Индијана Џонс
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Доктор Хенри Волтон Индијана Џонс , Помладиот — измислен американски авантурист, таен агент ,професор по археологија и главен лик во серијата играни филмови Индијана Џонс . Овој лик е создаден од страна на Џорџ Лукас и Стивен Спилберг со цел да им се оддаде почит на хероите од акционите филмови од 1930 година . Ликот на Индијана Џонс за првпат се појавува во 1981 година во филмот Индијана Џонс : Крадците на изгубениот ковчег , потоа во 1984 година ликот се појавува во филмот Индијана Џонс и храмот на пропаста , во филмот Индијана Џонс: Последниот поход од 1989 година , во филмот Хрониките на младиот Индијана Џонс од 1992 и 1996 година и во филмот Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп од 2008 година. Заедно со претходноспоментаите филмови ликот на Индијана Џонс се среќава во добро познатите ширум светот емисии , романи , стрипови , видео игри и други медиуми. Голем број на паркови се изградени според мотивите кои се среќаваат во авантурите на Индијана Џонс како што се : Паркот на Авантурите на Индијана Џонс , а исто така слични форми на овој парк се среќаваат во Дизниленд и Дизниси во Токио.
Ликот на Џонс најчесто игран од глумецот Харисон Форд е опишан и во филмот Реката Феникс (Џонс во млади години во Последниот поход)и во телевизиската серија Хрониките на Младиот Индијана Џонс од Кори Кариер , Шон Патрик Фленари и Џорџ Хал. Даг Ли го позајмува својот глас на Џонс во две видео игри на Лукасарт , Индијана Џонс и судбината на Атлантида и Индијана Џонс и пеколната машина , додека Дејвид Еш го позајмува својот глас во играта Индијана Џонс и гробницата на императорот .
Особено значајни составни делови на овој лик се : исконскиот изглед ( камшик, каубојска капа и кожнена јакна ), смислата за хумор, одлично познавање на многу древни цивилизации, јазици и страв од змии.
Индијана Џонс е еден од најпознатите кино филмски ликови. Во 2003 година од страна на Американскиот филмски институт тој беше рангиран како втор најголем филмски херој на сите времиња. Тој исто така е прогласен за шести по ред најголем филмски лик од страна на списанието Емпајар Ентертејмант викли го пласираше Инди на второто место на нивната листа за Најкул херои на сите времиња во поп културата .Исто така списанието Премиер го смести Инди на седмото место на нивниот список на 100 најдобри филмски ликови на сите времиња . Уште од неговото прво појавување во филмот Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег ликот на Инди стана најголема филмска ѕвезда ширум светот. На списокот на Фандоманија.ком (Fandomania.com) за 100 најдобри измислени ликови Инди Беше рангиран на 10 место . На списокот на Магазинот Тајм за најголемите измислени ликови на сите времиња во 2010 година ликот на Индијана Џонс го зазеде второто место додека пак првото место му припадна на добро познатиот измислен лик Шерлок Холмс .
Настапи
Ликот на Индијана Џонс, одглумен од страна на глумецот Харисон Форд за првпат се појавува во филмската индустија во 1981 година во филмот Индијана Џонс : Крадците на изгубениот ковчег чиешто дејствие се случува во 1936 година . Тој е опишан како авантурист , следбеник на ловците на богатство и акционите херои од сериските филмови од 1930 година ,со шестопати променливото его на Доктор Џоунс , почитуван професор по археологија на измислениот колеџ Маршал во Конектикат (именуван според името на Френк Маршал ). Во оваа прва авантура тој им се спротивставува на Нацистите , патувајќи околу светот со цел да го спречи враќањето на Ковчегот на заветот (види ,библиска археологија). Во целата таа авантура на тој е потпомогнат од старана на љубовта на неговиот живот Мерион Рејвенвуд и и блискиот негов пријател Салах. Нацистите се предводени од страна на големиот непријател на Инди ,нацистичкиот симпатизер ,францускиот археолог Рене Белог и злобниот гестапо агент Арнолд Тот . Филмот од 1984 година , Индијана Џонс и храмот на пропаста, чие дејствие целосно се одвива во Индија во 1934 година претставуваше хорор ориентална приказна во која главниот лик ,Инди ја прескокнува својата законска работа како професор и тргнува да ги бара камењата на богињата Шанкара. Овој пат , Џонс се обидува да ги спаси децата кои се затворени во рудниците кои ги бараат светите камења на Шанкара како и да спречи тие да паднат во рацете на крволочните владетели. Во оваа негова авантура му помагаат Шорт раунд и преубавата пејачка Вили Скот (Кејт Кепсшау). Третиот филм Индијана Џонс :Последниот поход од 1989 година со дејствие во 1938 година за разлика од претходно споменатиот филм овој повеќе наликувана оригиналот , повторно се воведуваат ликовите како Салах и Маркус Броди , повторно е претставена сцена од училница каде што предава Џонс (сега на колеџот Барнет), повеќе локации низ светот како и враќањето на озлогласените нацисти .Во овој филм е опишана авантурата на Индијана Џонс во која тој се обидува да го пронајде Светиот грал . Дејствието на почетокот на филмот се случува во 1912 година , и во него се опишани некои одлики за самиот лик како на пример : потеклото на неговиот страв од змии , неговата употреба на камшикот , лузната на неговата брада и неговата шапка ; во овој филм исто така ни открива дека Индијана не е правилното име на Џонс тука само прекар кој тој го презел од своето куче. Филмот претставува пријателски филм во кој Џонс се обидува да се здружи со својот татко најчесто со комични ефекти . Иако Лукас имаше намера да ги заврши сите 5 филма во тоа време сепак потребно му беше повеќе од 18 години бидејќи Лукас не можеше да смисли добар заплет за да ги заврши своите дела. Во 2008 година излезе најновиот дел од серијата Индијана Џонс :Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп . Дејството се одвива во 1957 година, 19 години подоцна по снимањето на третиот филм , во него е опишан постариот и помудар Индијана Џонс кој се бори против советски агенти кои се обидуваат да ја искористат моќта на кристалниот череп , пронајден во Јужна Америка од страна на неговиот поранешен колега Харолд Оксли (Џон Хрт). Во неговата авантура му помагаат неговата стара љубовница Марион Рејвенвуд (Карен Ален) и нејзиниот син Мат Вилијамс (Шиа Лабеф) ,за кој подоцна открива дека тој е неговиот син Хенри Џонс третиот. Постоеја гласини дека Хенри Џонс Третиот ќе биде главниот лик во продолжението на серијалот Индијана Џонс. Во овој филм исто така се открива дека Џонс бил регрутиран од страна на Канцеларијата за стратешки служби( а претходник на одделот на ЦИА) за време на Втората светска војна со што се здобива со титулата полковник при извршувањето тајните операции во Советскиот Сојуз истовремено соработувајќи со тајниот агент на МИ6 Џорџ Мек-Хејл . Според ИМДБ петтиот филм од серијалот Индијана Џонс е во подготовка и се очекува да биде завршен во 2012 година.
Телевизија
Од 1992 до 1996 година , Џорџ Лукас успешно ја продуцираше ТВ серијата , Хрониките на младиот Индијана Џонс , која беше создадена како образовна програма за деца, која го насочуваше своето вниманието на историските личности и поважни историски настани истовремено употребувајќи ја истата идеја од претходните филмови внесувајќи авантуристички дух во серијата. Во шоуто е прикажан 93 годишниот Џонс (Џорџ Хал)со пиратска маска преку едното око кој имаше задача да не воведе во приказната, додека пака во авантурата е прикажан 17-годишниот Џонс (Шон Патрик Фланери) или пак 10 –годишниот Џонс (кори Кериер), па дури и Инди како бебе (Нил Булејн). Историски личности вклучени во ова шоу се : Мустафа Кемал Ататурк , Лав Толстој , Панчо Виља ,Шар де Гол ,Елиот Нес , Ернест Хемингвеј , Патрик Пиарс , Владимир Илич Ленин , Т.С. Лоренс , Винстон Черчил , Херман Геринг , Теодор Рузвелт , Манфред фон Ричтофен и Џон Форд , ова шоу е снимено на различни локации како Египет , Австроунгарија , Индија , Кина како и Европа . Во една епизода од серијата , Младиот Индијана Џонси Тајната на блузот повторно на сцената стапува Харисон Форд одигрувајќи ја улогата на Инди . Индијана го губие едното око некаде во 1957 година. Оваа серија доста се навраќа на претходните филмови но сепак преку неа се дознаваат и некои нови информации во врска со самиот лик . Тој е роден на 1 јули 1899 годинна ,а неговото средно име е Лукас ( средното име на Лукас ) .Во серијта е споменато дека тој имал сестра по име Сузи која починала како новороденче од треска и дека тој конечно има ќерка и внуци кои се појавуваат во некоја од епизодите. Односот со неговиот татко за првпат е воведен во филмот Индијана Џонс: Последниот поход и со текот на времето бе воведени и приказните за неговите патувања со својот татко како младо момче .Голем дел од серијалот е заснован врз неговите активности за време на Првата светска војна. Во 1999 година ,Лукас ги отстрани воведите и епилозите во епизодите од Џорџ Хал за ВХС И ДВД изданијата и ги подреди епизодите по хронолошки ред. Во филмот Индијана Џонс и кралството на кристалниот черп од 2008 година , Џонс ги изоставува деловите каде што тој се запознава со Панчо Виља; ова е намерно направено со цел да се покаже дека оваа ТВ серија навистина е дел од истата приказна која се раскажува и во филмовите.
Видео игри
Ликот на Индијана Џонс се појавува во неколку официјално лиценцирани видео игри ,појавувајќи се во видеоигрите во кои се обработени теми од филмовите Индијана Џонс :Крадците на изгубениот ковчег и Храмот на Пропаста , потоа во двете видео игри направени врз основа на филмот Последниот поход (едната игра е чиста механичка акција додека другата игра претставува авантура во која играчот ги открива скриените загатки) како и видео играта Индијана Џонс и неговата најголема авантура во која се вклучени фрагменти од сите три оригинални филма. Набргу по создавањето на овие игри ликот на Индијана Џонс се искористува и во голем број на други многу познати игри кои се засновани врз оригиналната приказна за Индијана Џонс : Индијана Џонс и изгубеното кралство , Индијана Џонс и судбината на Атлантида , Индијана Џонс и пеколната машина , Индијана Џонс и гронбицата на императорот , Индијана Џонс и Стаф оф кингс .Во играта Гробницата на императорот Индијана е придржуван од страна на Џонс Ву Хан кои имаат за задача да ја пронајдад пепелта на Нурџахи кој е виден на почетокот од филмот Храмот на пропаста . Првите две игри се развиени од страна на Хал Барвуд и ѕвездата Даг Ли го позајмува својот глас глумејќи го ликот на Индијана; во гробницата на императорот глумецот Дејвид Еш го позајмува својот глас додека во Стаф оф кингс гласот го позајмува Џон Амстронг. Исто така покрај претходон спомеативе постои и една мала игра создадена од страна на Лукасарт, Индијана Џонс и неговите авантури на работниот простор . Оваа видео игра е направена според серијата Хрониките на маладиот Индијана Џонс . Две Индијана Џонс игри на Лего групацијата беа пуштени во употреба .Во 2008 година создадена е играта Индијана Џонс :Оригиналната Авантура која во себе содржи делови од првите три филма .Потоа кон крајот на 2009 година создадена е новата игра: Авантурата продолжува .Продолжението во себе содржи скратена реприза на првите три филмови но најмногу се фокусира на содржината на филмот Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп. Индијана Џонс исто така се појавува како клучен лик и во игрите Платеници: Игралиште на уништувањето и Војна на ѕвездите:Целосната сага .
Паркови изградени според мотивите на авантурите на Индијана Џонс
Индијана Џонс се среќава во неколку паркови на Волт Дизни. Авантуристичките атракции на Индијана Џонс во Дизниленд (Храмот на забранетото око ) и Дизниси во Токио (Храмот на кристалниот череп.Во секој од овие два храма постои гневно божество кое им се заканува на гостите кои го посетуваат .Гостите се кои ги посетуваат овие две атракции се превезуваат со помош на транспортните возила кои се користеле за време на Вторта светска војна. Атракциите , некои од најскапите од овој вид во тоа време се отворени во 1995 и 2001 година , како главни виновници за создавањето на овие паркови е компанијата Волт Дизни Имаџинеринг. Дизни не го лиценцираше портретот на Харисон Форд за Северноамериканската верзија ,сепак постојат различни аудио-анимациски ликови на Индијана Џонс кои се појавуваат во три точки во двете атракции. Како и да е , верзијата на Индијана Џонс која се појавува во Дизниси го користи портретот на Хрисон Форд, но тој зборува на Јапонски јазик .Во 2010 година некои од аудио-анимациските ликови на Инди беа заменети и во моментот наликуваат на Форд. Во одморалиштето Дизниленд во Париз исто така постојат авантуристичките атракции на Индијана Џонс , лудо возење низ застарените тврдини во старите вагони слични на оние кои се користат во филмот Индијана Џонс и Храмот на пропаста. Атракцијата Индијана Џонс и Храмот на ризикот претставува тобоган со повеќе колосеци дизајниран од страна на Волт Дизни Имаџинеринг. Тој е конструиран од страна на компанијата Итамин аг а беше пуштен во употреба 1993 година. Импресивното спектакуларно акробатско шоу на Индијана Џонс е емисија која е презентирана во Студијата на Дизни во Холивуд и се прикажува во живо во паркот на Светското одморалиште на Волт Дизни со неколку измени направени од отворањето на паркот под друго име во 1989 година. Во 25 минутното шоу се прикажуваат разни акробации вклопени во котекстот на една филмска продукција а се регрутираат и членови од публиката да учествуваат во емисијата. Акробатите кои учествуваат во ова шоу ги преосмислуваат и делумно ги откриваат некои од тајните изведби од филмот Индијана Џонс :Крадците на Изгубениот Ковчег , меѓу кои и познатата изведба од сцената каде што Харисон Форд трча по будулжерот. Какадерот Анислав Варбанов беше сериозно повреден во август 2009 година за време на снимањето на емисијата. Исто така ликот на Индијана Џонс се појавува и во други атракции во Стидијата на дизни во Холивуд.
Одлики
Во ликот на Хенри Џонс Помладиот се испреплетуваат две личности , на едната страна се наоѓа угледниот и сериозен Хенри, секогаш облечен во твид костум професор по археологија , експерт за древни цивилизации ,додека пак на друга страна штом тој ќе почувствува дури и најмала шанса дека е можно да открие некои важни артефакти тој се претвора во Индијана , суперхеројот кој самиот тој го измислува. Продуцентот Френк Маршал вели : Инди е човек кој греши.Тој прави грешки и честопати е повредуван .Тоа е она што луќето го обожаваат : Тој е реален лик не е лик кој поседува виши сили . Спилберг вели дека тој и неговиот колега едногласно се согласиле дека нивниот главен лик треба да биде повредуван , да ја искажува својата болка , да полудее, понекогаш да падне на газ како и да ги поднесе шегите кои се правата на негова сметка. Јас лично мислам дека Индијана Џонс не е совршен херој и дека неговите мани можат да и помогната на публиката , со малку вежбање и малку повеќе храброст тие би можеле да станат токму како него. Според биографот на Спилберг ,Даглас Брод , Хенри го создава херојскиот лик на Индијана само поради една единствена цел , да избега од монотоноста на предавањата во училиштето. Двата лика на Индијана си противречат еден на друг од филозофска гледна точка создавајќи двојност . Харисон Форд вели дека особено задоволство му претсавувало да го игра ликот на Индијана токму поради тоа што тој од една страна е романтична душа а од друга страна голем циник , додека пак научниците го проанализираа Индијана како карактеристичен осамен волк , истражувач, благороден ловец на богатство, тврдокорен детектив, суперхерој и американски патриот. Многу од ликовите во филмовите на Спилберг имаат автобиогравски елементи.Истото се однесува и на Џонс. На Индијана му недостасува соодветна татковска фигура , поради неговите заладени односи со својот татко Хенри Постариот. Неговата лутина е насочена во погрешен правец кон неговиот ментор професорот Абнер Рајвенвуд што доведува до заладување на односите помеѓу него и Мерион Рајвенвуд. Во тинејџерските години Индијана го гради својот имиџ со помош на шапката која тој ја добива во Филмот Индијана Џонс и последниот поход. Маркус Броди , таткото кој Индијана Џонс никогаш го немаше претставуваше моделот на Индијана во годините кога тој беше на колеџ. Несигурноста во себе се влошило со осуството на неговата мајка. Во филмот Индијана Џонс и хармот на пропаста , овој лик станува таткото во привременото семејство составено од Вили Скот и Шортраунд. Индијана е спасен од злото на Кали токму поради посветеноста на Шортраунд. Индијана спасува многу деца кои се наоѓаат под ропство. Поради Заладените односи на Индијана со неговиот татко кој бил отсутен поголемиот дел од детството на Индијана барајќи го Светиот Грал , ликот доес нот пурсуе духовни делови на цивилизациите кои тој ги изучува. Индијана го искористува своето познавање за божицата Шива за да го порази Мола Рам . Во филмот Индијана Џонс и крадците на изгубениот ковчег тој ја покажува својата мудрост затворајќи ги своите очи во присуство на Бога во Ковчегот на заватетот .додека пак неговиот соперник Рене Белог доживува ужасна мрет бидејќи имаше смелост да се обиде да комуницира директно со бога. Во воведниотдел на филмот последниот поход, намерите на Индијана имаат просоцијален карактер , тој верува дека сите пронајдени артефакти му припаѓаат на музејот. Во климаксот на самиот филм Индијана буквално се подложува на тестови на верата за да го пронајде Светиот грал и да го спаси својот татко. Тој се навраќа на сеќавањето на Исус претставен како историска фиура –скромен дрводелец наместо возвишена фигура кога тој ја препознава едноставноста и изгубениот сјај на вистинскиот Грал помеѓу големиот број богато накитени гралови. Хенри Постариот го спасува својот син кога тој се обидува да го фати Гралот кој паѓа во бездна ,велејќи му дека тој не вреди толку колку неговиот живот во истовреме надминувајќи ја својата користољубива природа. Во Хрониките на малдиот Индијана Џонс е објаснето како Индијана станува осамен и помалку идиалистички настроен по борбите во Првата светска војна. Во Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп самиот Џонс е постар и помудар додека пак Мат и Мек се синоним на неговата алчност и арогантност од младоста.
Потекло и инспирација
Ликот на Индијана Џонс е моделиран според силните херои од матине сериите и стриповите во кои Џорџ Лукас и Стивен Спилберг уживаа во детството.Големиот сафари ловец Адам Котермен од приказната Рудниците на кралот Соломон од 1885 година претставува една од причините поради која настана овој овој лик.Двајцата пријатели за првпат дискутираа за овој проект во Хаваи во времето кога премиерно беше прикажан првиот филм од серијалот Војна на ѕвездите. Спилберг му кажал на Лукас дека сакал неговиот следен проект да биде нешто интересно ,можеби како филмовите за Џемс Бонд. Според некои извори ,Лукас му кажал на Спилберг дека тој има нешто подобро од тоа дека ја има добитната комбинација. Друга причина поради која настанал овој лик е ликот на професорот Чаленџер . Професорот Чаленџер е главниот лик во романот Изгубениот свет тој е создаден од страна на Сер Артур Конан Дојл во 1912 година. Дојл го изградил ликот на Чаленџер врз основа на својот стар професор по филозофија ,Сер Вилијам Радерфорд. Аванруристичкиот дух на професорот Челинџер кој воедно е и зоолог и антрополог е јасна и единствена инспирација за настанокот на Индијана Џонс. Ликот првично беше именуван како Индијана Смит (можеби во знак на Вестерн филмот Невада Смит од 1966 година), по алјаска малмуте на Лука во 1970 година (индијана) , но како и да е Спилберг го мразел името Смит по што Лукас како алтернатива го предложил името Џонс.
Гардероба и опрема
Индијана Џонс е дизајниран од страна на стрип уметникот Џим Стеранко. Џорџ Лукас ја предложил кожнената јакна ,карактеристична за бомбардерите во Првата светска војна (која го потсетуваше авторот на Лукас), федора(која го потсетуваше на Хемфри Богарт од Богатството на Сиера Мадре) и камшик (кој потсетува на стрип јунакот Зоро). Покрај ова Стеранко ги додава исто така Коланот на Сем Браун , колан со футрола и кошула и пантолони со каки(жолто- кафеава) боја. Костимографот Дебора Надолмен Лендис вели дека како инспирација за облеката на Индијана Џонс сепак е ликот на Хари Стел од Тајната на Инките од Чарлтон Хестон. Ние го гледавме овој филм заедно со екипата неколкупати ,а јас секогаш мислев дека е чудно зошто творците на филмот не мозад да признаат дека токму овој филм е изворот на инспирација за серијата.
На барање на Лукас и Спилберг, костимографот му даде карактеристичен изглед на ликот со самото избирање на шапката .По разгледувањето на голем број шапки од страна на дизајнерите ,тие ја избраа високо кринисаната со широк обод шапката федора. Филмот ЛОвците на скриеното богатство ни сведочи за тоа дека шапката си има своја одредена улога . По примерот на старите Б-филмови , иснпирацијата за снимањето на Индијана Џонс сериите , федората им овозможуваше на каскадерите да ги изведат опасните акробации беспрекорно бидејќи таа го сокриваше лицето на глумецот . Исто така потребно е таа да остане на главата поголемиот дел од времето. Шапката стана речиси незаменлив исконски дел така што режисерите можеа само со добра прична или шега да ја отстранат. Ако таа воопшто некогаш падне за време на снимањето ,тогаш снимањето се прекинува ,шапката повторно се става и снимањето продолжува. За време на снимањето на филмот Последниот поход глумецот Форд на шега им рече на снимателите на докуметарецот за неговиот филм дека тој ја захефтува шапката за својата глава само за да таа остане на вистинското место. Со ова се создаде урбана легенда дека Форд ја захевтува шапката на својата глава. Иако голем број на шапки беа користени за време на снимањето на филмовите ,сепак стилот и профилот останаа исти . Во гардеробата се вклучени: - За првите три филма федората беше дизајнирана од страна на Херберт Џонсон Хатерс во Англија. Федората беше направена според Аватралијански Модел од дизајнерот Дебра Надолмен Лендис .Федората која Инди ја носесе за време на снимањето на филмот Кристалниот череп беше направена од страна на Стив Делк и Марк Китер од компанијата Адвенчрбилт Хет. - Кожната јакна, хибрид на типот 440 и А2 јакната за филмовите Ловците на изгубената арка , Последниот поход војна беше направена од Концесионерите за кожа сега позната како компанијата Вејстед латер компани. За филмот Замокот на пропаста според јакната која ја користеа каскадерите во Ловците на ... беше направена во Лондон од страна на модната куќа Берманс енд Нејтанс.Тони Новак ја создаде јакната на Инди во филмот Кралството на Кристалниот череп. - Торбичката е еден вид на британската торбичка за гас маска Марк 7 ,која вообичаено се носи под јакната со исклучок во филмот Кралството на кристалниот череп каде што торбичката необјасливо се носеше над јакната. - Кмшикот е од 8 до 10 стапки (2,4 -3 метри), камшикот за првите три филма е направен од Дејвид Морган . Камшиците за филмот Кралството на кристалниот череп беа направени од различни дизајнери меѓу кои Тери Џака , Џо Стреин и Морган (различни должини и стилови на камшици беа уптребувани во различни акробации). - Пиштолот кој се користеше во филмовите најчесто беше Револвер од времето на Првата светска војна , вклучувајќи го револверот Вебли Грин во филмовите Последниот поход и Кралството на кристалниот череп или 2 модел на револверот со рачен исфрлувач 45 АЦП Смит и Весон во филмот КРАДЦИТЕ . Во храмот на пропаста беше искористен револверот М1917, во Хрониките на младиот Индијана Џонс е употребен Нагант М1895 и во ловците беше искористен 9 мм Бровинг хај Пауер . Оружјето се носи во воен модел на футрола за револвер. - Чевлите се направени од страна на компанијата Алден . Излитен стил кој му бил омилен на форд пред да започне снимањето на филмовите. Тие и ден денес сè уште се продаваат (иако во црвеникава (керемидеста ) нијансан на кафеава боја која е иста како и бојата на чевлите во филмовите) и се попознати под името Чевлите на Инди. Федората и кожната јакна кои се користат во Последниот поход се изложени во американскиот историски музеј Смитсонијан во Вашингтон. Собирањето на реквизити и облека од филмовите стана проспективно хоби за некои од познавачите на франшизата. Според спроведената анкета на филмското студио 20 сентри фокс во 2008година за најпопуларно филмско оружје од вкупно две илјади филмски обожаватели Камчикот на Џонс се најде на третото место по бројот на гласови.
Распоредување на улогите
Првобитно , Спилберг го предложил глумецот Харисон Форд да го глуми ликот на Индијана Џонс ,сепак Лукас се спротивстави на оваа идеја токму поради тоа што Форд беше протагонистот во неговите три филма : Американски графити , Војна на ѕвездите и Империјата возвраќа и тој не сакаше Форд да стане познат под името Боби де Ниро (во однос на фактот дека режисерот Мартин Скорсезе редовно му ја давал главната улога на познатиот глумец Роберт де Ниро во своите филмови ). За време на опсежниот избор по долготрајната аудиција на безброј глумци режисерите Лукас и Спилберг му ја доделуваат главната улога на тогаш малку познатиот глумец Том Селек . Кусо време по аудицијата пред продукцијата сериозно почна со подготовките за снимањето на филмот Индијана Џонс : Крадците на изгубениот ковчег. Сепак , КБС одби да го ослободи Селек од неговите обврски спрема улогата на полицискиот инспектор Аврам Магнум(кој постепено го достигнуваше највисокиот рејтинсшки моментум ) со што тој беше принуден да се откаже од улогата на Индијана Џонс. Потоа Спилберг повторно го предложи Харисон Форд за што Лукас конечно се согласи и Форд ја презеде улогата на Индијана Џонс помалку од 3 недели пред да започне снимањето на Индијана Џонс :Крадците на скриениот ковчег . Една причина за загриженоста на КБС беше таа дека снимањето на полицискиот инспектор Магнум му противречи на снимањето на рајдерс бидејќи и двата филма требаше да започнат со снимањето во исто време. Сепак Селек подоцна во едно интревју дека снимањето на Магнум беше одложено и всушност не започна во исто време како и снимањето на Индијана Џонс и крадците на скриениот ковчег. Селек можеше да го заврши своето учество во Индијана Џонс и ќе имаше доволно време да се врати на снимањето на Магнум. Модели За многу луѓе се вели дека се вистинска инспирација за создавање на лиот на Индијана Џонс меѓутоа за ниеден од нив не е потврдено дека ппослужиле како инспирација на режисерите Спилберг и Лукас. Еве некои примери наредени по азбучен ред според презимето. - Рој Чепман Ендрус професор и палеонтолог на колеџот Бејлот - Италијанскиот археолог и циркуски водач Џовани Батиста Белзони (1778-1823 година). - Хирам Бингам 3 ,професор на универзитетот Јејл , историчар и истражувач .Тој исто така го открива и ископините од Изгубениот град на Инките ,Мачу Пикчу и неговите белешки се најдоа во најпродаваната книга во 1948 година ,Изгубениот град на Инките. - Роберт Брајдвуд ,професор по археологија на Универзитетот во Чикаго. - Џејмс Хенри , археолог и соработник во Универзитетот во Чикаго. - Британскиот археолог Перси Фосет ,кој помина голем дел од својот живот проучувајќи ги џунглите на северен Бразил .Тој за последен пат беше виден во 1925 година враќајќи се на базенот на Амазон за да го најде изгубениот град на З. Измислената верзија на Фосет соодветствува на онаа на Џонс во книгата Индијана Џонс и седумте превези. - Британскиот археолог и војник Т.Е. Лоренс. - Американскиот антрополог ,професор и авантурист Вилијам Монтгомери Мекговерн. - Фридрих Алберт Мичел Хеџис. - Германскиот археолог Ото Ран . Во неколку различни прилики режисерот Џорџ Лукас вели дека портретот на британскиот таен агент Џемс Бонд на Шон Конери е една од основните инспирации за создавањето на ликот на Индијана Џонс и причина поради која Конери беше избран да ја глуми улогата на таткото на Индијана Џонс во третиот филм ,Индијана Џонс и последниот поход.
Влијание
Иако некои археолози ги критикуваат методите на Инди во кои тој повеќе наликува на пљачкосувач а помалку на внимателен истражувач на скапоцени нешта ,многумина ја прифатија оваа популарна личност како знаменосец на нивната професија –археолог. Индустриското списание Археологија според кое како што еден уредник вели Џонс беше ужасен археолог , но голем дипломат за археологија наименува 8 археолози во минатото и неколку сегашни археолози кои се чувствуваат како олицетворение на духот на Џонс како приматели на наградите кои се доделуваат во Духот на иандијана Џонс во 2008 година.Истата година самиот Форд е избран за челен на Одборот на директори во Археолошкиот институт на Америка. Коментирајќи дека разборањето на минатото може само да ни помогне во справувањето на сегашноста и иднината.Форд беше пофален од страна на претседателот на здружението за важноста на неговиот лик во стимулирањето на јавните интереси во археолошките истражувања. Ликот на индијана Џонс непосредно влијаел за создавањето на некои ликовикако на пример: - Улогата на женскиот археолог од франшизата Томб Рајдер ,Лара Крофт ,првично беше наменета за машко но подоцна е промената делумно заради тоа што оригиналниот дизајн бил премногу сличен со оној на Индијана Џонс. Парамонт Пикчерс кои го лансираа филмот за Индијана Џонс ќе го искористат мотивот од игрите Томб Рајдер за снимањето на следните два филма. - Продуцентот на филмот Принцот од персија Бен Мејтс објаснува дека нивната инспирација била да се направи нешто што досега харисон Форд не успеал да го направи:Индијана Џонс ,Хан Соло. - Видео игрите УНчартед исто така има големо влијание од Индијана Џонс ,како и големо влијание од пул магазините и филмските серии според кои е создаден Ликот на самиот Индијана Џонс .Според дизајнерите овие извори на инспирација делеа заенички мистериозни теми и што-ако сценарја кои преку романтична аватура сакаа да ги вклучат во самата игра. - Џек Вест помладиот ,лик кој се среќава во трите книги на Метју Рејли ( Седумте древни чуда , Шесте свети камења и Петте најголеми воини ) се под големо влијание на Индијана Џонс. Самиот Рајли е голем обожавател на режисерот Џорџ Лукас. - Филмскиот серијал Портите на Националното богатство на Бен Франклин. - Во играта Светот на њорлдцрафт постои НПЦ наречен Харисон Џонс , сплет на Индијана Џонс и Харисон Форд .Според оваа игра овој лик е способен да ги пронајде древните бпгатства од целиот свет. Покрај тоа во областа Улдум во оваа игра постојат Безброј гости кои можат да играат заедно со Харисон Џонс како главен лик додека пак голем дел од мотивите се земени од Ловците на скриениот ковчег. - Телевизиското шоу Релик Хантер на Тија Карере. - Ликот на Роберт Лангдон од книгите на Ден Браун како : Ангели и демони ,Кодот на Да Винчи и Изгубениот симбол кои се адаптиранои за снимање на филмови .