Портал:Филм/Избрана биографија/2008/ноември

Пол Леонард Њуман е роден на 26 јануари 1925. Тој е успешен глумец кој во својата кариера ги има освоено речиси сите можни филмски награди како што се: Златниот глобус, Еми наградата,Канската награда, награди од Американската акдемија за глума итн. Роден е во Шакер Хајтс. Неговиот татко Артур С. Њуман, кој потекнувал од германско-еврејско семејство имал продавница за спортски работи и бизнисот добро му одел. Неговата мајка Тереза е родена во словенско-католичко семејство во Птичие, која ја примила христијанската религија кога Пол имал 5 години. Таа помагала во продавницата на сопругот, додека ги чувала Пол и неговиот брат Артур, кој подоцна станал продуцент и менаџер за продукција.

Младиот Пол бил паметен и добар во спорот. Исто така уште од мали години покажувал интерес за театарот, нешто за што бил целосно охрабруван и подржуван од мајка му. Своето глумечко деби го направил на седумгодишна возраст глумејќи дворски забавувач во училишната претстава “Робин Худ“. Матурирал во средното училиште во родното место Шакер Хајтс во 1943. Потоа се запишал на универзитетот Охајо во Охајо каде се приклучил кон братството Фи Капа Тау. Во Втората Светска Војна служел во воената морнарица на Тихиот Океан. Потоа сакал да премине од авијацијата во некоја друга единица каде што ќе може да пука со пиштол за што имал голема желба бидејќи не успеал да се квалификува за пилот поради проблеми со очите. По војната ја комплетирал својата диплома на Кенион Колеџот, а подоцна студирал и глума на Јеал Универзитетот под водство на професорот Ли Страсберг во глумечко студио во Њујорк. Многупати додека студирал глума размислувал да го напушти Њујорк и да замине во Холивуд, каде што бил цел глумечки свет и ќе може полесно да добива улоги, но сепак решил да остане и да ги доврши студиите.

повеќе...