Чероки

домороден народ во југоистокот на САД

Чероки (черокиски: a-ni-yv-wi-ya) — домороден народ од Северна Америка, кои до моментот на доаѓање во контакт со Европјаните во 16 век, живееле на територија на денешна источна и југоисточна САД. Повеќето од нив се со сила натерани да се иселат кон запад кон висорамнината Озарк во 1830-те години. Тие се едно од племињата кои се сметале за Пет цивилизирани племиња. Според американскиот попис од 2000 година, тие се најголемото од сите 563 сојузни домородни племиња во САД.[1]

Чероки
ᎠᏂᏴᏫᏯ
Sequoyah.jpg
Вкупен број на населението

320.000+

Региони со значително население
Јазици
англиски, черокиски
Религии
Христијанство (Баптизам и Методисти), ани-кутани и други помали христијански групи.
Поврзани етнички групи
Тискарора, Ирокези, Чероки, Чикасав, Чокто, Мускоги (Крик), и Семиноли.

Познати ЧерокиУреди

Постојат многумина познати Чероки во американската историја, вклучувајќи го кујунџијата Секвоја, кој го измислил черокиското слоговно писмо.

Џими Хендрикс, гитаристот и пејачот на групата „Џими Хендрикс Експериенс“, има черокиско потекло преку својата баба од страна на мајка му, Нора Роуз Мур.[2] Пијанистот и пејачот Тори Амос исто така има черокиско потекло,[3][4][5] Исто така и Вил Роџерс има черокиско потекло.[6] Американскиот конгресмен Лери МекДоналд од Џорџија, по потекло е Чероки од мајчина страна.

Многумина славни луѓе тврдат дека имаат черокиско потекло, иако не сите од нив можат да го докажат тоа. Меѓу нив се: глумците Кевин Костнер, Џони Деп, Лив Тајлер, Шенон Елизабет, Барт Рејнолдс, Чак Норис, Харизма Карпентер; музичарот Стив Тајлер (од Аеросмит); глумиците Меган Фокс, Кармен Електра и Кетрин Зета Џонс (и покрај фактот што е родена во Велика Британија); пејачот Елвис Присли; пејачките Рита Кулиџ, Тина Тарнер; кошаркарот Чероки Паркс; глумецот Роберт Редфорд и други. Пејачката и глумица Шер се гордеела со своето черокиско потекло од страна на мајка ѝ Џорџија Холт.

Надворешни врскиУреди

ОрганизацииУреди

Историски документи

Друго

НаводиУреди

  1. „The American Indian and Alaska Native Population: 2000“ (PDF). Census 2000 Brief. 2002-02-01. Посетено на 2007-03-10.
  2. Michael J. Fairchild, liner notes to Jimi Hendrix: Blues, MCAD-11060, 1994
  3. Broadway Books | Tori Amos: Piece by Piece by Tori Amos and Ann Powers
  4. Hardesty, Greg (25 април 2005). „Tori Amos still inspires devotion in her fans“. Orange County Register. Посетено на 2008-06-13.
  5. In Style magazine (US)
  6. Carter JH. „Father and Cherokee Tradition Molded Will Rogers“. Посетено на 2007-03-10.