Портал:Филм/Избрана биографија/2008/декември
Педро Алмодовар Кабаљеро (шпански: Pedro Almodóvar Caballero) (роден 24 септември 1949 во Калсада де Калатрава, Шпанија) е шпански филмски режисер, сценарист и продуцент. Алмодовар е аргументирано најуспешен и интернационално најпознат шпански филмски режисер од неговата генерација. Неговите филмови, одбележани со комплексни нарации, содржат мелодрама и користат елементи од поп култура, популарни песни, хумор, силни бои и интересни декорации. Желба, страст, семејство и идентитет се едни од најупотребуваните теми на Алмодовар. Неговите филмови се светски познати, а тој стана една од најголемите личности во филмскиот свет.
Својот прв важен филм, Алмодовар го направи во 1980 - Пепи, Луси, Бом и другите девојки од маалото (1980) (Pepi, Luci, Bom y otras chicas del montón) со многу мал буџет и тим на волонтери со кои снимаше преку викенди. Филмот беше заснован на неговата фото-новела Главни ерекции, која претходно била објавена во магазинот Ел Вибора (Змијата). Овој филм содржи серија споени настани наместо еден цел заплет. Ги следи авантурите на трите личности именувани во насловот: Пепи, која сака да се одмазди на корумпираниот полицаец кој ја силувал, Луси, мазохистичка домаќинка и Бом, панк рок пејачка, лезбејка. Централната тема на филмот, пријателство и женска солидарност, се појавуваат и во другите филмови на Алмодовар.
Филмот го затекнаа финансиски и технички проблеми. Сепак, Алмодовар има убаво сеќавање од неговиот прв филм: „Пепи, Луси, Бом... е филм полн со дефекти. Кога некој филм има само еден или два дефекта, се смета за несовршен филм, но кога постојани има технички пропусти, тоа се нарекува стил. Тоа го кажав шегувајќи се кога го промовирав филмот, но верувам дека тоа беше блиску до вистината.“