Ајкула (филм)
Ајкула (англиски: Jaws, буквално: Челусти) — американски трилер во режија на Стивен Спилберг, кој е адаптација на истоимениот роман од Питер Бенчли. Во приказната, гигантска човекојадска ајкула ги напаѓа туристите на островот Амити, измислен туристички град во Нова Англија, што го тера началникот на месната полиција да ја фати со помош на морски биолог и професионален ловец на ајкули. Во филмот играат: Рој Шајдер како началникот на полицијата Мартин Броди; Роберт Шо како ловецот на ајкули Квинт; Ричард Драјфус како морскиот биолог Мет Хупер; Мареј Хамилтон како Лери Вон, градоначалникот на островот Амити; и Лорејн Гери како Елен, сопругата на Броди. За сценариото на филмот се заслужни и Бенчли, кој ги напишал првите нацрти на сценариото, и глумецот и писател Карл Готлиб, кој го преработил сценариото за време на снимањето.[3]
„Ајкула“ | |
---|---|
Плакатот на македонски | |
Режисер | Стивен Спилберг |
Продуцент |
|
Главни улоги | |
Музика | Џон Вилијамс |
Кинематографија | Бил Батлер |
Монтажа | Верна Филдс |
Студио | |
Дистрибутер | Universal Pictures |
Премиера | 20 јуни 1975 г. |
Времетраење | 124 минути[2] |
Земја | САД |
Јазик |
|
Буџет | 9 милиони долари |
Бруто заработка | 476,5 милиони долари |
Содржина
уредиКога човекојадска ајкула предизвикува неред во заедница на плажа на островот Амити, местен началник, морски биолог и стар морепловец се здружуваат за лов по ѕверот.
Улоги
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Рој Шајдер | Мартин Броди |
Роберт Шо | Квинт |
Ричард Драјфус | Мет Хупер |
Лорејн Гери | Елен Броди |
Мареј Хамилтон | Лери Вон |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Jaws (1975)“. AFI Catalog of Feature Films. Архивирано од изворникот March 26, 2019. Посетено на August 12, 2018.
- ↑ „JAWS (A)“. British Board of Film Classification. June 12, 1975. Архивирано од изворникот January 30, 2016. Посетено на June 22, 2021.
- ↑ A Look Inside Jaws. Universal Home Video.
Надворешни врски
уреди„Ајкула (филм)“ на Ризницата ? |
- Jaws на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Jaws на Box Office Mojo