филм: (портал, проект)  

Избрани статии на порталот за филм се оние статии кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни и најсодржајни. Пред да се постави овде некоја статија истата мора да биде изгласана за уредност, точност, неутралност и стил на пишување.

Предлагачот на избрана статија потребно е на разговорната страница да предложи и текст (извадок или сиже од статијата) кој ќе оди на порталот за филм и истиот да биде ставен на увид при гласањето.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува во недела во 24 часот по македонско време, и потоа содржината која добила најмногу гласови се поставува на насловната страница од порталот.

Забелешка: На секоја од избраните статии, најдолу, под категориите, се поставува предлошката {{Портал:Филм/Избрана}}.


2008.декември

Педро Алмодовар Кабаљеро (шпански: Pedro Almodóvar Caballero) (роден 24 септември 1949 во Калсада де Калатрава, Шпанија) е шпански филмски режисер, сценарист и продуцент. Алмодовар е аргументирано најуспешен и интернационално најпознат шпански филмски режисер од неговата генерација. Неговите филмови, одбележани со комплексни нарации, содржат мелодрама и користат елементи од поп култура, популарни песни, хумор, силни бои и интересни декорации. Желба, страст, семејство и идентитет се едни од најупотребуваните теми на Алмодовар. Неговите филмови се светски познати, а тој стана една од најголемите личности во филмскиот свет.

Својот прв важен филм, Алмодовар го направи во 1980 - Пепи, Луси, Бом и другите девојки од маалото (1980) (Pepi, Luci, Bom y otras chicas del montón) со многу мал буџет и тим на волонтери со кои снимаше преку викенди. Филмот беше заснован на неговата фото-новела Главни ерекции, која претходно била објавена во магазинот Ел Вибора (Змијата). Овој филм содржи серија споени настани наместо еден цел заплет. Ги следи авантурите на трите личности именувани во насловот: Пепи, која сака да се одмазди на корумпираниот полицаец кој ја силувал, Луси, мазохистичка домаќинка и Бом, панк рок пејачка, лезбејка. Централната тема на филмот, пријателство и женска солидарност, се појавуваат и во другите филмови на Алмодовар.

Филмот го затекнаа финансиски и технички проблеми. Сепак, Алмодовар има убаво сеќавање од неговиот прв филм: „Пепи, Луси, Бом... е филм полн со дефекти. Кога некој филм има само еден или два дефекта, се смета за несовршен филм, но кога постојани има технички пропусти, тоа се нарекува стил. Тоа го кажав шегувајќи се кога го промовирав филмот, но верувам дека тоа беше блиску до вистината.“

повеќе...

2008.ноември

Пол Леонард Њуман е роден на 26 јануари 1925. Тој е успешен глумец кој во својата кариера ги има освоено речиси сите можни филмски награди како што се: Златниот глобус, Еми наградата,Канската награда, награди од Американската акдемија за глума итн. Роден е во Шакер Хајтс. Неговиот татко Артур С. Њуман, кој потекнувал од германско-еврејско семејство имал продавница за спортски работи и бизнисот добро му одел. Неговата мајка Тереза е родена во словенско-католичко семејство во Птичие, која ја примила христијанската религија кога Пол имал 5 години. Таа помагала во продавницата на сопругот, додека ги чувала Пол и неговиот брат Артур, кој подоцна станал продуцент и менаџер за продукција.

Младиот Пол бил паметен и добар во спорот. Исто така уште од мали години покажувал интерес за театарот, нешто за што бил целосно охрабруван и подржуван од мајка му. Своето глумечко деби го направил на седумгодишна возраст глумејќи дворски забавувач во училишната претстава “Робин Худ“. Матурирал во средното училиште во родното место Шакер Хајтс во 1943. Потоа се запишал на универзитетот Охајо во Охајо каде се приклучил кон братството Фи Капа Тау. Во Втората Светска Војна служел во воената морнарица на Тихиот Океан. Потоа сакал да премине од авијацијата во некоја друга единица каде што ќе може да пука со пиштол за што имал голема желба бидејќи не успеал да се квалификува за пилот поради проблеми со очите. По војната ја комплетирал својата диплома на Кенион Колеџот, а подоцна студирал и глума на Јеал Универзитетот под водство на професорот Ли Страсберг во глумечко студио во Њујорк. Многупати додека студирал глума размислувал да го напушти Њујорк и да замине во Холивуд, каде што бил цел глумечки свет и ќе може полесно да добива улоги, но сепак решил да остане и да ги доврши студиите.

повеќе...

2008.октомври

Хилари Ернхард Даф (англиски: Hilary Erhard Duff) (родена 28 септември 1987) е американска глумица, пејачка итн. Откако Даф ја започнува својата кариера во телевизиската серија Лизи МигВајр како младата Лизи Мигвајр целиот нејзин живот засекогаш се менува. По успехот во дизниевата серија почнува професионално да се занимава со филмот. Најпознати филмови за Хилари се Приказна за една Пепелашка, Лизи МигВајр филмот и други.

По прославувањето Даф открива уште еден нејзин талент: пеењето. Даф го користи нејзиниот прекрасен глас и станува и позната поп пејачка. Има издадено многу албуми и нејзината музичка кариера сè повеќе расте. Има многу шпекулации дека Даф го напушта филмскиот свет бидејќи има доволно пари и сега се посветува на музиката но тоа не е точно. Во последно време Даф има снимено и многу други филмови.

Но нејзините таленти не завршуваат тука таа е и одличен текстописец, филмски продуцент и исклучителен моден творец. Хилари Даф се има прославено поради нејзините многу бројни таленти, нејзината убавина, глас и водењето еден вид нормален живот за разлика од други познати личности како Линдзи Лохан, Парис Хилтон и Бритни Спирс.

Покрај нејзината кариера таа е прогласена за една од најубавите девојки на планетата. Некои со еден збор ја опишуваат како „боженствена“ а некои како „полна со таленти“, но самата Хилари вели дека покрај убавината сè што таа постигнала во својот живот е плод на нејзините таленти а не на сексапилот.

повеќе...

2008.септември

Марлон Брандо Џуниор (англиски: Marlon Brando, Jr.) (3 април 1924 - 1 јули 2004) е двократен оскаровец, икона на филмската уметност низ целата должина на својата повеќе од половина век долга кариера. Брандо ќе остане запаметен по своите улоги во филмовите Пајтонот наречен Желба и На доковите на Њујорк, и двата режирани од Елиа Казан во раните 1950ти, како и по своите антологиски изведби на Вито Корлеоне во Кум и на полковникот Волтер E. Курц во Апокалипса сега и двата режирани од Френсис Форд Копола во раните 1970ти. Неговиот глумечки стил, комбиниран со неговата јавна личност на аутсајдер незаинтересиран за Холивуд во раните 1950ти ќе има клучно влијание врз генерацијата што ќе даде глумци од типот на Џек Николсон, Роберт де Ниро, Пол Њуман, Ал Пачино, Роберт Дувал, Џејмс Дин, Дастин Хофман, Расел Кроу, Шон Пен, Адриен Броди, Едвард Нортон, Леонардо ди Каприо и Џони Деп.

Марлон Брандо Џуниор, син на Марлон Брандо Сениор и Дороти Пенебакер Брандо е роден на 3 април 1924 во Омаха, Небраска. Во 1935, кога имал само 11 години, неговите родители се разделиле. Неговата мајка за кратко време ги зела своите деца Марлон, Жaклин и Франсис Брандо да живеат со неа во Санта Ана, Калифорнија, до 1937 кога неговите родители пак се смирија и се иселија во Либертивил, Илиноис, село во северно Чикаго. Семејството беше од холандско, ирско, германско, англиско потекло. Бабата на Брандо Мари Холовеи го оставила нејзиниот сопруг Еуген и нејзиниот син Марлон Брандо Сениор кога тој имал само пет години. Семејството Брандо било сместено во Њујорк за долго време. Сенејното име претходно се изговараше Брандоу и го добил од страна на Германски имигрант, Јохан Вилхем Брандау, кој се сместил во Америка во раните 1700ти. Брандо имал бурно детство. Тој заостанал една година во училиште а после бил избркан од средното училиште на Либертивиле. На 16 годишна возраст, се вратил во војната академија на Шатук и таму веднаш се забележа неговиот талент за театар и добро се вклопи во структурата на училиштето. Во неговата последна година 1943 добива условна казна заради дрскоста што ја покажал кон еден офицер за време на вежби. Дел од казната бил тој да оди во училиштен кампус но тој се обидува да побегне во град но бил фатен. Сепак ставот на наставници одлучи тој да биде истеран од кампусот, но подоцна го викна назад во училиштето, но и покрај тоа тој се одлучи да не го заврши школувањето.

повеќе...

2008.август

Јуриј Борисович Норштејн (руски: Ю́рий Бори́сович Норште́йн или само Јуриј Норштејн) (роден на 15 септември 1941) е многукратно наградуван руски аниматор најпознат по неговите кратки филмови, Еже во маглата и Приказна на приказните. Од 1981 година работи на долгометражен анимиран филм со име Шинел, инспириран од истоимениот расказ на големиот руски писател Николај Василевич Гогољ.

Јуриј Норштејн е роден во селото Андрејевка, во текот на евакуацијата на неговите родители за време на Втората светска војна. Израснал во московското предградите Марина Рошча. Иако завршува уметничко училиште, Норштејн најпрво се вработува во фабрика за мебел. Потоа успешно поминува курс по анимација во траење од две години и успева да се вработи во познатото советско студио за анимација Сојузмултфилм во 1961. Првиот филм во кој учествува како аниматор е Кој рече „Мјау“? од 1962 година.

Откако работи како аниматор на пеесетина филмови, Норштејн конечно добива можност и сам да режира. Во 1968 година дебитира со 25 октомври, Првиот Ден, делејќи ги режисерските заслуги со Аркадиј Тјурин. Филмот е направен во стилот на советските уметници од 1920-тите години - Алтман и Петров-Водкин.

повеќе...

2008.јули

Квентин Џером Тарантино (англиски: Quentin Jerome Tarantino) (роден 27 март, 1963) е американски филмски режисер, сценарист и глумец. Тој е и добитник на наградите Оскар и Златна палма. Тој се издигна до слава во раните 1990-ти како независен филмски уметник чии филмови користеа нелинеарен тек на приказната и стилизирано насилство. Во неговите филмови се вклучуваат Касапски кучиња (1992), Евтини приказни (1994), Џеки Браун (1997), Убиј го Бил (прв дел 2003, втор дел 2004) и Отпорен на смрт (2007).

Тарантино е роден во Ноксвил, Тенеси, син на Кони Цаступил, медицинска сестра и Тони Тарантино, глумец и музичар роден во Квинс, Њујорк. Таткото на Тарантино бил Американец со италијанскo потекло, а неговата мајка имала делумно потекло од индијанското племе Чероки. Откако го напуштил средното училиште во Харбор Сити, Калифорнија на возраст од 15 години, отишол да учи глума во „Џејмс Бест театарската дружина“. Ова се покажало како влијателно во неговата филмска кариера. На возраст од 22 години, се вработил во „Менхетен бич видео архивите“, сега застарена видеотека во Менхетен Бич, Калифорнија, каде тој и неговите пријатели, исто така филмски фанатици, како Роџер Ејвери, по цел ден дискутирале и препорачувале филмови на муштерии, меѓу кои бил и глумецот Дени Стронг.

Сценариото на Тарантино, Вистинска романса, било откупено и евентуално издадено во 1993. Откако Тарантино го запознал продуцентот Лоренс Бендер на една холивудска забава, Бендер го охрабрил да напише друго сценарио. Во јануари 1992 вториот филм на Тарантино, Касапски кучиња, кој претставува неговото режисерското деби, е прикажан на Санденс филмскиот фестивал. Филмот собра критичко признание, а режисерот стана легенда во Велика Британија во кругот на култни филмови. Касапски кучиња беше филм за грабеж, придвижен од многу дијалог. Овој филм ќе го постави тонот на неговите понатамошни дела. Тарантино го напишал сценариото за три и пол недели и Бендер го препратил до режисерот Монте Хелман. Хелман му помогнал на Тарантино да го обезбеди буџетот за филмот од Ричард Фледстин од „Live Entartainment“ (која подоцна стана „Artisan“). Харви Кител го прочитал сценариото и исто така помогнал во обезбедувањеро на фондовите, а зел и една од главните улоги во филмот.

повеќе...

2008.јуни

mini
mini

Стивен Алан Спилберг (англиски: Steven Allan Spielberg) (роден 18 декември, 1946) е американски режисер, продуцент и сценарист. Спилберг е трикратен добитник на наградата Оскар и е најпрофитниот филмски работник на сите времиња. Неговите филмови заработиле близу 8 билиони долари интернационално. Од 2006, списанието Премиер го смета како најмоќната и највлијателната фигура во филмската индустрија. Тајм го вбројува како еден од 100-те најважни луѓе на векот. На крајот од дваесетиот век, магазинот Лајф го именува како највлијателната личност на неговата генерација.

Во кариера што се простира скоро четири децении, Спилберговите филмови допреле многу теми и жанрови. За време на 70-те, 80-те и 90-те, три од неговите филмови, Ајкула, Е.Т. и Паркот Јура станаа најзаработувачки филмови на нивните времиња. За време на неговите режисерски почетоци, неговите научно-фантастични и авантуристички филмови често беа гледани како архитипот на модерната холивудска блокбастер кинематографија. Во последни години, неговите филмови почнаа да адресираат до историски теми, како што се Холокаустот, ропството, војната и тероризмот.

Филмовите на Спилберг често имаат слични теми. Поголемиот дел од филмовите имаат како тематика стапување во контакт со вонземјани или ликови кои се наоѓаат во несекојдневни ситуации. Ова е посебно очигледно во филмовите Индијана Џонс. Во едно интервју од август 2000, Спилберг ја коментираше својата заинтересираност за вонземјани и како тоа влијаело врз неговите филмови. Во многу прилики, тој ја покажува својата фасцинација со вселената, како на пример во Ајкула има сцени со ѕвезди во позадина. Спилберг се опишал како вонземјанин за време на своето детство, а интересот произлегол од неговиот татко, обожавател на научна фантастика и неговото мислење дека вонземјаните не би патувале толку долго за да освојуваат, туку од љубопитство, за да споделат знаење.

повеќе...

2008.мај

Одри Хепберн (англиски: Audrey Hepburn) (4 мај 192920 јануари 1993) е англиска глумица со белгиско потекло, добитничка на Oскар, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка.

Израсната во Арнем, Холандија за време на нацистичката окупација врз оваа земја во текот на Втора светска војна, напорно тренира балет пред сосема да се посвети на глумата. Најпрво е забележана како Жижи во истоимената театарска претстава на Бродвеј од 1951 година. Филмско деби има како Принцезата Ен во Празник во Рим од 1953 година, улога за која го добива својот единствен Оскар. Таа е една од најпознатите глумици во Холивуд во текот на 1950-тите и 1960-тите, период во кој уште четири пати е номинирана за Оскар. Меѓу номинациите особено се истакнува нејзината антологиска изведба на Холи Голајтли (Holly Golightly) во Појадок кај Тифани (1961). Во 1964 година, Хепберн ја игра Елајза Дулитл (Eliza Doolittle) во Мојата убава дама, адаптација на Шоовата драма Пигмалион.

Од 1988 до нејзината смрт во 1993 година, Одри Хепберн е Амбасадор на Добрата Волја при УНИЦЕФ и е наградена со Претседателскиот Медал на Слободата (највисокото признание што може да го добие еден граѓанин на САД) во чест на нејзината хуманитарна работа. Во 1999 година, прогласена е за третата најголема глумица на сите времиња според Американскиот филмски институт во нивната листа АФИ 100 години... 100 ѕвезди.

повеќе...


Архива на избрани биографии
2008
Одри Хепберн · Стивен Спилберг · Квентин Тарантино · Јуриј Борисович Норштејн · Марлон Брандо · Хилари Даф · Пол Њуман · Педро Алмодовар