеат Бугари.

Самиот процес на одделување на македонските Словени бил делумно резултат на асимилаторската политика на Кралство Југославија и Кралство Грција спроведена меѓу двете светски војни. Локалните бугарски цркви и училишта биле затворени или претворени во српски или грчки, а свештениците и учителите биле малтретирани и протерани во Бугарија. Подоцна дел од младата лева интелигенција, ja отфрлил новата српска и грчка врска, но и бугарските корени на своите родители. Така во 1934 година по неjзна иницијатива била прифатена резолуција на Коминтерната за македонското прашање. Со неа за првпат во историјата било признаено постоењето на посебен македонски народ и македонски јазик. Сепак, населението во Македонија ja прифатило Бугарската воjска во 1941 година како ослободителка од српскиот и грчки гнет. Меѓутоа, поради лошо организираната администрација и фактот дека Германија ќе ја изгуби војната, Бугарија ја изгубила својата популарност. Така, за време на бугарската власт во Македонија (1941 - 1944), комунистичкиот отпор, особено од 1943 година бил се поактивен и се борел за самостојна македонска држава и создаване на посебна нација. На овој пат, претежно по создавањето на Југословенската федерална Народна Република Македонија по Втората светска војна, со кодифициране на македонскиот јазик, се формирала конечно и македонската нација.

Српска гледна точка

уреди

Србите својата теза ја градат на тоа дека голем дел од населението крајот на 19. и почетокот на 20. век под притисок на бугарите и Турците се претопиле и ги промениле своите презимиња од -иќ (на српски јазик -ић) во -ски. (Ивановиќ е сменато во Ивановски).

Грчка гледна точка

уреди

Веќе беше спомнато дека, преку Цариградската партријархија, Грција е вмешана уште од многу порано - Од времето на распуштањето на Охридската архиепископија со што започнува елинизацијата на македонското наеселение.

Големата идеја (грчки: Μεγάλη Ιδέα) е проект за голема Грција на Балканот во границите на некогашната Византија која се појавува во мислите на Ригас и била публикувана во 1821 година. Како дел од оваа Голема идеја се засилува грчката националистичка пропаганда во Македонија, која во современа форма рефлектира денес во односите на оваа држава со соседите).

Како продолжување на оваа пропаганда денес грчката држава преку неприфаќање на името на македонската држава го негираат постоењето на македонската нација преку ирационалното неприфаќање на употребата на терминот Македонија, Македонец и македонски јазик, затоа што, според официјалнитот став, Македонија е името на нивна провинција, која постои од минатото од времето на Александар Македонски, и нема врска со Словените кои се населиле неколку векови подоцна. Поради ова, Република Македонија исто така е позната и под називот ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија), меѓутоа се обидуваат и двете страни да изнајдат заедничко име, меѓутоа ниту една од страните не се согласува со издадените предлози.

Македонското име во Обединетите нации

уреди

Македонски научник проф. Игор Јанев во својот научен труд во реномираното списание American Journal of International Law покажа дека Македонија при приемот во Обединетите нации (ОН), беше условена со дополнителните услови надвор од исцрпно дефинираните во Повелбата на ОН, што е спротивно на Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правда (МСП) од 1948. година, и е спротивно на Резолуцијата 197/3 (1948) на Генералното собрание на ОН со која истото Советодавно мислење на овој суд се прифаќа. Во својот труд д-р Игор Јанев докажа незаконитоста на два дополнителни посебни услови за членството на Македонија во ОН. Условите за прием, специфични за Македонија се: 1) да се носи, по приемот во ОН, привремената деноминација Поранешна Југословенска Република Македонија, и 2. по приемот во ОН, Македонија да има обврска да преговара со друга земја (Грција) за уставното име (односно за својот мегународно-правен идентитет). Јанев го докажа ultra vires акт на ОН користејки методот и принципот според кои во времето трансцендентните услови за приемот во Организацијата на Обединетите нации (што траат по чин на приемот) не се легални и воопшто немаат правни својства. На овој начин д-р Јанев, откривајки го ultra vires акт предлага решение за прашањето за името во ОН. Овакво решение подразбира иницирање на постапка на Генералното собрание на ОН за добивањето Советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата за законитоста на дополнителните посебни услови за членството на Македонија во ОН. Со добивањето на таквото советодавно мислење од судот според кое дополнителните услови за членството се нелегални, и со прифаќање на истото советодавното мислење од Генералното собрание на ОН,во истата резолуција со која се прифака овој став, би било воведно и користењето на уставното име (Република Македонија) во Обединетите нации.[6].

Наводи

уреди
  1. Петар Стојанов: „Македонија во политиката на големите сили во времето на Балканските војни, 1912-1913“, Скопје, 1979, стр. 41
  2. Гргур Јакшиќ: „Из новије српске историје“, Београд, 1953, стр. 47-53.
  3. Историја на македонскиот народ, книга втора, Скопје, 1969, стр. 82-108.
  4. „Balkan cultural commonality and ethnic diversity. Raymond Detrez (Ghent University, Belgium)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-11. Посетено на 2013-03-15.
  5. История на българите. Късно средновековие и Възраждане, том 2, Георги Бакалов, TRUD Publishers, 2004, ISBN 9545284676, стр. 23. (Bg.)
  6. види Игор Јанев, Legal Aspects of the Use of a Provisional Name for Macedonia in the United Nations System, AJIL, том 93. но. 1, 1999