Појадок кај Тифани

Појадок кај Тифани (англиски: Breakfast at Tiffany's) - американски филм од 1961 година, во режија на Блејк Едвардс, по сценариото на Џорџ Акселрод, засновано врз книгата на Труман Капоти. Главните улоги ги толкуваат Одри Хепберн, Џорџ Пепард, Мики Руни, Патриша Нил, Бади Ебсен и Мартин Балзам. Портретот на Холи Голајтли како наивен, но ексцентрична девојка се смета за најпознатата и најнезаборавната улога на Одри Хепберн, а и таа самата изјавила дека таа била најпредизвикувачката улога во нејзината кариера, бидејќи играла екстровертна личност, иако по природа била интровертна. Песната „Месечева река“ (Moon River) која во филмот ја пее Одри Хепберн, им ја донела наградата „Оскар“ на композиторот Хенри Мансини и на текстописецот Џони Мерсер, а филмот бил номиниран за „Оскар“ во шест категории.[2] Според Мансини и Едвардс, претставниците на студиото толку ја мразеле песната што барале веднаш да биде исфрлена од филмот, но Хепберн, која била присутна во мигот кога била донесена оваа одлука, извикнала: „преку моето мртво тело“. Филмот останал запаметен и скапата облека на Живенши што ја носи Хепберн,[2] како и по сликата на тенката Хепберн со носач на цигара во раката, несомнено една од иконските слики во американската филмска историја.

„Појадок кај Тифани“
Филмски постер од 1961
РежисерБлејк Едвардс
ПродуцентМартин Џуроу и Ричард Шепард
СценаристТруман Капоти (роман)
Џорџ Екслрод (сценарио)
Главни улогиОдри Хепберн
Џорџ Пепард
Патриша Ник
Бади Ебсен
Мики Руни
МузикаХенри Мансини
КинематографијаФранц Планер и Филип Х. Лаптроп
МонтажаХауард А. Смит
ДистрибутерParamount Pictures
Премиера5 октомври 1961
Времетраење114 минути[1]
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$2,500,000

Кратка содржина

уреди
 
Одри Хепберн и Џорџ Пепард во славната последна сцена од Појадок кај Тифани

Филмот ја обработува приказната за Холи Голајтли (ја игра Хепберн), млада девојка која живее хаотичен живот. Без стабилно детство, таа се венчала на четиринаесетгодишна возраст, а подоцна го поништила својот брак, се преселила во Холивуд со цел да започне филмска кариера, а оттаму се преселила во Њујорк. Таму, Холи води расипнички живот, исполнет со секојдневни забави. Истовремено, таа заработува пари како кол герла при што еднаш неделно посетува еден мафијашки шеф во затворот и несвесно ги пренесува неговите пораки. Еден ден, таа го запознава младиот писател Пол Варџак (го игра Пепард) кој живее во нејзината зграда. Тој одржува љубовна врска со богата, мажена жена која му плаќа за неговите услуги. Пол се вљубува во Холи, а во Њујорк пристигнува и нејзиниот поранешен сопруг, кој ја моли да му се врати. Иако Холи постојано се дружи со Пол, сепак таа сонува да се омажи за богат човек. Нејзиниот сон се остварува кога запознава убав и богат човек со кого планира да се омажи и да живее во Бразил. Меѓутоа, полицијата дознава за врската со мафијашкиот шеф и Холи е уапсена, а нејзиниот брак пропаѓа. Истовремено, таа добива писмо од поранешниот сопруг, кој ја известува за смртта на нејзиниот сакан брат Фред. Холи е разочарана, но на крајот од филмот таа одлучува да го прифати Пол.[2]

Улоги

уреди
 
Иконската слика

Почести

уреди
  • Во 1995 година, тексашката група Deep Blue Something го создава хитот „Breakfast at Tiffany's“. Песната е инспирирана од глумата на Хепберн во филмот Празник во Рим, но авторот, Тод Дејвис Пајпс, мислел дека најпознатиот филм на Одри би бил подобар наслов.
  • Во 605 епизода на Зајнфелд, наречена „Каучот“, Џорџ се приклучува на еден читачки клуб и треба да ја прочита книгата Појадок кај Тифани. Но Џорџ наместо да ја чита книгата се обидува да го изнајми филмот.
  • Втората епизода од третата сезона на Истрага на местото на злосторството: Њујорк, „Не е онака како што изгледа“, се работи за три жени кои, облечени како Холи Голајтли, ја ограбуваат продавницата Кај Тифани.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Breakfast at Tiffany's (PG)“. British Board of Film Classification. January 8, 2001. Посетено на December 26, 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 HRT (пристапено на 4.4.2018)