Паркот Јура
Паркот Јура (англиски: Jurassic Park) е научно-фантастичен филм од 1993 година, во режија на Стивен Спилберг, заснован на истоимениот роман на Мајкл Криктон. Како главна тема на филмот е фиктивниот остров Исла Нублар, каде научниците создале забавен парк со клонирани диносауруси. Џон Хамонд (Ричард Атенборо) поканува група научници да го посетат паркот. Поради саботажа, диносаурусите ќе се ослободат, па техничарите и посетителите се обидуваат да избегаат од островот.
„Паркот Јура“ | |
---|---|
Режисер | Стивен Спилберг |
Продуцент | Кетлин Кенеди Џералд Р. Молен |
Сценарист | Сценарио Дејвид Коеп Малија Скоч Мармо Мајкл Криктон Роман: Мајкл Криктон |
Главни улоги | Сем Нил Лора Дерн Џеф Голдблум Ричард Атенборо Џозеф Мазело Аријана Ричардс Мартин Фереро Боб Пек Семјуел Л. Џексон Вејн Најт Б.Д. Вонг |
Музика | Џон Вилијамс |
Кинематографија | Дин Канди |
Монтажа | Мајкл Кан |
Дистрибутер | Universal Studios |
Премиера | 11 јуни, 1993 |
Времетраење | 127 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $95,000,000[1] |
Бруто заработка | $914,691,118 |
Следен | Изгубениот свет: Паркот Јура |
Паркот Јура доби многу позитивни критики, кои ги фалеа специјалните ефекти, но за другите аспекти велеа дека филмот е медиокритет. За време на премиерата, филмот заработи 914 милиони долари и со тоа стана најуспешниот филм за таа година, а моментално се наоѓа на десеттото место на најпосетувани филмови. Паркот Јура беше првиот филм во оваа франшиза, а по него беа направени Изгубениот свет: Паркот Јура во 1997 и Паркот Јура 3 во 2001.
Надворешни врски
уреди- Официјална страна Архивирано на 9 мај 2008 г. (англиски)
- Паркот Јура на Семрежната филмската база на податоци (англиски)
- Паркот Јура на Rotten Tomatoes. (англиски)
- Jurassic Park Legacy — Паркот Јура Енциклопедија (англиски)
- ↑ Joseph McBride (1997). Steven Spielberg. Faber and Faber, 416–9. ISBN 0-571-19177-0